Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Значи да загубиш скоро 20 разлика и во кошарка е многу, а камоли во ракомет.
20 разлика губеа репки како Буркина Фасо, Сауди Арабија, Мароко и остала боранија..
Едни Фарски Острови ги испотија Французиве...
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.210
Поени од реакции
4.951
Абе не драпајте и вие сега, шо сакавте со оваа генерација, да не сакавте медал да ви донесат ?
Успехот си е успех, во топ8 да си во светот не е мала работа, е сега дали било на среќа или не небитно, некогаш во спортот потребно е и да те прати среќа !
Успех беше и самото поминување на група, до последните утакмици таму висевме на конец дали ќе поминиме или не, среќа беше шо фативме 2 место во групата по нерешеното на Тунис со Русија, па со второто место вкрстивме на домаќинот Алжир, каде реално јас мислев дека ќе изгубиме, пред се поради тоа што играме многу лошо против африканските селекции, видовме како поминавме со Тунис, мислев слично ќе не снајди и од Алжир па и плус дека домаќини, ама ги треснавме пред полна сала, за разлика од нив подобро играме против јужно американците, така да влез во 1/4 финале не полна капа, беше полн рудник со злато :D
Со Франција очекуван беше ганг-банг, можи ги турнаја и гаќите пред време, ама сепак се далеку пред нас и овој пораз од нив е можи и многу голем, а и со Шпанија во групата немам некои очекувања.....

За играчите покрај успехот да не испадни сега дека нив ги напаѓам или ги плукам, ама се чист просек на играчи и нема шанса некој во иднина да ги замени Кире Лазаров, Мојсо, Миркуловски како шо се очекува. Овие играчи од кои се очекува да ја превземат сениорската репзентација после пензионирањето на уште дел од сегашните играчи и да држат континуитет на Европски и Светски првенства е малку тешко.
Талевски незнам колку блока јаде денес 5,7,9, 12 ? Броеше некој.... Точно е дека шутраше од кај сакаше кога напрај двоцифрена предност Франција, ама онака бе да те лепат, а ти си суртук од 2 метри ? :eek:
Даде неколку интересни голчиња, особено и против Алжир каде ги реметеше од кај сакаше и ни беше најдобар играч во 1/8 финалето.
Ама играч се станва на големи утакмици бе ОРКА, треба да се покажиш против Франција, Шпанија и ред посериозни репрезентации, неможиш ти да ми глумиш мангуп против Ангола и Буркина Фасо да билдаш статистика дека си дал 10 гола....
За со Буркина Фасо и овде од форум да се собериме 5 души плус голман, ќе му играме без пикер :D ќе му стегниме 30 гола :pos:
Кузмановски исто, брато колку шо ПОТРОШИ ТОПКИ ВО НАПАД, па му намеше маж ! :pos: Точно е дека цел товар се очекуваше да биди на него и на Талевски, ама од друга страна нашата селекција беше од селекциите каде имавме различки најдобри стрелци на скоро сите мечеви, Орката можи се покажа поќе од Фитиљот, ама и двата губеа доста топки.
Единствено од играч од кој сум најзадоволен од селекцијата според прикажаното е пикерот Арсеновски :bravobe:
Голманите чорба, едни од послабите според % на одбранети топки....
 

No9

Член од
18 ноември 2013
Мислења
621
Поени од реакции
906
Ги читав последните коментари,а сите заборавате да спомневте дека многу малку имаа време за одмор од сите натпревари,едно по друго натпревар,гадно се физички лоши ....
Голема грешка си...
Тешки пари федерацијата вложи за припремите од младинциве
20+ дена имаа припреми со сите можни услови на највисоко ниво
 
Член од
9 декември 2012
Мислења
812
Поени од реакции
875
Голема грешка си...
Тешки пари федерацијата вложи за припремите од младинциве
20+ дена имаа припреми со сите можни услови на највисоко ниво
Четврт финале стигнаа .Значи припремите треба да продолжат и во иднина на највисоко ниво.Вака да влегуваат на секое младинско првенство би било добро.Тешко е да изиграш 2 натпревари за 24 саати поготово без замена.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Полека малку. Во својата независна историја на ракометни светска првенства покрај ова Македонија има настапувано цели 2 (два) пати. Во 2015 завршивме на 15-то место, а во 2007 на 10-то. Во сабота ќе разигруваме за 5-8 место. Не знам за вас али мене ова ми изгледа како напредок. Оставете ги настрана глупавите спортски портали кои ќе направат се за кликови и прегледи и гледајте ги објективно работите. Секој што прати ракомет знае колкави се нашите можности и како нашите ‚‚деца‘‘играат во споредба со репрезентации како Шпанија, Словенија, Хрватска, Германија итн. Реалната слика е таа, просечна европска репрезентација исто како што и сме на сениорско ниво. Или па мислите дека на сениорско ниво сме поквалитетни или еднакво квалитетни од тие репрезентации?

