Разни дискусии за човековото здравје и максимизирање на шансите за долговечен и здрав живот

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.313
Поени од реакции
29.781
Насловот треба да објасни дека дискусијата не мора да биде тесно ограничена на очигледните работи како исхрана и lifestyle вклучително со спорт и физички активности, туку може да се дискутира за сѐ што ги максимизира шансите за здрав живот на луѓето. Некои од работите ќе ги набројам, друго може било кој да дополни. Значи тука би влегле и суплементи и витамини како додатоци во исхраната. Одредени лекови и/или други супстанци кои докажано се полезни за здравјето. Хидротерапија, термотерапија (Вим Хоф). Ароматерапија и есенцијални масла. Пробиотици, или поточно храна богата со пробиотици како домашен млечен кефир, домашен јогурт, воден кефир, комбуха, кисела зелка/туршија, и разни ферментирани пијалоци и ферментирана храна. Билкарство, посебно традиционално со локални билки. Итн. Буквално сѐ, буквално било што - сѐ додека истото е издржано и аргументирано со научни истражувања и студии. Значи без глупоштии како хомеопатија и слични квазинаучни моменти.


Во продолжение ќе цитирам еден форумски колега... Темава всушност иницијално ја отворам за да не продолжуваме во офтопик на друга дискусија. Едноставно кога барав каде да се префрлиме видов дека немаме ваква тема на форумот.
Автоматски споено мислење:

Токму за ова ти зборам, ја го увидувам со тебе сега, не е во прашање глупавост, напротив гледам дека си баш баш интелигентен но го заобиколуваш најбитниот не аргумент туку факт - веганите се многу здрави, ковид не ги коси, го поминуваат или асомптоматски или многу лесно. Немаат кардио васкуларни проблеми. Мене ме интересира што работи на терен, согледувам дека колку и да се забегани и напорни со убедување сепак нешто поточно прават бидејќи резултат се гледа. И пак ќе потенцирам, не е темата веганство туку пример е за бајс кој го правдаме и тоа подобро со шо поголема интелигенција. Ја лично ќе го направам експериментот да ги избацам животинските протеини, барам нов назив само различен од веган, помислив на - постам - лепи и со десница и левица. Ако вооппто имам теза ткму ова би било, ни требаат решенија кои би работеле и лево и десно, унитарно, чистина на перцепција што точно работи кај секој и склапање на подобри решенија базирани на нашата природа. Десница е акција, левица креативност, како и во мозокот така и во реалноста ни требаат и двете, не треба да се забега во ниедна, како што гледаме низ историјата а и сега. Пример одговорот на пандемијата е типично екстремна левица, секој живот е бесценет, ќе се испозатвориме, ќе пропаднат бизниси, системот е на апарати, десницата вика - како и во војна така и сега некој мора да умре за да системот продолжи. Како да ги склопиш двете? Мене исхраната на веганите ми е одговорот, но тогаш Жан Митрев немаше да има пациенти, немаше да изгради ваква болница. Проверив како се храни Жан и се насмеав, он се ова одамна го знаел. :)
Види, дај некој извор/факт за ова што го пишуваш. Од каде веганиве имуни на болести како ковид-19?
Јас прв пат слушам за тоа.

Туку ако зборуваме за експерименти, еве еден многу долг практичен експеримент: Човечката еволуција. :)
Трае со векови, милениуми. За сето тоа време видот (Homo Sapiens) според исхраната се сештојади или омнивори, јадат и билки (зеленчук, овошје) и месо. Дигестивниот систем е тој на омнивор, со еден желудник, со цревна флора соодветна на исхраната на омнивор. Релативно краток дигестивен пат, малку подолг од тој на месојадите но и многу пократок од тој на хербиворите ( кои имат по неколку желудници во каскада, преживање навечер, итн).
Резултатот од овој „експеримент“ е всушност модерниот човек. Видот Homo Sapiens.

Пред некоја деценија е почна нов, неспоредливо пократок експеримент. Се вика веганство. Тек треба долгорочно да ги видиме резултатите од овој експеримент, но теоријата на поклониците на веганството е дека во еден животен век, во една генерација, може човекот од омнивор да се направи хербивор (да не кажеме да еволуира во хербивор).


Туку навистина со што се храни Жан? Но исто така и следново прашање, со што се хранел Жан поголемиот дел од животот? :)
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.653
Поени од реакции
34.942
Автофагија :D
А да стигнеш до неа ќе треба да применуваш гладувања, пожелно барем 24 часови 1-2 пати неделно, или уште подобро блок од 48 часови. Има и такви што одат со dry fast, или гладувања од по 4 денови, ама не сум тестирал на себе подолго од 48 часа.

Типот на храната нема да ја коментирам, немам времe за тој тип на дискусија :D

 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.625
Види, дај некој извор/факт за ова што го пишуваш. Од каде веганиве имуни на болести како ковид-19?
Јас прв пат слушам за тоа.
Еве


Participants who reported following plant-based diets, including a vegetarian diet, had 73 percent lower odds of moderate-to-severe symptoms, and those who reported following a pescatarian diet had 59 percent lower odds.

За омнивори, сите примати се но:

Does chimpanzee eat meat?


Most of the time chimps are vegetarian, eating berries, fruits, leaves, and seeds, plus the occasional egg or insect. But being primarily vegetarian doesn't mean chimpanzees never eat meat. They are known to hunt and kill monkeys.

Gorillas stick to a mainly vegetarian diet, feeding on stems, bamboo shoots and fruits. Western lowland gorillas, however, also have an appetite for termites and ants, and break open termite nests to eat the larvae.

Вака се храни Жан, прајмерили веџетериан со окејжнли месце за викенд пошто он знае дека ние сме мајмуни, доколку го најдам видеото каде тоа го изјавува ( во емисија за готвење беше ) ќе споделам.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.657
Поени од реакции
38.839
ова е све псевдонаука. Не вреди човек ни да се замара да осмислува постови, кога го прочитав тоа Вим Хоф, сфатив што е работава.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.313
Поени од реакции
29.781
Автофагија :D
А да стигнеш до неа ќе треба да применуваш гладувања, пожелно барем 24 часови 1-2 пати неделно, или уште подобро блок од 48 часови. Има и такви што одат со dry fast, или гладувања од по 4 денови, ама не сум тестирал на себе подолго од 48 часа.
Оф да бе... Заборавив. Постење и се разбира аутофагија. Добро што спомна. :)


Два пристапа може да се одвојат. Првиот е intermittent fasting. Тоа му доаѓа концепт каде јадењето го сместувате во период од 8 до 12 часови, и не се јаде ништо останатите часови од деноноќието, или 24-те часови. Практично се работи за прескокнување оброк, дали доручек или вечера тоа е работа на избор. Јас лично едноставно касно доручкувам, за ~5 часови ручам/вечерам... Мислам кога не забушавам, и не грицкам нешто со пијачка и филм навечер. :D
Со ова се добиваат дел од придобивките на целодневно или повеќедневно постење.
Немам при рака добро видео, но еве го ова како пример (авторот е релативно ОК, колку што го паметам и од други видеа): https://www.youtube.com/watch?v=LLVf3d0rqqY


Другиот пристап е целодневно или повеќедневно постење. Jaс лично еднаш месечно (со повремено забушавање), практикувам ден-и-пол или ~36 до 40 часовно постење. Едноставно скокам вечера, не јадам ништо следниот ден, и вториот ден потоа првиот оброк е некаде окулу пладне. Се препорачува првиот оброк да е лесна супа со протеини, јас обично постот го прекинувам со лесна пилешка супа (без зеленчук во случајов).
Сум направил пар пати два и пол дневни постови, ама некако екстремо ми се чини.

Ова заслужува многу пообемно пишување, но има куп материјали на нет и на јутјуб. Луѓето се плашат дека е тешко, но јас зачудувачки лесно го поминувам постењето, можеби заради претходонот искуство со intermittent fasting. Финтата е денот кога се пости да биде зафатен со активности, се разбира не тешки физички активности но да се биде преокупиран. Обично за тој ден оставам еден куп работи.
Се разбира се пијат течности, може кафе (јас не пијам) и чаеви, но не и сокови. Се разбира без шеќер/млеко/итн.


Поентата на сето ова е активирање на одредени биолошки процеси, меѓу кои и аутофагија. Аутофагија е буквално јадење на оштетените клетки во организмот. Потоа истите се обновуваат, но најважното е што се избегнува долготраен живот на оштетените клетки: теоријата е дека тоа е еден од ризик факторите за рак. Зборуваме за секојдневно нормално оштетувае на секакви клетки, од различните надворешни влијанија.

Целата работа е заснована на анализа на начинот на живот на нашите претци пред развојот на земјоделството, кое од еволутивен аспект е многу скорешен настан. Претходно видот битисувал како hunter gatherer, и не секогаш била достапна храна. Често луѓето поминувале и по неколку денови без храна... Ако тој начин на живот го споредиме со денешниот модерен живот, ќе видиме дека денес се јаде најмалку 3 пати на ден, со многу ужинки помеѓу оброците, грицкање сешто, јадење благо, итн...

Организмот процесот на аутофагија на оштетените клетки го остава за периодите на гладување. Еволуциски гледано предност е ресурсите штедливо да се користат. Кога се нема храна тогаш е време за рециклирање на оштетените клетки. Но со модерниот живот? Повеќето луѓе никогаш не се гладни повеќе од неколку часови. Никогаш/ретко има услови за активирање на аутофагија затоа што сеуште живееме со истата регулација на активирање на биолошките механизми како на нашите hunter gatherer претци. Оштетените клетки остануваат во функција многу подолго отколку што биолошки е предвидено. Со тоа наводно се ствараат повеќе услови и ризик фактори за појава на рак/канцер.


Типот на храната нема да ја коментирам, немам времe за тој тип на дискусија :D
Хаха, да разбирам што сакаш да кажеш. :)
 
Последно уредено:
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.344
Поени од реакции
4.963
Да аутофагијата ис д ријл дил
_by_Pew_Research.svg.png

A-world-map-of-cancer-incidence-displaying-geographic-distribution-of-core-collection-of.jpg

Земјите со доминантно муслиманско население имаат најмала стапка на заболени од канцерогени заболувања
Конекција?
БАЈРАМСКИ Пости!!!!
Секоја година се подвргнуваат на едномесечно чистење на организмот од сите токсини
 
Член од
1 мај 2021
Мислења
184
Поени од реакции
742
Да аутофагијата ис д ријл дил
Прегледај го приврзокот 320202

Прегледај го приврзокот 320203

Земјите со доминантно муслиманско население имаат најмала стапка на заболени од канцерогени заболувања
Конекција?
БАЈРАМСКИ Пости!!!!
Секоја година се подвргнуваат на едномесечно чистење на организмот од сите токсини
Најискрено не знам колку држи вода теоријава, да преку ден издржуваат јуначки но затоа коа ќе се стемни и ќе дојде време за ифтар се товат бетер од стока, не за џабе голем дел од нив качуваат килажа место да симнат.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.344
Поени од реакции
4.963
Па незнам сега колку е теорија ако се Бројки! во прашање.
Ако во
Катар заболуваат 100 на 100.000, а во САД заболуваат 360 на 100.000


Сигурно не е од Халал Metro и Albeni
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.313
Поени од реакции
29.781
Еве


Participants who reported following plant-based diets, including a vegetarian diet, had 73 percent lower odds of moderate-to-severe symptoms, and those who reported following a pescatarian diet had 59 percent lower odds.
Моето мислење е... Неубедливо, недоволно убедливо за конклузија на нашиов муабет. :)

Двата текстови што ги линкаш, го цитираат истово истражување:
Истражувањето всушност е анкета со пополнување на прашалник каде испитаниците пополнуваат изборни точки. Но јас никаде не можев да ги најдам бројките, колкумина од испитаниците се месојади, колкумина се омнивори, колкумина се вегани, а колку вегани што додатно јадат риба и морска храна. Можам само да шпекулирам дека извесно мал број се вегани, и дека обично тоа се луѓе што се свесни за здрав живот, вежбање/движење и суплементирање со суплементи и витамини.

Можеби/веројатно другиве (големото мнозинство) се обични луѓе, кои како што знаеме се просечно мрзливи и поголемиот дел не се замараат со вежбање и суплементирање и останатите работи кои се важни за здравјето. Сакам да кажам дека вториве не ги карактеризира исхраната туку општото незамарање со здрав живот... Соодветно на тоа (ако е така) и сликата што ја дава истражувањево не е реална за нашиов муабет - споредба на двете исхрани, или омнивори наспроти вегани/хербивори. За објективни споредби сакаш две групи луѓе што еднакво се грижливи за здравјето, за движење и вежбање, за суплементирање, и општо за здрав lifestyle.

Најреални секако се контролирани студии/трајали со плацебо контролни групи, со испитаници кои во текот на истражувањето ќе се контролираат што јадат и каков lifestyle имаат, што јасно дека во случајов не е лесно изводливо (или воопшто не изводливо).


Но ајде ако ги најдеш точните бројки на испитаниците (ти или некој друг), колкумина биле вегани а колкумина не тогаш нема да мораме да шпекулираме.
Патем ќе ти обратам внимание на фактот дека во заклучокот за тие што најлесно поминуваат ковид наведуваат вегани и „вегани“ што јадат риба и морска храна (пескатаријанци). Какви се тие вегани што јадат риба и морска храна? ;)

 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.250
Поени од реакции
3.174
Да аутофагијата ис д ријл дил
Прегледај го приврзокот 320202

Прегледај го приврзокот 320203

Земјите со доминантно муслиманско население имаат најмала стапка на заболени од канцерогени заболувања
Конекција?
БАЈРАМСКИ Пости!!!!
Секоја година се подвргнуваат на едномесечно чистење на организмот од сите токсини
Ај за дијабетес, таму доминираат.
 
Член од
19 март 2012
Мислења
383
Поени од реакции
210
Еден од најдобрите канали на оваа тематика, долговечност, суплементација, лекови, исхрана и се поврзано со здравје и долговечност ( и многу други теми ).
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.313
Поени од реакции
29.781
Без доволно добри аргументи, секако дека нема.
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.625
Без доволно добри аргументи, секако дека нема.
Не е до аргументите, можеш 100 студии за аутофагија да наведеш Рон пак ќе ги изигнорира и ќе ќаже се е ова псеудонаука!
Инаку истражи јадење еднаш дневно, не фастинг туку како постојан начин на живот, долговечните и здрави тоа прават.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom