Вовед:
Денес започнува јуниорското европско првенство во ракомет во Данска. Ова е практично најсилното првенство во младинските катагории, и вообичаено добар дел од светските таленти се покажуваат во добро светло на овие У20 европски првенства. Првнството трае од денес до 07.08.2016
Отприлика распоредот на силите во оваа возрасна категорија (главно родени 96 и 97 со по некој помлад екстра талент) е следниот:
Главни фаворити за титулата се: Франција и Данска.
Конкуренти за медал се: Шпанија, Словенија, Исланд, Норвешка
Солидни репрезентации кои ќе пробаат да изненадат: Унгарија, Хрватска, Германија, Шведска, Швајцарија, Полска и Македонија,
Репрезентации кои ќе се обидат да го избегнат дното: Холандија, Србија, Русија
Збор два за Македонија:
Македонија по 5ти пат ќе учествува на јуниорско ЕП во ракомет. Досегашните пласмани ни се следните:
2000 (родени 1980/1981): 9 (генерација на Лазаров, Наумче, Јоновски...)
2002 (родени 1982/1983): 4 (генерација на Миркуловски, Ристовски, М.Стоилов...)
2004 (родени 1984/1985): 15
2014 (родени 1994/1996): 16
2016 (родени 1996/1997): ?
забелешка: Ова најдобро ја отсликува дупката од 10 години заради кои имаме толку стара репрезентација која наеднаш ја очекува драстично подмладување со премногу млади играчи за сениорска конкуренција. На првенството во 2014 учествуваа неколку од истите играчи тогаш како 2 години помлади кадети (во прв ред Талески).
состав:
голмани - Томовски (97) / Даниловски (97)
леви крила - Палевски (97) / Димитриоски (98)
десни крила - Јагуриновски (98) / Шилегов (98)
пикери - Арсеновски (98) / Маркудов (96)
средни бекови - Крстевски (96) / Димовски (96)
десни бекови - Велковски (97) / Трпчевски (96)
леви бекови - Талески (96) / Кузмановски (96) / Нелоски (96) / Танкоски (98)
Истата оваа генерација учествуваше пред 2 години на кадетско европско првенство каде завршија 15ти (во половично поинаков состав заради некои повредени плус сегашните кадети кои тогаш беа премлади).
Македонија е во група со домаќинот Данска, Норвешка и Холандија. Група која е тешка за поминување, но не е ни најтешката група на првенството.
Очекувањата според мене се пласман од 9-12 место. Пласман под тоа (13-16) би бил разочарување. Топ 8 може да се смета за добар успех, а медал би бил рамен на сензација.
Линкови за следење на првенството:
- Линк од
првенството
- Линк за следење на
сите натпревари (livestream)
- Линк од
страната на eurohandball.com за ова првенство
Во план ми е да го следам првенството колку толку, пред се нашите, па ќе пробам да ставам некои update-и на темата.