Во принцип сум најголем критичар кога станува збор за работата со младите играчи тука ама мора некои работи реално да се гледаат и да се оди чекор по чекор. Игравме на секој меч со една иста постава со исклучок на утакмицата против Буркина Фасо. Талески, Кузмановски и Велковски како бековска линија изиграа којзнае колкава вкупна минутажа. Играат напред-назад, и одбрана и напад со исклучок на неколку незначителни минути каде што влегуваше Танкоски како замена и Крстевски. Темпото да се издржи не е воопшто лесно. Па од мечот против Алжир синоќа, до мечот против Франција денеска немаа повеќе од 18 саати.

Не ми е воопшто поентата да ги бранам, имаме ОГРОМНИ недостатоци во секој поглед. Точно е дека немаме класа играч, дека Талески и Кузмановски трошат топки, дека Велковски прави еден куп грешки, дека Даниловски и Томовски бркаа муви итн. Само добивам чуство дека повеќето од луѓето како да очекуваа нереални резултати од оваа генерација.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Абе не драпајте и вие сега, шо сакавте со оваа генерација, да не сакавте медал да ви донесат ?
Успехот си е успех, во топ8 да си во светот не е мала работа, е сега дали било на среќа или не небитно, некогаш во спортот потребно е и да те прати среќа !
.
Тоа да , не го успорувам успехот , немој погрешно да си ме разбрал.
Само ги критикувам медиумите што одма почнаа со изјави од типот ЛАВОВИ,ЅВЕРОВИ,АНАКОНДИ,ПОТОМЦИ НА АЛЕКС ВЕЛИКИ..
А ние жалните одвај Бразил и Алжир ги тепавме...
А според мене да загубиш скоро 20 разлика од Франција е тотална лудост, не треба да потсетувам кои репрезентации губат по толку разлика нели? :)
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Физички имаа снага околу 40-45 минути да се држат со атлетски доминантните Французи и тоа е тоа. До 40-45 минути игравме колку толку коректно 3-5 разлика беше. Реално настрадавме што Франција играше прва вчера, а ние последни. Ама тоа ти е домаќинот секогаш игра во вечерниот термин. Мислам дека крајната разлика и не е некој реален одраз, Темелковски правилно ја извади цела постава и ги играше тие од 98 генерација во последните 10 минути кога ја дожвеаме катастрофата. Од 19-15 на 33-17 на крај замина резултатот.

За целосно сумирање на играта и играчите да почекаме да заврши турнирот....
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.900
Поени од реакции
84.291
Утре играме против Русија во 13:30
Во другиот меч за пласман играат Тунис-Унгарија.

Очекувам да изгубиме против Русиве (2.3 им дале квота :cautious: ) aма еве супер шанса да докажат дека можат со некои ок екипи да се носат, ако успеат Русија пак да ја победат ќе докажат дека сепак има простор за оптимизам.

....ма да, ние ги тепавме таму кај што требаше, не е проблем и осми да бидеме што се однесува до мене, ама се надевам ќе играат како да е битна утакмица, пошто никаков став немаат играчиве некако
 
Член од
14 мај 2013
Мислења
1.240
Поени од реакции
507
Одлично светско браво момци.Имаме играчи Томовски,Талески,Кузмановски,Велкоски,Нелоски,Лазаревски,Шилегов.Тоа се играчите шо играа и се докажаа другото е катастрофа.Незнам зошто не ги зема Поповски,Ѓорѓески и Ончев,кеј еве се дел од првиот тим на Вардар.
 
B

bacbum

Гостин
Одлично светско браво момци.Имаме играчи Томовски,Талески,Кузмановски,Велкоски,Нелоски,Лазаревски,Шилегов.Тоа се играчите шо играа и се докажаа другото е катастрофа.Незнам зошто не ги зема Поповски,Ѓорѓески и Ончев,кеј еве се дел од првиот тим на Вардар.
Sto tropas gluposti,od tie trojca od Vardar samo eden zadovoluva so godiste U21 na drugite dvajca im zaminal vozot odamna!!!:tapp:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.690

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Не сум изгледал ниеден меч од овие, ама 5то/6то место на едно СП е топ успех во секој случај. И така општо во ракомет најголем успех ни е 5то место на ЕП, така да може да бидат задоволни од тоа што го постигнале играчите. Дека е тешко да имаме посилна репрезентација од оваа е јасно, никој не ни очекува да освоиме некоја голема титула реално. :)

Тоа што медиумите се филмаат е друго 20. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom