- Член од
- 16 мај 2010
- Мислења
- 6.310
- Поени од реакции
- 5.625
Реков тука одамна дека Унгарија во принцип отвара слабо, посебно против послаби репрезентации. Некако балканскиот менталитет ги јаде и нив. После ги палат моторите и се незгодни за играње, практично да не ги посакаш во главна рунда.Како ги местат за пробивање, им го најдоа чарето за експлозивноста. Нашиве ги разбудија Унгарија
За судииве немам коментар, иста прича тераа и денес. Разликата е во тоа што против себе имаа искусни играчи кои знаеа како да се справат. Ги местеа на пробивања, тоа е данок на искуство. Исто играчи како Лекаи, Бодо, Банхиди, Шипош имаат поголем кредит него Лазаревски, Митев, Марковски. Ова се гледаше пример и кај судиите на времето кога Столе играше, едноставно беше толку добар што ептен јаки фаули му даваа 2 мин.
Здравје ќе дојдеме и ние со наши деца во ЛШ, се ќе си легне на свое место. Колку и да сум изнервиран што ни го сервираа ова така на фињака, требаше да си ги дотепаме Унгарците кога беа во нокдаун, па сеа друга прича ќе теравме. Вака не зезнаа со холандија и тоа е тоа. Ама никако не сум разочаран. Затоа што знам дека за 2-3 години ќе ги шљапаме Холанѓаните.
Ова дополнително става акцент на тоа колку ќе бидне битен двомечот со Словенија сега во пролет. Ако некако успееме да се провлечеме на 1во место за полесна група на Европско би било супер.