...и токму во таа генетика ќе биде следното ,,чепкање,, во ДНКто на секој човек, не знам дали почетокот се назира со мРНК вакцини каде допрва ќе се следи породот на ситни новородени,
...самите Јапонци си го дават за идеален пример сопственото тело, ситна градба, малку храна што би требало да биде иднината на долговечност и здрав човек од една страна, а од друга страна штедење на сите ресурси што им се потребни дополнително на високи и крупни луѓе, со што ќе се штеди во храна, облека, лекови, намештај, па и воздухот што минијатурниот човек помалку ќе троши за разлика од другите,
...читав и не ми се верува дека тоа ќе биде следното со што ќе се занимава светот, нема тука веќе големи оброци, во ресторан ќе биде одредено колку месо може да се послужи на една особа, какви кинг бургери и пици, све на грамажа ќе биде, дополнително ќе најдат начин да го променат тоа во ДНК на човекот за минијатурна физиономија или веќе тоа се случува?
П.С.
... дедото ќе пушел качак, ама све друго му било здраво од храна без пестициди, од воздух без смог, здравје со хербални лекови без хемикалии, па и без ТВ и радио од каде идат стресни вести, компјутер и оффис стресови, нормално со мала помош од наследни гени доживеал и виталност и долговечност,