Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Мечот Меалург-Цеље беше одлична шанса да се види ДО КАДЕ СМЕ?Посебно во споредба со некои школи кои ДРЖАТ ПОГОЛЕМА ЦЕНА ОД НАШАТА.
По поразот од Цеље,нормално Лино ја најде вината,МЛАДОСТА И ЗАМОРОТ СИ ГО СТОРИЛЕ СВОЕТО.
Кој замор бе,20 години деца треба да играат по два меча денот и да имаат сила за уште,доста со изговори и глупости по секој пораз.
Демек Цеље не игра ЛШ и СЕХА,само овие играат?Јанц веќе втора сезона игра преку 50 утакмици,плус во репка го зедоа,и ОИ има зад себе,а покрива две позиции,не како шо кажа онај Југо незналицата:pos:,не играл Млакар па овај морало да игра десен:icon_lol:,толку го прати и тој Цеље,пола меч го игра на десен секој меч,и речиси со сите е над 5 гола,со 189 висина,не е ни чудо шо цел свет го бара.
Туку нема врска ова,муабетот ми е друг,кога ги гледав тие Словенски надежи како Јанц ,Зарабец,помалиот Маргуч,нешто постарите Малас,Разгор,па и тој пикерот Бечири,ако не се лажам е Хрват,ама 100 години игра во Словенија,а има само 22 години,и Мачковшек и Потеко и компанија се прилично млади,немаат повеќе од 25 не знам точно,ме мрзи да барам сеа,исто колку Жаре Пешевски,кој ние сеуште го сметаме за "надежен":facepalm:.
Движењата,нападот кон голот,игра еден на еден,барање на позиција за шут,транзицијата одбрана-напад ова беа лесно воочливи разлики вчера,ако ги споредевме наите BIG GUNS Талески,Нелоски,Дрогришки,Кузмановски,па и Жаре наш versus Јанц,Зарабец,Малаш,Разгор,Маргуч итн.
Го гледам Дрогата,абе еден дуел не доби со никој,освен два пати шо ја акна 10 метра над гол,во движњата како успорена снимка е,со онај треба цел ден да работиш,а 22 години има,не е млад.:facepalm:
Талески се изгуби братот,откако летна во облаци по таа 13 ка со Елверум се врати во реалноста,вакви како него секоја сериозна репка има барем по 20 комада,статичен,ПРЕстатичен,посебно ако нема некој среден бек да му напрај позиција за удар,вака само се мачи и губи дуели со голманите со удари КОЛКУ ДА СЕ ШУТНИ ПА АКО ВЛЕЗИ АРНО,АКО НЕ ТО Е..
Нелоски од таа линија единствено МРДНА МАЛКУ,со таа истурена одбрана на Цеље,на два пати во манир на искусен играч си го врвеше најистрениот во зоната и си имаше отворен пат кон голот.
Арно ама и Цеље виде дека е премногу ранлива така одбраната па ја вратија зоната и ги затворија дупките,и после се изгубија сите наши бекови.
Се гушеа и Нелоски и Талески,според мене овие двајца НИКАКО НЕ СМЕАТ ДА ИГРААТ ВО ИСТА ПОСТАВА,сличен профил на играчи,со предност за Нелоски поради подобрата техника и движење.
Со еден добар разигрувач како Прибак би напреднале во репката,ама ако ги ГУШИ вака селекторот многу тешко,посебно со овие ротациите,таман ќе дадат некој потез или ги пушта на втор пикер или ги вади од игра,па после се одново,е па не оди вака.
Иста приказна за Кузмановски,со разлика шо е овај е далеку потежок од Нелоски и Талески,а не заостанува во брзина,е сеа на овај да му овозможиш некоја игра кога би се праеле акции за левиот или десниот бек кога се напаѓа 2или 5ка би праел парче,зошто има навистина јака финта на прв чекор и промена на правец,ама НЕМА УТАКМИЦИ и не му ја одат позицијата,или го играат плеј или втор пикер,а на дечкото подобро му лежат некои позиции каде нема некоја густина на противнички играч,во игра еден на еден далеку е подобар.
Можеби овај Арнаудовски би се покажал како некое решение,барем не ја мисли многу пред да шутни,а го гледам и во брзина е каде каде побрз од сите овие млади мангупи,е сеа ќе видиме,едно Е ФЕРЛАХ сосема други СЕГА и ЛШ,барем со Украина нека го проба Чиката,да нема после муабети АБЕ ДА БЕШЕ РИКИ СО ОВИЕ ЌЕ НАПРАЕШЕ ПАРЧЕ,дај му шанса и тргни го од менито.
Пешевски,шо да кажам за овај,леле мори мајко,каде бе дете ти пикер?Жити се,позиционирање нула,рефлекс во минус,блок уште помалку,единствено треба ептен висок скок на некој бек,напад на зона па да се напрај толкава дупка во зона па да има и простор бекот само да ја спушти топката до Жарета(во случај да ја прифати),а ако ја прифати кога ќе ги извади ТИЕ КВАЗИ УДАРИ ми иди сам шамар да си акнам,има среќа шо не го стидираат голманите сигурно,иначе да изгледаат неколку утакмици на Металург па секој нормален голман со два грама рефлеск живи ќе му и фаќа тие АЛА ВАНЧО УДАРИ.
За одбрана да не прајме муабет:tapp:,читање на игра нула,како само го излета Јанц на најпроста финта,си сркна две минути за џабе и го "реши"мечот,тотално бескорисен играч во одбрана,исто како Столе,Петров е исти курац како него,и реално овие двајца нема шо да бараат во репка додека е Столе тука,Никола Маркоски за овие е Пекелер.
Мора преку овие мечеви да се бара да се изделкаат овие надежи,сеа ако не се направат играчи никогаш,ама ќе се изделкаат ако фатат некој рутина,да имаат минутажа,не да бидат епизодисти во меч со измени на секој напад,остај ги нека играат децата,нека добијат самодоверба малку,да не им паѓа топката од пусти страв да не згрешат при тесна утакмица,па после ќе прајме муабет за нешто повеќе.
Мечот со Украина ќе даде одговор на многу прашања.а посебно на тој меч во Жлин наредната сабота,ако го сркниме пак од Чесите заебано ќе биди,мора да се надмини тој комлекс на гостиски терен.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
@Tomasino
После секој пораз вели неискуството и младоста го напраиле своето.. :pos:
Па и Нексе немаат видено ЛШ , а брачата тврд орев за сите се, барем на Чиката му држат лекција секој меѓусебен дуел, а ете како шо вели чиката немаат искуство, повеќе од Сеха немаат видено.
А баш како што ги праи таленти, треба да се докажуваат, да бидат ноќна мора за екипи како Нексе, Цеље, Загреб.. барем на домашен терен.
Никако ова копиле да признае дека тотално се губи во модерниот ракомет, и дека тука е повеќе бизнисмен одколку тренер.
Ама најде село без кучиња, факинг Македонија.. и ќе го пери мозокот на овој зоастанат народ како сака.
Не за џабе од Хрватска како магаре го исфрлија.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Утре да ги исчукаме децата на Јулија Тимушенко,не се сомневам во ова,типувам на победа од најмалку комада:zloo:,па да се спрема тимот за предизвикот со Чесите,таму ако се тепа речиси е обезбеден настапот во Хрватска,дома нема шанси да не изненадат Чесите,а богами и Исланд не е на старото ниво па и со нив ќе сме фаворити на домашен терен,зошто да не и во гости,почнаа да губат и тие во последно време,БИХ,Црна Гора,Португалија сите им го зедоа скалпот,БИХ дури и ги исфрли од СП во Катар,не се ни бледа сенка Рибарите од времето,еве и Александар Петерсон се повлече,полека се исчистија тие суперстарОВИ,останаа само на Палмарсон..
Само да не се избрукаат во Чешка,тоа е најважно сега до СП во Франција,да се изигра една добра утакмица на гости,време е,срамота е да имаме толку порази од селекција која лесно си ја шлапаме на домашен терен.
Не се нешто страшно Чесите,ама користат наши слабости и успеваат редовно да не изрематат,сеа ако не се лажам и залижаниот се враќа,не знам за Хорак дали ќе игра?Пред некој ден играше за Ерланген против Кил,па можно е и тој да е во комбинација,тешко ќе е,ама на мака се познаваат јунаците,мора да се изигра таму како треба,редно е да чукниме некој на гости.:icon_mrgr:
Само одбраната да е на ниво,нападот треба да е ОК,посебно сеа со новата "артилерија":pistoldz:
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.395
Поени од реакции
7.049
На крајот Червар се одлучи за следниот состав:

Ристовски / Даскаловски
Манасков / Ојлески
Георгиевски
Стоилов / Н.Маркоски
К.Лазаров / Митков
Прибак / Кузмановски
Ф. Лазаров / Талески / Нелоски
Јоновски / В.Марковски

Очекувано испаднаа Томовски, Велковски, Тасевски, Поповски и Андоновски. Единствено дилемата се претпоставуваше дека ќе биде Арнаудовски - Нелоски и за мене е позитивно изненадување што се одлучи Червар за Нелоски. За жал, негативното изненадување мислам дека не чека на против Украина, а уште повеќе во Чешка - фактот дека Ф.Лазаров и Прибак најверојатно ќе доминираат со минутажата, а Талески и Кузмановски ќе бидат главно набљудувачи, да не зборувам пак за Нелоски кој не верувам ни дека ќе игра.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Одбраната е некако проблем, како успорена снимка им се бековите на Украина и пак тешко ги запираме .. :pos:
Инаку нападот си е океј, сосема задоволително си одигра тројката во напад Кире, Талески и Прибак.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
МРТ се убедливо нај ДНО ДНА национален сервис.
Дома играме,ај да беше гости разбирам,доволно е само слика да овозможат,ама дома бе играме,смена на генерации,нов циклус почнуваме,ниту студио по повод утакмицата,ниту анализа,гости,било шо.
А знаат онде за Астрахоночка,Татран да ни ги мрсат со саати пред и по утакмица,овде репката игра тие кажуваат кои биле фајт клубовите во Македонија:D
 
P

PewDiePie

Гостин
Има говорна мана.
Озбилно ? Не знаев,не ни помислив на тоа на таков начин......жал ми е сеа да ти ебам

Муабетот ми беше симпатично ќе биде некој попатриотски насторен чисто за пеза да го прави тоа со прстите ко Наумче.


Инаку мака мачиме.стандард,нема течна игра,ова не се приметува толку може против слабиве,ама против Чешка пример ќе дојде многу до израз колку фали Миркуловски,и колку ќе фали таков играч и во одбрана плус...
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.395
Поени од реакции
7.049
Рутинска победа. Доста експерименти и во одбрана и во напад. На моменти добра игра, на моменти лоша. Немам особени замерки, ако дома против Украина на првиот квалификациски натпревар не тестираш некои можности нема кога да тестираш.

Лазаров/Прибак/Талески генерално добро функционираа како бековска офанзивна линија. Крилата и пикерите стандардни. Генерално се создаваа добри позиции за шут, но се изнапромашија и доста зицери (сите имаа по некоја чиста утка).

Во одбрана ги проба ама баш сите и тоа во различни варијанти. Имаше и добри акции, имаше и наивни исклучувања од младите. Ја имаше на моменти и онаа 3-2-1 / 5-1 одбрана од Металург со различни играчи во различни улоги. Не секогаш функционираше, но ова мислам дека е добар потег (а и го очекував). Потребна е алтернатива на 6-0, не може секогаш да се оди со истата опција, не може така против секој противник. Ќе треба време да се уигра ова, но со додавањето на младото бековско трио на браќата Маркоски и Јоноски дефинитивно има материјал за некои вакви поагресивни и физички потешки одбрани.

Се е во рамките на очекувањата. 27-21 е сосема солиден старт.

Битното е во Сабота. Можеби клучен натпрвар во квалификациите. Со победа, уште сега екипата со една нога ќе биде на ЕП. Со пораз се ќе биде отворено до последниот натпревар. Во Чешка сме губеле и кога репрезентацијата била и многу појака и поискусна, па некако скептик сум, ама ајде да видиме можеби и ќе не/ме изненадат со победа.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Ги плеснавме Украинциве, добро е што сите добија минутажа.. пред се Талески, Нелоски и последниот напад го круниса со гол Кузмановски.
Им треба на овие тројца адаптација во репката.
Кире е незапирлив за вакви топло-ладно репрезентации, одма се гледа неговата класа и леснотијата за постигнување голови, Манасков исто.
Имаше добри акции во нападот, експерименти .. пред се во одбраната.
Беше применета и 5-1 одбраната, со Талески како најистурен, и не беше воопшто лошо.. експерт е Червар за ваква одбрана.
Не сме воопшто залутани во нападот, имаме колку толку материјал, само треба да се искористи како што треба, тука е и Кире.. апсолутен лидер и вистински пример за по младите.
Вистинското ќе го гледаме против Чешка, ова денеска би го ставил како подготвителен натпревар и воигрување за она што не очекува.
 
I

Itar_Pejo

Гостин
Скоро убеден сум дека во сабота ќе изгубиме.Не ја гледав утакмицата Исланд-Чешка ама судејќи според тоа како се движел резултатот Чесите изгледаат доста сериозно.Факт е и тоа дека Исланд не е онаа велесила од пред некоја година ама сепак да ги имаш до последна минута в раце на нивни терен не е мала работа.Јиха е исто така назад во екипата така да ќе биде доста заебано.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.541
Поени од реакции
17.958
Победа ко победа сосема очекувана, него кој беше официјалнот спикер бе, и колку беше напушен :pos::pos:. Ајде ајде тропјате со нозете, ништо не работите:lolzz:
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Golmanot na Ceska,Tomas Mrkva branese epten dobro,a i golem provokator e.Ke bide opasno ako se razbrani.Inaku Island se dosta poslabi,bekovskata postava im e sranje.Samo Palmarson vredi.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom