Разни дискусии за човековото здравје и максимизирање на шансите за долговечен и здрав живот

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.616
Поени од реакции
8.485
Сега испомеша се и сешто. Скромно и здраво се хранел, па до гените, за на крај да кажеш неговото било среќа :D .
Дај одлучете се, до гените ли е, до среќата ли е, до исхраната. Ако е до гените, јасно ти е дека тие се менуваат, па сите што имаат повеќе од 10.000.000 долари на сметка, гарантирана ќе им е 100та или па нивните деца.

Ако овој систем функционира во комплет беспрекорно, тогаш мал ќе е бројот на луѓе со симптоми:
ЦАРЕ (CARE)

Ц - циркулација
А - асимилација
Р - релаксација
Е - елиминација

Ти како шегата: влези во месарница, сите насмеани, расположени, црвени во образите. Влези во продавница за вегани, исушени, бледи, се им смета.
Грешно се изразив...скромно у смисла количински, иначе не се хранел беспрекорно, јадел зеленчук и по нешто овошје, месо ретко и повеќе бил на кисело млеко, сирење, јајца и леб. Неговото е гени во комбинација со чиста еколошка средина, органска храна му била повеќето од оброците... знам грав, грашок, зелка, патлиџан, пиперка и т.н. увек имал. Имаше и едно грозје, некои 300 лози , до скоро сам го работеше....за вино и ракија по некад. Мислам дека и пчели имал порано, у оние плетени кошеви. Гените се пресудни во неговиот случај секако.....тоа го покажале студиите со 100-годишњаците.
Автоматски споено мислење:

Дедо му имал брат кој умрел на три месеца и сестра која умрела на две години, па зависи.
ДДТ има спасено барем милијарда луѓе и овозможено да се родат и повеќе од тоа, па сега како се земе тоа со хемикалиите, треба да се има поглед на обете страни :)
Познавам неколку лица кои се бават со веганизам и од тоа што сум видел не сум импресиониран.
Ако постојат студии кои се бават со влијанието на исхраната врз психолошкото здравје би било интересно да се види, вака крајно анегдотално сите вегани кои ги знам се некако нервозни, напнати, невротични и не делуваат нешто особено здраво.
Било и војна па никој не умирал за храна ако не бил окупиран подолго време, па и тоа тешко...повеќе во комбинација со студ било, како Ленинград 1944 на пример. Не постои издржан аргумент околу користењето на пестициди, хербициди, инсектициди како и ГМ. Колку ми е познато, нема болест на растенијата која е резистентна на бакар сулфат, а истиот не е штетен за луѓето у тие количини.
Иначе околу веганите што знаам...тоа е субјективно, не е за коментирање.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
Луѓе од семејството им стрелале пред очите, или им силувале жени/ќерки пред очи, и тоа не е стрес, ама работење по 8-10 часови е ;)
Граделе објекти од нула, рмбале на работа + трчале земјоделие (барем во мој крај), додека биле во село бебињата ги носеле во нива со нив и вршеле/жнееле на рака, и ете ги дедо ми и баба ми истераа по 85 години.

Е ова пак ме навраќа на првиот мој пост во оваа тема, автофагија (аутофагија веројатно на Српски), а најлесно се тригерира со стрес (гладувања, изложеност на бактериски инфекции и сл.) кои во тоа време ги имале во изобилство.

Мое видување е дека поновите и модерни генерации се премногу софт, па банални проблеми ги гледаат како да е крај на светот.
Како беше онаа: “Hard times create strong men, strong men create good times, good times create weak men, and weak men create hard times.”
Влијанието на насилството и оружените судари, сеуште свежи од 90-те на овие простори, се проучувани и студирани.
Влијанието на работата врз психо-физичкото здравје и долговечноста - не. Можеби има но не сум пронашол нешто сериозно. Ако некој знае нека постира.
Денес работата директно убива дупло повеќе луѓе по свет него сите војни.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.648
Поени од реакции
34.917

Работата убива, а земји каде ринкаат како кртови од утро до мрак, имаат подолг животен век од тука :toe:
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.769
Поени од реакции
21.178
До 100 може да се живее без мака, со примена на неколку работи. Спорт и тоа тренинзи со висок интензитет по 5 пати у недела, plant based diet, цигари и алкохол јок, можеби алкохол еднаш у месецот максимум и тоа не многу да се претера. Користење на суплементација во смисла на витамини минерали, пробиотици, екстракти како и масла и зачини.
I ti so kaza sega. Ili ajde da pretpostavam bilder si ili taka nesto .
Drugo bitno vo ova e zosto voopsto bi sakal da zivees 140 godini so takov stil na zivot.
Abe vidi, ako umiras umri srekjen i uste pobitno duri mozis izmet sam da si pravis, da ne im si teret na site okolu tebe, ili ajde teret na opstestvoto. Sto ako nekoj doziveal 100ka ako 20 godini vo peleni e i nekoj drug mu gi menva. Ti toa za zivot go racunas, dolgovecnost?
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
Работата убива, а земји каде ринкаат како кртови од утро до мрак, имаат подолг животен век од тука :toe:
Да, пошто единствена варијабила во целосната слика е работата.
Знаеш дека јапанци имаат засебен поим кој означува смрт од премногу работа? И дека таквите случаи ги регистрираат со нивната физиолошка ситуација, пример некој формално умрел од мозочен удар и како таков не влегува во статистика.
Мислам, до која мера треба да е отидена ситуацијата за да постои поим за смрт ради работа?

Завчера имаше два језиви случаи на смрт во Бучим при чистење силоси, затрупани работници полека се задушувале до смрт без да можат да претнат.
Према инфото од ИЛО (меѓународна организација на трудот на ООН) беше фактот кој го споменав за работа вс. војни.

Во нивното инфо не се вклучени робовите (кои денес ги има повеќе во апсолутен број него во римско време), involuntary servitude и многу други состојби.

Избегнување на работа во високоризични и стресни сектори и тоа како влијае позитивно на живеачката.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.648
Поени од реакции
34.917
Да, пошто единствена варијабила во целосната слика е работата.
Знаеш дека јапанци имаат засебен поим кој означува смрт од премногу работа? И дека таквите случаи ги регистрираат со нивната физиолошка ситуација, пример некој формално умрел од мозочен удар и како таков не влегува во статистика.
Мислам, до која мера треба да е отидена ситуацијата за да постои поим за смрт ради работа?

Завчера имаше два језиви случаи на смрт во Бучим при чистење силоси, затрупани работници полека се задушувале до смрт без да можат да претнат.
Према инфото од ИЛО (меѓународна организација на трудот на ООН) беше фактот кој го споменав за работа вс. војни.

Во нивното инфо не се вклучени робовите (кои денес ги има повеќе во апсолутен број него во римско време), involuntary servitude и многу други состојби.

Избегнување на работа во високоризични и стресни сектори и тоа како влијае позитивно на живеачката.
Многу си ми уплашен од работата.
Во транзициско време немаше ни работа, ни пари, па гледам тие генерации ретко кој има шанса за долговечност.
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.616
Поени од реакции
8.485
I ti so kaza sega. Ili ajde da pretpostavam bilder si ili taka nesto .
Drugo bitno vo ova e zosto voopsto bi sakal da zivees 140 godini so takov stil na zivot.
Abe vidi, ako umiras umri srekjen i uste pobitno duri mozis izmet sam da si pravis, da ne im si teret na site okolu tebe, ili ajde teret na opstestvoto. Sto ako nekoj doziveal 100ka ako 20 godini vo peleni e i nekoj drug mu gi menva. Ti toa za zivot go racunas, dolgovecnost?
Не бе билдер, ја играм у моментов 3 пати неделно по еден саат фудбал и плус по некој тренинг теретана или кардио на статичен точак, орбитрек и справа за веслање. Ми се погодило имам сам теретана и сите овие справи.
Фората е у исцрпување на организмот.....ја до душа претерувам со фудбал, одам до 90 па некад 100% од можности, душа ми излегува.
Иначе планирам да играм фудбал до 60 год. а спорт не планирам да прекинам никад, додека сум на нозе....после тоа у некоја вода со ајкули :D
Пинг понг ќе си ги плескам сите до 80 :D
Автоматски споено мислење:

Иначе темава е голема, и има многу што да се лафи....може да се гледаат работите поединечно, и да се потенцираат одредени нутриенти кои имаат значително влијание, како и некои принципи во исхраната....како intermittent fasting или time restricted eating.
Еве нешто инфо на темава...некоја насока за почетници.
 
Последно уредено:

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.616
Поени од реакции
8.485
Ќе се ожениш ќе напраиш деца ќе си го прашам три пути у недела фудбал дека ќе играш.
Животот е убав, што има да си го упропастуваш со деца и жена?
Се зезам....се наоѓа време секој ден за спорт, ама полесно се наоѓа изговор за да не се спортува :D
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.585
Поени од реакции
34.769
Животот е убав, што има да си го упропастуваш со деца и жена?
Се зезам....се наоѓа време секој ден за спорт, ама полесно се наоѓа изговор за да не се спортува :D
...а бе ај ќути ти таму, после еден ноќен секс, следниот ден цел ден спиеш, ќе спортувал до старост! :D
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
Многу си ми уплашен од работата.
Во транзициско време немаше ни работа, ни пари, па гледам тие генерации ретко кој има шанса за долговечност.
Напротив, имам прилично балансиран поглед и за разлика од тебе и такви ко тебе, не ја величам како тотем и не ми е табу да ја критикувам.
Што има врска транзициско време и како е тоа поврзано со било што?
Или само да се напише нешто, да се има последен збор?
Покрај психофизичкото здравје и животниот век, од работата страдаат и семејните и меѓучовечките односи во голема мера. Нешто не е во ред.
На темава се инсистира на исхрана, телесна активност, генетика....и толку. Иако генетика е број еден, има многу повеќе фактори од исхрана и активност.

Видете го пример Били Ајдол, има ишмркано камион кока, испушено плантажа трева, испиено цистерна алкохол, има 70+ години а делува како да има 45. Или доајенот на хероинот Кит Ричардс кој одбива да умре на 80 години.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.648
Поени од реакции
34.917
Напротив, имам прилично балансиран поглед и за разлика од тебе и такви ко тебе, не ја величам како тотем и не ми е табу да ја критикувам.
Што има врска транзициско време и како е тоа поврзано со било што?
Или само да се напише нешто, да се има последен збор?
Покрај психофизичкото здравје и животниот век, од работата страдаат и семејните и меѓучовечките односи во голема мера. Нешто не е во ред.
На темава се инсистира на исхрана, телесна активност, генетика....и толку. Иако генетика е број еден, има многу повеќе фактори од исхрана и активност.

Видете го пример Били Ајдол, има ишмркано камион кока, испушено плантажа трева, испиено цистерна алкохол, има 70+ години а делува како да има 45. Или доајенот на хероинот Кит Ричардс кој одбива да умре на 80 години.
Нема никакво величање, истата е обврска која треба да се заврши, делумно како должност кон општеството, делумно како потреба за финансии за нормален живот.

Во транзициското време во загубарите се работеше по 5-6 саати на ден (активни), па голем дел заминаа од 40-60 години. Срцеви удари, мозични изливи, карциноми на претек (барем во моја населба, и роднини, пријатели).

Семејните и меѓучовечки односи страдаат уште повеќе од недостаток на финансии, пола фамилии во мкд не прават муабет меѓу себе поради имоти/наследства/пари. Најголем дел од браковите се прекинуваат баш поради финансии.

За тие богатите не може да гарантирам дали е до генетиката, или имаат по 10 доктори на speed dial, и може да добијат највисоко ниво на медицински услуги уште во рани фази. И ти да правиш редовни скрининзи на цело тело, има време да отстраниш и било каков ситен недостаток уште во рана фаза.
 
Транзицијата не беше само во поглед на работни места него комплетно менување на општествен и економски систем преку ноќ. Масовниот грабеж, мамутските неправди, превари, заплена на девизи, ембарга, војни на граница, скоро па непостоечки пазар на труд, корупцијата и општата неспособност на одговорните влијаеја да две генерации луѓе страдаат на големо.
Може да се отвори цела тема за тоа.
Во последната година на Југа 1990-91 просек плата во СРМ беше 650-700 марки т.е. прилагодена за инфлација околу 700 денешни евра. 1992-93 платата опадна до 50-60 марки. Значи луѓето се најдоа во ситуација за иста работа да заработуваат 12-14 пати помалку. Мал си ти, не паметиш тие времиња.

Обидот безрезервно да се покаже работата како светиња од твоја страна е типична, не значи тоа дека си лош човек или било што такво, но тоа е тоа, еден од факторите кој придонесува за лош и краток живот сеуште е големо табу.

Нормално дека оние кои имаат пристап до квалитетно здравство имаат тенденција да живеат подолго, но и тоа не е гаранција, последниве години видовме милијардери и селебритис кои умреа релативно млади. Да не го заборавиме и клубот 27 :)
Хигиена, санитарии, превенција, сето тоа се огромни фактори за долг, и пред се здрав живот.
 
Па затоа и ти зборувам дека не е проблемот само работата, ти може со прст да не мрднеш пола живот, ама да те унаказат лопови во политиката и да скинеш конци млад.

Не ја прикажувам светиња, толку си ме сфатил.
Финтата е што ти пробуваш да му наметнеш грешна слика на луѓето, а и самиот имаше пишано дека си работел и по странство, и веројатно си ги средил најбитните животни прашања. Имам такви пријатели, вратија по 150-200 000 евра од надвор, ризикуваа 7-8 години од животот, и сега продаваат пуфки дека платата плата во администрација од 500 евра им била доволна за живот. Е да, доволна е ако исплатиш се со кешарац, и имаш доволно за да покриеш образование на децата, и бекап за во секој момент кога си во тесно.

Многу фактори се во игра, квалитетното здравство е еден од најбитните работи. Друга работа е и културата и навиките.
 
Па да, работев по странство ко коњ, срам ме јаде колку бев глуп, товарно животинче, но тогаш бев наивен и глуп и сметав дека рмбање по 10-12 саати е нешто позитивно. Не се вратив баш со такви суми, но сепак со солидни суми од неколку разни земји и да не беше трагедијата која ми се случи можеби никогаш немаше да размислувам на поинаков начин.
За разлика од твоите пријатели никогаш не сум помислил да работам државно, самата помисла ми е страна и гнасна. Можеби немаме примања колку што би имале да бевме на државно, но мирна глава, никогаш не стрепиме од избори кој ќе дојде на власт.

Приоритетите се менуваат. Знам дека темата не е за квалитетот на животот како можеби најважна ствар на светот, туку за негова должина и здравствена состојба, кои несомнено се крајно важни, но не и пресудни. Не би сакал на јавен форум да пишувам премногу за лични ситуации ама животот знае понекогаш да го натера човек да ги преиспита приоритетите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom