Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

М

Мартин`

Гостин
Ете дневник веќе пишува дека капитенот на репрезентацијата Кире Лазаров и претседателот на РФМ, Михајло имале состанок околу идниот потенцијален тренер каде што Михајло го предложил Лино Червар и нормално Кире наш не му се допаднал предлогот. Срамота за таков голем спортист, се надевам дека нема сега да изберат некој негов братучет што е тренер :rolleyes:
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.747
Што беше она интервјуно синоќа бе?
Демек ни разоткрија нешто што ние не знаеме, ни измлатија празна слама и свршија работа.
Чокре и оној од Тинекс Пролет го донеле и без веза муабети водат.
Не бидете пи*кици кажете јавно што и како е, а не коа го прашаа Чокре за инцидентот у Хрватска глупост некоја тресна.
Се плашат и самите тие да кажат нешто против РФМ и репрезентацијата, зашто знаат што и како функционира таму, зашто и тие биле вклучени во тие лакрдии таму и не смеат да се издадат самите себе си.
И да, тотално кукавички однос на Темелковски кој не ја прифатил поканата за интервју и на Стојановиќ кој ја прифатил па ја одбил.
Чим молчат главните актери, џабе е да прави некој кој нема никаква допирна точка со ракометната машка репрезентација.
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Јас прочитав се и 1. поголем сератор од тебе неам видено. Дојде ти да кажуваш да се мењаат играчи и кој да остане а кој да си иде од репрезентација. Со цел памет напиша текст пун со глупости

Ти не би го пратил Темелков уште во пензија, а на Мојсо би му дозволил уште еден циклус.


2. Ме мрзи за сите да те цитирам поединечно и да ти објаснам какви лудории изнапиша

3. Се гледа дека слабо пратиш ракомет, незнам зошто пробуваш да се направиш паметен со сила на поле кое ти е ептен слабо познато

4. И да, кажи ми со кои играчи ќе ја подмладиш репрезентацијата и ќе ги замениш сите "дедовци" од по 30 год?

5. Факт е, Македонија во следните 6 години тешко ќе може да се одржува по првенствава. Е после следуваат генерации со кои ќе бидеме страв и терепет во светов,
Болд 1: направи твоја анализа и побиј ме со аргументи. Ако немаш твоја анализа, тогаш си само болд 1.

Болд 2: веројатно една од причините зошто си само болд 1, без своја анализа.

Болд 3: моја реакција на резултатот. Далеку од тоа дека сум стручњак, не сакам да се направам паметен, но давам идеи. Кој има попаметни, нека ги каже.

Болд 4: со оние што играа на младинските натпревари, бидејќи

Болд 5: според тебе, сеедно имаме 6 години да ги воиграме тие играчи и да им се даде шанса. Дали мислиш дека е подобро ниту еден од младите да не заигра во репрезентацијата за време на тие 6 години?

Друг избор е натурализација. Тоа е веќе сосема друга тема и тука не сум упатен. Кој мисли дека е тоа добра идеја нека каже и како би се извела, т.е. кој би се натурализирал.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Колку и да зучи добро опцијата со Лино јас не се сложувам...
Зошто?
Зошто тој е поврзан со Металург,зема плата од таму и ќе биди тука се додека Минчо фрла евричи...
Ќе си игра таквото,си лапа 200 к годишно,и сеедно ќе му е....имало немало резултати платата од чика Минчо на 1 ви е тука...
После кога ќе секнат парите од чика Минчо шо прајме?
Не,нас ни треба авторитет,селектор независен од било кој клуб....
Савевски беше добар материјал,ама нема нерви за селектор тој,краток фитил има....
За мене идеален селектор би бил Стефче Стефановски...
Го познава ракометот во детали,психолог е,голем тактичар...
Но бааги време е излезен од колосек,работи во државна администрација....
Сепак да му понудат долгорочен договор сигурен сум дека ќе прифати...
Строг е,знај да подвикни,не трпи мешање од страна,посебно не од играчите....
Од македонските тренери само него го гледам како идеален тренер....
Најдобро решение е Македонец,чоек шо ќе го боли за Македонија,не да слушаме изговори од типот НИСМО ИМАЛИ СРЕЧЕ,ТО ЈЕ ТО:mad:
Ако се бара странско решение,треба да се бара селектор од калибарот на Касим Каменица...
Тренер пред кој играчите СУС ќе седат,каков Кире,каков Борко....
Само џабе си прајме (амди)бајрам со умот,кога нема шанси да постават салам селектор...
Кај бега бе баграта од медот ?
Добро кажаа,репрезентацијата е заложник на клановите,Металург,Фамилијата,Кире и останатите мангупи од репката...
Сите си имаат ќар и не дупат нас,милиони луѓе,кои фрламе пари,одиме ги бодриме,а тие си играат курташак со нас....
Леле кога ќе ми се врати сликата од фанзоната во Ниш,ми иди да МАВАААМММММ:mad: ...
МЕНЗА КЛАСИЧНА-смрди на манџа,а овие(фамилијата) демек ја закупиле салата за да бидат навивачите подалеку од салата,да не се праеле инциденти),само тие знаат каква пара накалапија со ЕП....илјадници евра стегнаа во џеп....
За картите да не прајме муабет...
Ќе го слушаме Чокрев да ни кажува кој бил спасот за ракометот?ејјјј Чокрев:facepalm:
Чокрев стигна да го води ракометот?:tapp:
Или да излези Драгана Чуприна од Бекјстејџ па да понуди излез од ситуацијата...:icon_lol:
И така фуфите од Бекјстејџ знаат се,тие преку ноќ станаа експерти за ракомет(благодарение на кешот на чичко Минчо)....
Подобро нив нека ги постават за селекторКи во тандем...
Сигурно тогаш Борко,Кире не би имале ништо против...
А Лила нека ја постават за психолог,ќе имаме јак тимски дух...:)
Не е за мајтап работата,ама реалноста е смешна....
Ваква несериозност само кај нас има...
И сакаме репрезентација да имаме?Па уште и олимпијада сонуваме,медали:facepalm:
 
Член од
29 март 2012
Мислења
1.370
Поени од реакции
1.235
Сами ќе си се закопаат ракометарите од херои ќе станат траѓичари, само и само од нивните суети....:facepalm:

Ке им стават некоја лејка сега пак за тренер кој ќе може Киро да го вози, братму да грее клупа и ќе изгубат од Австрија...Мислев дека со Романија не се играло со 100% а излезе дека се играло, ја добивме едната со 2 разлика, а другата ја изгубивме у сред Скопје...
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Еве јас прочитав, ама.... малку не ми се верува. Кире да си оди, а да остане Филип? Од двајцата Лазарови ти го избра неспособниот???
Реков да му се даде шанса, ама без да биде форсиран. Ако не ја заслужува - поздрав.

Ванчо Димовски - години, но сепак квалитетна игра???
Па Алушевски е 5 пати во подобра форма од дебелиот пушач Димовски.
Во ред, ако така мислиш. Ако ја гледаме конзистентноста, точно е дека Алушевски во континуитет игра солидно, но не прикажа нешто многу-многу на квалификацииве. Се согласувам дека сепак прикажа повеќе од Димовски, зашто Димовски па многу пробивања правеше, па е повеќе „виновен“, ако може така да се каже, за лошиот резултат.

Кире да си оди, Митков да остане на негово место??? Сериозен ли си?
Десен бек и десен бек. Кире е постар, овој би бил замена. Реков дека Митков игра одбрана, а *не знам* дали игра напад. Ако не, тогаш треба да се чува само за одбрана.

Па не на Светско, ни на пријателски нема да не викаат. :confused:
Кога Македонија изиграла пријателска ракометна средба со кој и да е друг тим? Не се сеќавам искрено... Сите настапи сме си ги заслужиле.
 
I

Ilindenka

Гостин
Расчистивме ли сега?:)Инаку се сложувам за Миркуловски и најкриво ми е за него... Еве пошо не искритикува нас што е според тебе добро? Вреди ли да се носи ракометар кој има 28 години, а од кој неаме некој придонес у репрезентација или е подобро да се земе 18 годишен кој че стекнува искуство, а верувам ќе стигне во репрезентација за година дена?Незнам еве во Вардар може имаат за таа позиција?Или Пелистер неважно...
Пак си ја тераш водата на твојата воденица. :sneaky:
А реков дека не пишувам веќе, ама ај се фатив на орото.
Јас не знам што е добро во моментов да се направи, стварно не знам од проста причина што мислам дека имаме мал милион проблеми, а не еден единствен наречен Кире. Според вас испаѓа дека на сите им е важна репрезентацијата, ама не можат ништо да направат пошто единствениот на кој не му е важна (Кире) ги уценува и јадните тие не се во состојба да им дадат шанса на младите. А не е тоа единствениот проблем:
-Минчо решил да ја преземе РФМ од безкичмењакот Михајло ама на најлошиот начин -преку раздор кај репрезентативците. И добро еве ќе преземе. Што ќе се смени? Апсолутно ништо. Фамилијата мафиози ќе си останат пошто тие играат со сите само за да си го задржат сопствениот бизнис.
-Ракометарите па како жени на чешма. Седнале и оговараат. Наумче вака, Борко онака, Кире така..... место да се стегнат малку па уште некоја година да издржат, да манат цигарите, јадењето, пиењето... види го Стефановски како се држи, пола од нив со заби може да ги носи.
- Медиумите пак, си тераат таму кај што им плаќаат. Едниве едвај чекаат да победат нашиве во било кој натпревар па да снимаат двајца без тројца на плоштад, а другите пак викнале двајца "стручњаци" и ставиле еден новинар што од идиот ги чита прашањата, видно дојдени да го урнат раководството. Како? Со куп глупости меѓу кои најсмешната - Лино немал програма... Па им треба ли програма за да знаат дека Жутиот е една од нашите најважни карики и дека ако стварно им е стало до МК репрезентација нема толку на клупа да седи....
- Навивачите пак, заедно со ракометарите седат по кафичи, состанчат на состаноци и го решаваат прашањето на МК репрезентација со единствениот им муабет: "Го слушна ли Филип кога му рече на Киро - Бате, сега може да шутирам?" "Eх да беше Раде"...Туку и поарно да не преземаат ништо во РФМ, бидејќи постои опасност да ни се повтори Пелистер. :(
- Кире пак, не дека сака да го продаде брат му во странство туку свесен дека Филип одамна го постигнал својот максимум, го форсира батето му во репрезентација зошто само така може да поигра на некои меѓународни натпреварувања, a ако им се посреќи може и пензичка да заработи. Од друга страна свесен дека е најдобриот ракометен продукт што излегол од МК мисли дека е саде мозок и дека може на сите во репрезентација да им се дере и да им попува. Изгледа не знае дека на сите нас веќе ни кажаа дека не е 100% генијалност туку дека е 70% вода.
- Филип пак, мисли дека ракомет се игра до 60 години и дека е на самиот почеток на својата кариера, па си вика: "Ко ќе станам ко Бате, ќе видите вие...." A Бате на негови години веќе држеше рекорд на Светското првенство.
Чек да не заборавив некој....
- И најстрашно од се, се повторува приказната со Кометал и со увозот на ракометари на сметка на нашите.... Многу брзо ќе ни згасне и машкиот ракомет, како што тоа се случи со женскиот.
Заклучок: Многу лични интереси, малку, многу малку спортски дух, многу оговарања.... Решение: Канал 5 да престане да го емитува Величествениот. Само така можеби ќе престанат сите во РФМ да се понашаат ко жените во харемот на Сулејман.
 
I

Ilindenka

Гостин
Илинденка,полека малку кочи...
Како паузирал минатата сезона кога играше во Катар...
И тоа доста добро....немој да се лажиш дека Катарската лига е некоја баук лига,види ја нашата лига на шо личи...
Есенва играше во Ал-Сад во Либан,во финале на Лига Шампиони на Азија.....а сега е во една многу богата екипа на Брест Мешков Белорусија...
Немој да мислиш дека за џабе го зеле тие таму,ги видовме Белорусите шо играчи имаат во Битола,штом игра таму значи некој го ценел неговиот квалитет кој е НЕСПОРЕН...
Раде и на 34 години е Карабатиќ за Фичо,Бранче,Јоноски,Митков,Левов...сите заедно во една кеса спакувани...
Таков шут нема ниеден бек во Македонија.....и очајно ни треба таков играч......
И со една нога да игра пак ќе биди покорисен од горенабројаните....
Во ракомет нема стар и млад играч,Перез на 41 година ни покажа шо значи да имаш јак скок шут,кога ни збрца 5,6 парчиња за само 20 ина минути шо ги помина во игра...
Плус да не заборајме,Раде игра и одбрана за разлика од Капитенот од стакло Кире Лазаров...:)
Со тебе не дебатирам. Се сложувам со се што кажуваш за Раде и нема што да дебатирам. Дури и новости дознавам од тебе, така што... немам јас на тебе што да ти кажам. Дебатата беше наменета за оние што се понашаат ко лепачи на плакати па се фатиле за едно те исто и кога треба и кога не треба. Во таа смисла.
--- надополнето: 10 април 2012 во 11:13 ---
Ми се смачи веќе да одам на подтема Македонија:Бразил и да ги гледам едните те исти клипови од Раде.... За Раде јасно ни е веќе на сите!
 
Член од
29 март 2012
Мислења
1.370
Поени од реакции
1.235
Пак си ја тераш водата на твојата воденица. :sneaky:
А реков дека не пишувам веќе, ама ај се фатив на орото.

Незнам што има спорно во моето кажано со твоето?Ова репрезентација си губи ради таа позиција и ништо не се менува.... еве Кире не е крив! кој е?
 
I

Ilindenka

Гостин
Незнам што има спорно во моето кажано со твоето?Ова репрезентација си губи ради таа позиција и ништо не се менува.... еве Кире не е крив! кој е?
Ај доста е. :)
Иначе топ ти е аватарот. :cuc: Но. 5.
 
Член од
29 март 2012
Мислења
1.370
Поени од реакции
1.235
Ај доста е. :)
Иначе топ ти е аватарот. :cuc: Но. 5.

хехе ок фала. Инаку е недозволиво ова што го прават ракометарите мора да се признае, и ние не збориме тука за џабе. Дебатираме за доброто на ракометот, ти реков не ме интересира кој и од каде че е селекторот битно е да е квалитетен. Не ме интересира кој и од каде ќе е новиот лев бек само да е квалитетен. Несмеат НИКОЈ од ракометарите да уценуваат репрезентација, ако е така нека напуштат ич нема да ми чуе бар ќе се почне од 0.
 
I

Ilindenka

Гостин
хехе ок фала. Инаку е недозволиво ова што го прават ракометарите мора да се признае, и ние не збориме тука за џабе. Дебатираме за доброто на ракометот, ти реков не ме интересира кој и од каде че е селекторот битно е да е квалитетен. Не ме интересира кој и од каде ќе е новиот лев бек само да е квалитетен. Несмеат НИКОЈ од ракометарите да уценуваат репрезентација, ако е така нека напуштат ич нема да ми чуе бар ќе се почне од 0.
Ама гледаш ли? Ти пак само за тоа уценувањето. Не е само тоа проблемот кај ракометарите. И егото е проблемот и пиењето е проблемот и пушењето и не тимската игра и раскараноста..... И зиркањето во публика кои од женските фанови му се дојдени.... Таа ми беше поентата. Да ги истакнеме сите проблеми, а не само за Кире да се држиме!
 
Член од
29 март 2012
Мислења
1.370
Поени од реакции
1.235
Најдобро решение е Македонец,чоек шо ќе го боли за Македонија,не да слушаме изговори од типот НИСМО ИМАЛИ СРЕЧЕ,ТО ЈЕ ТО:mad:
Ако се бара странско решение,треба да се бара селектор од калибарот на Касим Каменица...
Тренер пред кој играчите СУС ќе седат,каков Кире,каков Борко....
:icon_lol:



:)
--- надополнето: 10 април 2012 во 11:34 ---
Ама гледаш ли? Ти пак само за тоа уценувањето. Не е само тоа проблемот кај ракометарите. И егото е проблемот и пиењето е проблемот и пушењето и не тимската игра и раскараноста..... И зиркањето во публика кои од женските фанови му се дојдени.... Таа ми беше поентата. Да ги истакнеме сите проблеми, а не само за Кире да се држиме!
Затоа реков за уценувањето општо поради другите не е само Киро и Мојсо е, пред Златко има друго крило таму, а тоа е Георгиевски. Така е се сложувам и со тоа, а за тоа клубовите се криви. И може стварно треба тие недисциплинирани да паузираат од репрезентација, кои и да се!
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
прво, немојте да мислите дека тука никој не не чита, освен нас самите...
е сега, поназад има многу пишувано за последните неколку дена, но заклучоците би биле овие
1. шундоски да си оди!!! ОДМА!!!
2. лазаров да има помало мешање во репрезентацијата
3. раде да се врати
4. гоце георгиески да добие шанса!
5. на стевче му е доволно, да се повлечи и на негово место ојлески или некој друг...
6. НЕМАМЕ СООДВЕНИ ЗАМЕНИ ЗА ОВИЕ КОИ СЕ ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА. помладите категории се дрва
7. немаме стратегија за работа со младите играчи на државно ниво!
8. ако на некој му текне нешто нека дополни

за под бр.1. јасно ни е на сите зошто играчите (читај лазаров не го сакаат червар за селектор). таму нема трте-мрте и има да игра или ајд чао! то можи е и подобро оти така ќе видиме некои нови лица и разнолика игра, а не едно те исто. плус, кој не сака да игра нека не игра. ако еве на пр. лазаров (не обвинувам, туку само давам пример) го условува своето играње за репрезентацијата со то и брат му да игра, тогаш тој не игра од национални туку од лични интереси и ако е така, нека замини. фала му на се што направи за нас, ама државата и репрезентацијата не треба да бидат пред ничии лични интереси!!!
ќе си го натурализираме марковиќ и готово :D
играта со двајца ниски играчи на бек ни е веќе прочитана, така да не држи место. под тно ни треба некој леворак бомбардер кој ќе знае да се одрази и да шутни (и да погоди нормално).
на голмани сме ок, крила, десно да си бидат гоце и темелков, а лево ојлески и манасков. левов треба да добие шанса против австрија, а зошто да не и некој од најмладите???
на пивот сме добри, а ко че се врати и стоилов ќе имаме и засилена одбрана!
то је то од мене...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom