Само со ова не се сложувам. Сами си ги збрцавме, со неспремност.
Ако ги мрзи сами да го проучуваат противникот, требаше само да седнат, да кренат нозете во вис и на интернет да си го пуштат Стефановски. Он ќе им кажеше на што да обрнат внимание.
Перез има 41 година и целата своја кариера шутира во лев агол. Така? Така рече Стефановски и јас верувам. Јас не сум приметила Перез во кој агол шутира да не испадне сега дека се правам експерт за ракомет. Е па Борко ако не знае, да се најде барем еден што ќе му го каже тоа. Ама нема таков. Пошто сите си го гледаат само личниот газ... Иако не можам да разберам, да не се потрудат да се квалификуваат за на Олимпијада. Па какви спортисти се тоа? Ц Ц Ц...Затоа конкретно за овој турнир сите од ПРВ ДО ПОСЛЕДЕН се криви.
--- надополнето: 10 април 2012 во 11:50 ---
Стефановски за селектор - сега е идеално време, на сите им е ЛУТ. Има сите на кратко јаже да ги стави.
Стефче добро кажа ама кој го слуша...
Јас само како навивач на Пелистер и Македонија кој скоро 20 години сум по ракомети само од гледање знам дека е така..
А камоли некој шо цел живот игра ракомет....овие работи ракометарите ги имаат во малото прсте од раката....
Ама ова се прави во договор со одбраната.....со анализа,со гледање снимки од играта на противникот.....
Значи,двата највисоки играчи во зоната,во случајот Митков,Јоноски
требаше да го спречат Перез,да пробаат да го блокираат,да го штитат едниот агол(на прва статива),а голманот во случајот Борко да чека шут на втора статива...
Истото и со Андресон....
Е сеа ако помини шутот преку зоната,здравје,ама ако не,директна вина за нечитањето на шутот има голманот...
Зошто не се договорил со својата одбрана....
Да се вратам малку локално,Пелистер има голман Игор Тосковски се вика дечкото,Борко можи да учи од него за читање кај ќе шутира противникот,напамет знај кај ќе шутираат противнците,е сега нема секогаш да ја фати,зошто Пелистер нема одбрана...ама важно е го прочува противникот.....се сеќаваат постарите Битолчани како го читаше како буквар Мојсо кога играше за Вардар.....грото удари му ги знаеше.....(не е ни чудно)....
Борко го избушија со шутеви,не само Перез...многу шутеви му поминаа на средина,во никој случај не смееше да примиме такви голови...
Ама,ние ги немаме во одбрана дефанзивците како Лалулшка кај Унграците,или Јернемир,Андерсон,Карлсон,ова се гладијатори,играчи кои ќе ти ја извадат раката пред да ти дозволат лесен шут..вака се игра одбрана...
Ние имаме играчи со лимитирани способности,пред се Митков....можеби Бранче и Јоноски се нешто подобри во одбрана,ама не се класа дефанзивци...кои знаат да спречат играчи од највисока класа како Перез,Андерсон,Хансен......
Кај нас само Велко е според мене класа за одбрана,и Мите Стоилов,штета шо се повреди...ќе бркаше работа....
Соеден,двајца вакви играчи немаш јака одбрана,треба зид од 4ца тепачи назад,и голман шо нема да прима голови низ уши...
Да се вратам кај Лазаров,го стопија..зошто?
Зошто двајца одеа на него,го навлекуваа да шутира покрај нив,да шутира во агол кај шо ќе го чекаат голманите(Стјорстранд само си чекаше поклоничиња на втора статива)..
Зошто?Зошто Јернемир и Карлсон го тераа да шутира таму...не дека Лазаров толку сакаше да шутка на втора статива...а се знај кога е под пасивен напад играта,нема друг кој да шутни....
Е ова е тактика,ова е анализа,ова е модерен ракомет....имаш можност за анализа,снимки,Кил,Веспрем се редовно на тв,гледај снимки од Перез,Часар,Андерсон...види ги слабите страни,седни го Борко на маса и натерај го да гледа,ако треба и 10 пати.....
Кога ќе научат нашите тренерчиња како се анализира противникот тогаш ќе имаме јака репрезентација,која ќе наоѓа решенија за сите ситуации...
А со индивидуална игра,игра од типот
дај му на Лазаров и чекај не тераме далеку....
Џабе си го тупиме тука ние лаиците....помина и замина возот.....