Не пишував на темава за време на натпреварите, но колку толку внимателно читав што се пишува и сеуште не ми е јасно колку луѓето тука се спортски неписмени, а се мислат за големи експерти.
Немањето допир со реалноста и немањето никакво трпение, се двете одлики кои што ги поседува Македонецот кои го закопаа во сите полиња, не знам какви очекувања имаа некој пред првенството па тука пишуаа тоа што пишуваа, треба да се има трпение , градењето репрезентација не е преку ноќ, а во моментов се гради и тоа доста успешно и е во нагорна линија.
Барем ракометот секоја година има првенство и тоа е добро, друго ова првенство во целина а и наредново европско да се пласираме, се првенства во која оваа репрезентација треба тактички да созрева и да се наградува, како што пишува еден член не е ова некоја премлада репрезентација која збориме, но реално па и не е со некое големо меѓународно искуство, сите играат во домашно првенство, два натпревари ги имавме добиено и ни се излизгаа низ раце од тоа, сам Кире призна за тактичка грешка од негова страна за натпреварот со Унгарија, така да и тој сеуште се гради како селектор/тренер и стекнува искуство.
Кире Лазаров каков сака егоист нека е, се што прави досега дава резултати, колку и да беше оспоруван проектот Алкалоид, се покажува како исправен, клуб-репрезентација без навивачки притисок, во кој селекторот може да развива игра каква што очекува од репрезентацијата вродува со плод доста брзо, до вчера служевме за билдење статистики ако некој заборави, а не знам првенство каде секој натпревар сме играле јако и квалитетно како ова, па дури и во времето на толку нарекуваната златна генерација секогаш имавме натпревар кој го губевме прелесно.
Допрва и играчиве индивидуално ќе напредуваат, созреваат играчки, Кире се надоградува, имаме како што пишувате овде (искрено не пратам) филозофија на настап и во младите селекции со Раде, што значи ако вака се продолжи изјавата на Кире за тоа дека ќе сме конкурентни за висок дострел, а зошто и да не и за медал ќе биде доста близу.
Најдоброто е што и клупски доста клубови инвестираат, си има добра конкуренција, дерби натпревари и полни сали во клупскиот ни ракомет, такво нешто имавме со кошарката 2011, има уште барем еден силен клуб во најва догодина, така да ако продолжат луѓе што го сакаат ракометот, знаат што прават, и не направиме политички срања како што знаеме, конечно ќе имаме стварно спорт со кој може да се гордееме и да ни дава чувство на национална спортска гордост, но пред се мора да се има реални очекувања и трпение кон остварување на таа цел.
п.с. За дискусијата натурализација на играчи, Лазаров е најголем противник, беше против двете натурализации, а и во времето кога баскетот имаше резултати и ватерполото (ако некој заборави бевме топ 8 едно ЕП) постојано поцентираше дека тие се единствена чиста репрезентација и вистнскиот успех е само со македонски играчи.