TheTrooper
Психијатриски случај
- Член од
- 27 април 2009
- Мислења
- 6.832
- Поени од реакции
- 6.386
Тој проблем не го имаат само скопјани.Во Загреб,Белград,Тирана,Софија....секаде во секој главен град на некоја помала земја ја има таа појава.Не е дека се тука луѓето не сакаат спорт,далеку од тоа,туку се заситени.Се што се случува се случува во Скопје,за разлика од другите места каде што само едно доаѓање на некоја од репрезентациите би било хајлајт на годината.Во многу места и концерт на Врчак е доживљај,а не па да дојде некоја репрезентација.Секоја утакмица репрезентациите(кошарка,фудбал,ракомет) ја играат тука,фудбалските клубови во Европа што идат играат тука,кошарка најинтересните утакмици се тука итн.... Башка се тоа се случува во град каде и ниту еден спотски настан да не се случи пак не би било досадно.Треба репрезентацијата да игра почесто и во другите места.Овде 20 години се што се има случено го гледаме.И во Тетово пр. секоја утакмица да ја игра секоја репрезентација после 20 години ,200 души нема да ви дојдат.Шундовски може да остане како помошник тренер, ама како селектор никако.. истото беше и со Темелковски, како тогаш и сега Лазаров е главниот тренер, тој ги поставува играчиве само што тренерот ги менува играчите. Ама искрено не ни треба некој странец тренер, вака е подобро со 100% Македонци, дечкиве стварно се сложни, плус кога има Македонски тренер се гледа дека се е како што треба, со странец пробавме (со Вујовиќ) ама не се исплати, би било добро да имаме некој што би ни давал само совети, но само да остане на тоа..
Ми се наполни душава кога ги видов ракометариве како играат за Македонија и како се радуваа на секој даден гол, а и на крајот. Дечкиве се значи стварно големи патриоти, плус со искуството стекнато, плус 7-от играч , имаат квалитети за топ 12 сигурно и само нека си продолжат вака, ќе ја имаат цела подршка од Македонскиов народ.
Можеби ќе треба од следниот циклус да почнеме еден процес на подмладување на екипава, да се внесуваат пополека млади играчи затоа што овие неможат цел живот да играат.
Атмосферата беше добра според мене, на почетокот ако се мереше звукот (со ракоплескањето и тоа од ВИП стапчињата), сигурно ќе надминевме некој рекорд на гласност.. после тоа на секој нивни напад се свиреше (ко да е многу важна утакмица у пм), а на наш напад нонстоп со тапанот и цела сала ист ритам фаќаше. Потоа дојдоја и брановите, па и последните 10-15 минути кога беше вистинска гордост да се биде во БТ, тоа само овде може да се доживее . Тоа е тоа не требаше толку внимание да се посвети кон утакмицата, која буквално ништо не ни значеше, требаше да се посветиме на славењето и навивање ама кога се нема навивачка група тоа е, и плус кај има многу скопски шминкери тоа е(чест на исклучоци), а иначе спикерот ќе го биде за воџа
Иначе на фудбал не се чудите што имаше 30 000, а салава сеа не се наполни... 2/3 од тие заминаа само да го видат стадионот. Кажано е одамна скопјаниве не го сакаат спортот..
Треба во ракомет еднаш во Охрид,па во Битола,па една во Скопје,во кошарка еднаш во Скопје,па Кавадарци,па Струмица,фудбал да се излезе малц до Тетово и Прилеп,нешто во Куманово да се одигра може,ватрполо ако има некој друг град затворен базен со трибин таму да се одигра некоја утакмица итн.....
Прецентализирана земја сме станати....