Разни дискусии за човековото здравје и максимизирање на шансите за долговечен и здрав живот

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.556
Поени од реакции
8.386
До 100 може да се живее без мака, со примена на неколку работи. Спорт и тоа тренинзи со висок интензитет по 5 пати у недела, plant based diet, цигари и алкохол јок, можеби алкохол еднаш у месецот максимум и тоа не многу да се претера. Користење на суплементација во смисла на витамини минерали, пробиотици, екстракти како и масла и зачини.
Неколку пати во неделата излегување во природа, дали тоа ќе биде дел од тренинзите или не зависи од слободното време.
Ова како препорака е едно а во пракса е секогаш друго, во смисла на тоа како ќе се практикува како и квалитетот на храната како и суплементите.
Иначе 100 годишњаците се одликуваат со 4 гени https://www.newscientist.com/article/dn28688-four-genes-discovered-that-will-help-you-live-beyond-100/ иако и тоа не е пресудно, затоа што постојат ствари како епигенетика како и gene expression.
Кога сме на темава, скоро на дедо ми му славевме 100 год. акна две пива и поигра малку, до скоро сам копаше лозје, иначе има и повеќе од 100 год. ни сам не знае колку има :D
Имам приметено дека цигарите се најбитен фактор, пушачи не тераат далеку, така да тоа е прво што треба да се елиминира а и е корисно у смисла на финансии. Со тие пари ќе може солидна количина на суплементи да се набави.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.819
Поени од реакции
7.187

А дедо ти, што суплементи купуваше во неговите 100 години ?? Сигурно и веган е :D

Земјите со доминантно муслиманско население имаат најмала стапка на заболени од канцерогени заболувања
Конекција?
Ако така правиш конекции, јас ќе најдам конекција дека во муслиманските земји најмала е стапката бидејќи жената му е покорна на мажот. :D
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.055
Поени од реакции
29.419
^^
Дедо му не се хранел со индустриски произведувана храна на ниви кои повеќе децении не виделе природно ѓубриво. Дедо му јадел домашни работи без милион пестициди/хербициди/разни-циди, не дишел отровен загаден воздух, се движел и работел цел живот, живот кој го живеел во неспоредлиов помалку загадена животна средина и кога се јадела многу поздрава поквалитетна храна.

Денес кој не суплементира барем неколку основни работи, грешка прави. Ете макар витамин Б12, цинк, и магнезиум... Ако баш морам од ракав да извадам само 3 работи.

До 100 може да се живее без мака, со примена на неколку работи. Спорт и тоа тренинзи со висок интензитет по 5 пати у недела, plant based diet, цигари и алкохол јок, можеби алкохол еднаш у месецот максимум и тоа не многу да се претера. Користење на суплементација во смисла на витамини минерали, пробиотици, екстракти како и масла и зачини.
Неколку пати во неделата излегување во природа, дали тоа ќе биде дел од тренинзите или не зависи од слободното време.
Ова како препорака е едно а во пракса е секогаш друго, во смисла на тоа како ќе се практикува како и квалитетот на храната како и суплементите.
Иначе 100 годишњаците се одликуваат со 4 гени https://www.newscientist.com/article/dn28688-four-genes-discovered-that-will-help-you-live-beyond-100/ иако и тоа не е пресудно, затоа што постојат ствари како епигенетика како и gene expression.
Тоа е идејата, не може сите да го имаме генотипот ама можеме (да се обидеме) да го емулираме фенотипот.
Штета пред пар години што не искористив имаше многу добар попуст на ДНК секцвенционирање, не дека оттогаш сум разгледал како идат сега цените.

Во врска со движење во природата, студија:

Нeкој добар ресурс со упатства за resistance training за почетници?
Сешто наоѓам, ама или глупости наоѓам или не знам да проценам што е добро.
Автоматски споено мислење:

Не е до аргументите, можеш 100 студии за аутофагија да наведеш Рон пак ќе ги изигнорира и ќе ќаже се е ова псеудонаука!
Нема ваљда да се споредуваме тролaње со дискутирање? :)

Сериозно, но досега не сум слушнал контраргументи на еволуцијата. Како вид сме сештојади, омнивори, така ги добиваме нутриентите. Во денешно време сите мора да суплементираме, ама за еднакво добро да функционираш како веган мора да суплементираш неспоредливо многу повеќе нутриенти кои не ги добиваш како 100% хербивор. Многу пазење треба, треба буквално за нутриционизам да дипломираш, и на крај пак не можеш да бидеш сигурен дека денешната наука не испушта нешто важно... Или можеш да јадеш и месо, понекогаш барем. За мене лесен е изборот, затоа што изборот го правам од практични и здравствени, наместо од идеолошки и „етички“ причини.

Јас лично најмногу гледам да пазам и да избегнувам рафинирани јагленихидрати, иако повремено, пар пати месечно си дозволувам и оброци како лазањи/пица. 90% од исхраната ми е секаков зеленчук (свеж или готвен), комбнирано со традиционални македински јадења како грав, леќа, зелка/купус. 2-3 пати неделно јадам месо, во умерени количини. Секој ден јадам маснотии како сирење или јајца (домашни), исто во умерени количини (не сум кето).
Сето тоа во два оброци дневно, се навикнав и неколку години така функционирам.

Пред повеќе години имав ~20 килограми повеќе кои никако не може значајно да ги симнам, ни со вежбање ни со движење, ни со пазење на внес на калории. Потоа ја сменив исхраната како што опишав, и сѐ се смени. Работата е во голем внес на јагленихидрати, посебно рафинирани.

Тоа е мојата пракса.
Теоријата ја влечам од еволуцијата и фактот дека како вид сме сештојади. Месо ни треба, маснотии ни требаат. Нормално во умерени количини. Другото зеленчук и растителна храна богата со растителни влакна.

Контрааргументи против еволуцијата уште не сум слушнал. Исто и за вегани кои сите 100 години ги живееле како вегани, исто како што не сум слушнал за 100% месојади (има и поклоници на таква исхрана) кои живееле 100 години и сите 100 години ги живееле како карнивори.

Но ако некој поседува добри контрааргументи, ајде да ги слушнеме. :)
Автоматски споено мислење:

Ако така правиш конекции, јас ќе најдам конекција дека во муслиманските земји најмала е стапката бидејќи жената му е покорна на мажот. :D
Недостаток од стрес е значаен фактор за здравје, докажано е со многу истражувања и студии. :D
 
Последно уредено:

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.556
Поени од реакции
8.386
А дедо ти, што суплементи купуваше во неговите 100 години ?? Сигурно и веган е :D
Он јадел многу скромно...ептен скромно, чувал стока и јадел тоа што имало. Ништо од храната не третирал со хемикалии, а најверојатно доживува 100 заради гените, значи гени во комбинација со чиста еколошка средина.
Неговото е среќа, а не би одел на среќа когастанува збор за долговечност.
Автоматски споено мислење:

Нeкој добар ресурс со упатства за resistance training за почетници?
Сешто наоѓам, ама или глупости наоѓам или не знам да проценам што е добро.
Тренирај и увек поместувај ги границите, биди на 70% барем 15 мин. од тренингот за старт, после зголемувај интензитет. Зависи у што уживаш, трчање, точак, фудбал, баскет и т.н.
 
Последно уредено:
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.625
Сериозно, но досега не сум слушнал контраргументи на еволуцијата. Како вид сме сештојади, омнивори, така ги добиваме нутриентите.
Па шимпанзо и горила, исти омнивори сме, зошто они не јадат месце?
Туку тоа е зезната тема, пример ако сум пушач ќе ти извадам студии дека одредена бројка цигари дневно е добро за здравјето. штитат од ковид, дедо ми до 90 пушел и умрел од паѓање по скалите, интелигенцијата ќе ја користам да си ја оправдам навиката.

Науката вика дека како старееме треба да намалуваме во количина на храна, посебно протеини, истражи го ова. Звучи дека ти фино се храниш, блиску до Жан. Зирни Сардинија сина зона, имаат најмногу 100-годишни.
 
Последно уредено:
M

Macedon1um

Гостин
Тренирај и увек поместувај ги границите, биди на 70% барем 15 мин. од тренингот за старт, после зголемувај интензитет. Зависи у што уживаш, трчање, точак, фудбал, баскет и т.н.
Не е баш паметно да ги поместуваш границите, еден куп експерти баш кажуваат спротивно умерена физичка активност значи нешто доволно да ги размрдаш мускулите а не да ги носиш до крајности и оптоваруваш повеќе од што е потребно
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.556
Поени од реакции
8.386
Не е баш паметно да ги поместуваш границите, еден куп експерти баш кажуваат спротивно умерена физичка активност значи нешто доволно да ги размрдаш мускулите а не да ги носиш до крајности и оптоваруваш повеќе од што е потребно
Живите организми се склони на дијалектички принципи, нешто у стилот на железо кога се кова. Колку повеќе го тераш до лимит толку повеќе станува појако.
Стварта е лимитот, и тој дел е светиот грал во спортот. Мерење пулсеви, притисок и т.н. додека се тренира. Затоа Македонија не може да произведе добри спортисти, немаме фитнес тренери. А проблем е во пубертет да се контролира тоа.
Ма да новите генерации, негде од 2000 навака се у релативно добра кондиција, затоа и имаме генерација на успешни спортисти горе доле. Не е чудо Македонија како репрезентација во фудбал на пример што догура толку.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.055
Поени од реакции
29.419
Само да разјасниме дека во случајов не зборуваме стриктно за работи како бркање резултати/рекорди/профи успеси или нешто слично. Зборуваме за здравје на обични луѓе, за активирање на одредени биолошки механзми како на пример зголемување на хормонот за растење кој во случајов се активира заради зголемување на мускулите ама е корисен за општа добра здравствена состојба.

Одржување добра физичка состојба и сила, посебно во долните екстремитети е есенцијално за добро здравје и за долговечност. Затоа што во просек кога човек ќе изгуби способност да се движи, да оди, крајот е блиску. Не само тоа, туку и квалитетот на животот оди во бестрага. Всушност квалитетот на животот е и поважен од самата долговечност... Пошто кој сака долго да живее врзан за кревет, со болки и со мизерија?

Затоа resistance training за вежби за ноги. Веројатно форсирање при планинарење, и ридско трчање е добар избор за ова.
Исто е важно фокусирање на грбот, посебно долната половина. Треба да побарам, некаде имам линкови со клупа за вежбање на долниот дел од грбот. Без тегови, само со телото... Треба и повеќе да истражам, сигурно има достапни ресурси.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.070
Поени од реакции
78.291
Мене коа бев мал, многу мал, ме чуваше дедото на комшијата, дур сите беа на работа. Живееше на осми спрат и имаше, тогаш, 101 година. Не користеше лифт и пушеше тутун секој ден, кој сам го виткаше на 100 години. Наместо хартија за виткање тутун, користеше новинска хартија. For real.
Беше, едно време, најстар у Македонија. Умре неколку години после тоа, на некои 103-105 години.
Постарите ми викаа дека он така, бидејќи пред да се доселат овде, цел живот живеел на село и пасел овци у природа. (или кози беа)

Неодамна дознав дека нема везе тоа. У ствари он млад се оженил (пред Втора Светска, а можда и пред Прва) со некоја Французинка и живеел едно време у Париз, па после се вратил на село.

Како и да е, други времиња и услови за живот биле тоа. У нешто бољи, у нешто друго полоши.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Он јадел многу скромно...ептен скромно, чувал стока и јадел тоа што имало. Ништо од храната не третирал со хемикалии, а најверојатно доживува 100 заради гените, значи гени во комбинација со чиста еколошка средина.
Неговото е среќа, а не би одел на среќа когастанува збор за долговечност.
Автоматски споено мислење:

Тренирај и увек поместувај ги границите, биди на 70% барем 15 мин. од тренингот за старт, после зголемувај интензитет. Зависи у што уживаш, трчање, точак, фудбал, баскет и т.н.
Дедо му имал брат кој умрел на три месеца и сестра која умрела на две години, па зависи.
ДДТ има спасено барем милијарда луѓе и овозможено да се родат и повеќе од тоа, па сега како се земе тоа со хемикалиите, треба да се има поглед на обете страни :)
Познавам неколку лица кои се бават со веганизам и од тоа што сум видел не сум импресиониран.
Ако постојат студии кои се бават со влијанието на исхраната врз психолошкото здравје би било интересно да се види, вака крајно анегдотално сите вегани кои ги знам се некако нервозни, напнати, невротични и не делуваат нешто особено здраво.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.819
Поени од реакции
7.187
Он јадел многу скромно...ептен скромно, чувал стока и јадел тоа што имало. Ништо од храната не третирал со хемикалии, а најверојатно доживува 100 заради гените, значи гени во комбинација со чиста еколошка средина.
Неговото е среќа, а не би одел на среќа когастанува збор за долговечност.
Сега испомеша се и сешто. Скромно и здраво се хранел, па до гените, за на крај да кажеш неговото било среќа :D .
Дај одлучете се, до гените ли е, до среќата ли е, до исхраната. Ако е до гените, јасно ти е дека тие се менуваат, па сите што имаат повеќе од 10.000.000 долари на сметка, гарантирана ќе им е 100та или па нивните деца.

Ако овој систем функционира во комплет беспрекорно, тогаш мал ќе е бројот на луѓе со симптоми:
ЦАРЕ (CARE)

Ц - циркулација
А - асимилација
Р - релаксација
Е - елиминација

Ако постојат студии кои се бават со влијанието на исхраната врз психолошкото здравје би било интересно да се види, вака крајно анегдотално сите вегани кои ги знам се некако нервозни, напнати, невротични и не делуваат нешто особено здраво.
Ти како шегата: влези во месарница, сите насмеани, расположени, црвени во образите. Влези во продавница за вегани, исушени, бледи, се им смета.
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.625
Дедо му имал брат кој умрел на три месеца и сестра која умрела на две години, па зависи.
ДДТ има спасено барем милијарда луѓе и овозможено да се родат и повеќе од тоа, па сега како се земе тоа со хемикалиите, треба да се има поглед на обете страни :)
Познавам неколку лица кои се бават со веганизам и од тоа што сум видел не сум импресиониран.
Ако постојат студии кои се бават со влијанието на исхраната врз психолошкото здравје би било интересно да се види, вака крајно анегдотално сите вегани кои ги знам се некако нервозни, напнати, невротични и не делуваат нешто особено здраво.
Тие изгледа ептен убаво ги мијат салатите па им фалат инсекти во исхраната.
 
@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.629
Поени од реакции
2.071
Микс од повеќе фактори е рецептот за долговечен и здрав живот. 1.Психолошкиот момент односно менталниот склоп (справувањето на човекот со стресот), 2. Здрава исхрана, 3. Физичка активност, 4. Гените. Првенствено мислам дека големо влијание има психолошкиот момент односно како човекот се справува со стресот и сите останати работи кои ги носи животот и самите гени. Ако човекот се потресува и за сите можни работи се нервира, џабе му е и здрава исхрана и сите други фактори. Додека кога сме кај исхраната, порано поздраво се хранеле поради фактот дека поголем број од намирниците односно производите сами ги одгледувале или произведувале. На пример луѓето на село чувале животни и не ги хранеле со концентрати и останати хемикалии туку биле пуштени да шетаат и се хранеле со она што ќе го најдат во природата или пак ги хранеле со сено, трева, билки за чај, пченка, пченица и слично. За разлика од денес кога јадеме храна полна со пестициди и мал милион други хемикалии. Луѓето од село секојдневно биле физички активни, работеле на нивите и во полињата. Според мене самиот живот на село во минатото било половина здравје.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.523
Поени од реакции
9.413
Дали луѓето што имаат многу пари и моќ ги рачунате во вашиве идеи за максимизирање на здрав и долг живот..пр.Рокфелер, кој имал 6 трансплантации на срце, вкупно со неговото родено, 7....седум срца и 99 години живот.
Сега со ваква напредна медицина и технологија, животот ќе може да се продолжи, но само парајлиите ќе можат да си го дозволат тоа, употребувајќи разни витамински бомби кои чинат ѓавол и пол.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.055
Поени од реакции
29.419
Ние овде дискутираме за методи и постапки кои се достапни за сите. Не знам за трансплантации на органи aма конкретно за суплементација и витамини, иако цените овде кај нас се релативно скапи сепак постои поевтина (и поквалитетна) алтернатива во облик на онлајн продавницата iherb.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom