Разделбата што го промени мојот живот засекогаш

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
На 17 Август 2008 година отиде засекогаш Батичот, како што јас го нарекував мојот близок роднина. Имаше неполни 13 години. Се надевам дека таму некаде горе ќе продолжи да го живее останатиот дел од неговиот живот. Краткиот живот меѓу нас Бато остави многу убави моменти. Меѓу нас Бато, ти беше сонце! Таму горе биди ангел.
 
Член од
31 март 2009
Мислења
30
Поени од реакции
3
Секоја разделба е приказна за себе..Луѓето памтат ако сакаат..А јас сакам да ги памтам сите..
 
А

Александра Д.

Гостин
Има повеќе..Само ќе ги кажам двете највлијателни...
Како прва спаѓа загубата на мојот татко Александар кој боледуваше од рак на бели дробови... Кога тој почина (на моите 9 години) започна моето забрзано психичко растење... И многу од професорите и луѓето со кои зборувам ми велат дека знам повеќе одколку што знаат повеќето од мојата генерација..не зборувам за училиште, туку за знаење за животот.
Втората разделба е кога мојата тетка со која бев многу поврзана во раното детство се омажи и замина во Германија...И тоа ми падна тешко иако без многу мала....морав да се навикнам да ја гледам еднаш во 2 години што беше многу тешко за мене.
 
B

black angel

Гостин
pred 4 meseci koga go izgubiv tatkomi si otide bez nikakov pozdrav no se nadevam deka e na podobro mesto iako gospod mi go zema mnogu rano
 

Serengeti

Има само една вистина сето друго е лага
Член од
4 февруари 2009
Мислења
260
Поени од реакции
63
На ова се одговара времето лечи се...се поминува се се заборава, нормално на почетокот е многу тешко може и подолг период ќе ти биде тешко ама време поминува се се лечи скоро се се заборава ...живот продужује даље
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.784
Поени од реакции
4.023
не знам зошто на такви разделби гледате трагично ... ете јас од ко заминав да студирам странство 2 пати сум вратен дома само па шо треба сеа вените да си ги сечиме ? не сум додуша некој песимист или носталгичен , ама стварно нема потреба од солзи или тага. исто магде ко шо имаш напишано и другарките плачеа по мене, поготово првио пат ко заминав, па се вратив дома дури по 1 година
Разделбата моја со другарката не беше на неколку месеци,туку замина да живе таму засекогаш.
Не знам кога пак ќе ја видам,не знам дали воопшто ќе ја видам,а не е лесна таа помисла кога со некој си делел се во животот.
Затоа ми е трагично.
:smir:
 
Член од
2 април 2009
Мислења
1.405
Поени од реакции
177
Секогаш сум се приврзувала многу за луѓето околу мене и токму поради тоа разделбите секогаш ми паѓале ептен тешко ... но длабоко во себе знам дека така требало да биде и дека можеби некогаш нешто ќе се смени,а до тогаш ... јбг тоа е животот некогаш си немоќен за да направиш некои работи и за да спречиш нешто ... :icon_frow:cry::cry::cry:
 

Marshmallow

◦Kajganaholic◦
Член од
28 март 2009
Мислења
450
Поени од реакции
25
Лелеле ме расплакавте:place: Мене мислам дека ми се нема случено нешто вакво но читајки ги вашите стории не ни сакам!
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Многу се плашам од разделби, колку и да се тешки несакам да ги доживеам, но животот не е се така розов. Моментално се плашам од една разделба која да се молам дека нема да се случи,како што е планирано, зошто знам дека ќе ме смени од корен. Да изгубам толку важна личност од мојот живот,едноставно несакам и неможам. Колку пати имам плачено на ова,но нема солзите да ми се утеха,ниту некогаш ми биле..
Разделба која тешко ја доживеав беше смртта на мој внук(иначе,постар беше). Самата помисла дека го нема... неколку дена неможев да се свестам. Сега кога пораснавме, не се гледавме често,зошто живееше во Скопје, ама како мали кога ќе помсилев се што не имаме правено,кога ме возеше со новата кола..
Не ми се верува дека го нема веќе една и пол година..
 
Член од
18 декември 2008
Мислења
310
Поени од реакции
108
Смртта на мојот татко ме промени ептен многу
Од дете што беше весело и секојдневно се смееше преку ноќ се претворив личност која излегуваше од дома само за да оди на школо, почнав ептен ретко да зборувам (само по потреба), се затворив во себе и живеев во светот на сериите, кои секојдневно ги гледав. Живеев во моите сонови, па затоа знаев да спијам и по 15 часа дневно, за да избегам од проклетата реалност.
Затоа веке не се зближувам со никој, не планирам ништо и секогаш се надевам на најлошото, за повторно да не се разочарам
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Епа секоја загуба е потик за нова победа.Но ние како луѓе имаме способност да ги памтиме по нивните дела.Најмногу сум плачел за дедо ми затоа што пораснав со него неможев да поверувам дека еден ден и тој ќе умре,како сите нас.Но тоа ме направи да размислувам поинаку и сите загуби во мојот живот да не ги сваќам како негативни работи туку како дел од животот што сите не очекува.Иако друга случка која крајно ме шокира беше смртта на мојот пријател,кој умре во мои раце незнаејки дека тој умира,од тоа искуство добив повеќе мотив да научам за неговата болест и ако се повтори да спасам живот.А тој имаше бајпас на срцето и се сеќавам дека беше многу топло и заради тоа што не издржуваше неговото срце многу на топлина,и не брзото реагирање на брзата помош и на моето незнаење тогаш дојде до таква случка да се соочи со смрта.Иако до ден денес жалам за него,сепак тоа беше искуство кое ме научи да го почитувам животот и да го живеам до последниот здив.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
205
Поени од реакции
13
Скоро на сите ни се има случено некоја тешка разделба.. Можеби не на сите но на повеќето од нас сигурно.. Но сепак и тоа е составен дел од животот..
Раделбата сепак и не е нешто премногу лошо.. Само што ние самите го сваќаме премногу трагично..
И јас сеуште го памтам оној ден петти септември... кога за последен пат ми ја стисна раката и ми кажа дека се ке биде добро.. А подоцна истата вечер кога ме разбудија сватив дека веќе ништо нема да биде исто како порано...
Но таков е животот... Разделбите би требало само да не направат ПОСИЛНИ а не ПОРАНЛИВИ ....
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Први септември, 2008 година... Се е кажано.
 
S

SSS-Stolica

Гостин
Оффф лелееее...нејќам ич разделби многу се тешки посебно на почетокот...
Инаку разделбата која го промени мојот живот беше кога почина дедо ми пред 4 години...кога ја слушнав таа вест не ми се веруваше и почнав се да мавам што ќе ми дојде пред мене...пробав да не заплачам, ама кога видов како дедо ми лежи со затворени очи, да не ги бришев солзите цело езеро ќе создадев...на погребот не отидов дека не можев да гледам, а секогаш дедо ми беше тука за било каква работа дали е за утеха или за било која помош тука беше секогаш покрај мене
:(:(:(
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
105
Поени од реакции
37
Тешко се прилагодувам на промени.Последнава разделба ми беше со личност што премногу ја сакам, имавме планови како секој пар .. Но, оддеднаш се се сруши .
Немаше веќе планови .. немаше веќе надежи за подобро утре ..
Тоа мене ме уништи, неможев да си го сфатам животот без него , без мојата половина со која можев да функционирам а веќе немав ништо освен скршено срце , тешење од моите најблиски и спомени кои се сеѓавав на нив.
Уште не сум закрепнала .. Но, посилна сум барем така мислам ..
Секој ден мислам што би било доколку јас не го направев тоа , доколку те послушав ЌЕ ИМАШЕ ЛИ ИДНИНА ЗА НАС ???
Ми значиш премногу и неможе никој да те замени ..
Потребен си ми не би можел да замислиш колку.
Секој ден размислувам на нас и секој ден е исполнет со солзи и со надежи повторно да бидеме заедно.
Те сакам премногу .. Но , незнам дали ми вреди тоа .
Гледам парови, гушнати и си мислам : Дали ние би биле Среќни како Нив Еден Ден ???
Како да те заборавам ??
Тоа би било како да заборавам дел од мене , дел од мојата личност , дел од самата себе ..
Неможам да почнам нов почеток затоа што секогаш ти застануваш на него .. И ми кажуваш колку ти фалам.
Можеби некогаш ќе го прочиташ текстов.
Но, само знај дека во моето срце секогаш ќе има место за тебе !!
И скришно ќе те сакам ЗАСЕКОГАШ ...
И во секој нов ден ќе се обидам да најдам барем некој што ќе биде сличен на тебе и што ќе ме сака како тебе ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom