Јас лично не сум размазена, ниту сакам да бидам.
Патетични ми се таквите луѓе, се сакаат да им биде сервирано. Не ни помрднуваат со прст, а ете, се имаат.
Им даваат крила пред да научат да летаат. Па затоа се такви плачковци и плачки, од бубачки се плашат, тешка им е чашата да ја дигнат.
Неодговорни се, неорганизирани, се сакаат да бидат по нивно. Не им се учи, мамичка и татичко ги потплатуваат професорите за петки...
Најчесто разгалени се децата единци, кои што се сами и немаат со кого да ги делат своите играчки, со кого да си играат, да го бранат, да се караат.
Исто разгалени се и последните деца во семејството.