Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
30 август 2012
Мислења
3.584
Поени од реакции
6.284
Дај бе не паѓајте во несвест, некој да ни дадеше нерешено пред утакмица сите ќе прифатеа.
Да добиена беше утакмицата , ама тоа е топка .
п.с. Митев слабо денес ама мислам наредна ќе искини.
п.с.1. Филиљ и Митревски :zver:
 
Член од
22 јуни 2022
Мислења
205
Поени од реакции
818
Штета. Бодов на крај може да не заебе за пласман во четвртфиналето. Се вкрстуваме со Франција, Австрија, Кувајт. Никогаш сме немале ваква шанса за четвртфинале.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.014
Поени од реакции
74.326
Просто не можам да сфатам како од тројцата десни бекови кои ги имаме во состав во ситуација кога ни играат пресинг, ние решивме да завршуваме со технички најслабиот од тројцата. Барем да ја акнеше у публика некаде горе да имаме време да се вратиме назад, најглупото можно сценарио ни се деси.
За волја на вистината акна два гола неколку минути претходно и во одбрана беше солиден. И јас на местото на Кирца ќе го оставев во игра, дека имаше моментум и немаше потреба да менуваме за одбрана. Плус последнитс минути играше како десно крило, мислам дека Серафимов беше бек.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.536
Поени од реакции
2.565
Денес требит целосно затварање на пикерот, никако безпотребни исклучвења, брз центар да фураме , и нека го остават да лупат на Бодо од 9/10 метри да остајме на митрески да фатит неколку живи топки,пеналите да ги шутират серафимов,очекувам победа ...
за малку ке погодев,
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.401
Поени од реакции
7.062
Огромен срам за огромен дел на трибини. Да гледаш како гинат за секоја топка играчите, гинат за државата, и да дозвочиш да те молат едно 10 пати за поддршка, а ти ко дибек да дремеш, мизерија. Отидени да љокаат по кафичи и кафани, да се лупаат у гради колкави македонци се, а во сала, штама. Освен на моменти, огромен дел ко мисири дремат.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.695
Поени од реакции
35.398
Многу е лесно да се коментира од фотеља.

Да, штета, ама сепак покажавме заби, покажавме пожртвуваност, покажавме дека имаме сила да се носиме со „фаворитот“, оставија срце на терен.
Бод голем како планина.

Честитки момци:oeoeoe:
 
Член од
22 ноември 2021
Мислења
83
Поени од реакции
49
Ова ме потсети на Србија-Исланд минатото првенство.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.501
Поени од реакции
9.288
Огромен срам за огромен дел на трибини. Да гледаш како гинат за секоја топка играчите, гинат за државата, и да дозвочиш да те молат едно 10 пати за поддршка, а ти ко дибек да дремеш, мизерија. Отидени да љокаат по кафичи и кафани, да се лупаат у гради колкави македонци се, а во сала, штама. Освен на моменти, огромен дел ко мисири дремат.
не е лесно да се игра цел меч ама не е лесно и да се дереш 2 сати, разберете ги, патувале лугето, пијале цел ден и сега треба да урла, изморени се.
 
Член од
24 октомври 2023
Мислења
56
Поени од реакции
169
Прејака утакмица, гледајте на светлата страна, нека не паѓа во сенка цела утакмица само поради тие 10 секунди на крај. Има голема иднина во оваа екипа.

П.с не ми е јасно зашто Павлета не влезе во игра воопшто, со Хрватите на пријателска искина со шутеви од 10 метри
 
Член од
13 август 2023
Мислења
987
Поени од реакции
2.401
Имаше доста простор претпоследниот напад, ама намерно не одеа на шут, не знам што мислеа, дека ќе ги остават до крај да ја држат? Тука можеа да ја решат утакмицата, а и да промашеа ништо не се губеше, секако нерешено имавме во џеб во најлош случај.
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.584
Поени од реакции
6.284
Огромен срам за огромен дел на трибини. Да гледаш како гинат за секоја топка играчите, гинат за државата, и да дозвочиш да те молат едно 10 пати за поддршка, а ти ко дибек да дремеш, мизерија. Отидени да љокаат по кафичи и кафани, да се лупаат у гради колкави македонци се, а во сала, штама. Освен на моменти, огромен дел ко мисири дремат.
Се гледа дека и ти појма немаш .
Бев 2009 на прва утакмица во Вараждин .Терсене се Хрватите :) кај што имаш карта купено таму се седеше.
Во фан зона преку Начевци втора утакмица се издејствува сите реагиравме и се дозволи сите на исто место да бидиме без разлика за кај ти е карта .Така беше 1-2 утакмици не се сеќавам точно ама знам последна во Вараждин со Полска игравме , тогаш бевме поделени во два блока :) (имаше фрки во фан зоните ) и се поделивме тие за Пелистер зад гол , тие за Вардар во спротивен ќош на централна трибина .

Така да се надевам дека пак ќе се издејствува сите заедно да бидат наредна утакмица оти и тогаш првата беше раштиман оркестар и многу ама многу е тешко да се најди т.е. невозможно некој да води навивање ќе има триста циркузи и секогаш се навива стихијно .
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.936
Поени од реакции
7.050
Многу позери на трибини.
Битно сториња фрчат на инста o_O.
Бодов е таман да не охрабри за со Холандија. Ако одиграат на ова ниво имаме шанси. Чекор по чекор. Се гледа голем напредок од последното ЕП, а огромен во споредба со последното СП кога не полнеа сите. Е па еве ги играчите полека созреваат. Треба да се остави Киро да си ја работи работата и да не замараат "експерти" за тоа зошто овој или оној (не) бил земен. Има надеж за уште подобри настапи на следните првенства кога оваа генерација ќе го достигне зенитот.
Одиме на победа со Холандија, верувам има Киро и скриени адути за таа утакмица.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.014
Поени од реакции
74.326
Точно али сети се на репката со факинг дарко георгиевски коа губевме по 15 разлика.
Абе океј тоа, ама се тера некој филм дека сме млада репрезентација, а де факто не сме толку млади :D
Еве кај Унгарија, 4 важни играчи од денес имаат до 22 години. Илиќ има 22, Фазекаш 20, Имре 21 и голманот Палашиќ има 22.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom