Разделбата што го промени мојот живот засекогаш

Член од
6 септември 2008
Мислења
1.049
Поени од реакции
367
Ке почнам со нај лошото...СМРТ одјде ангелот на Смртта и го зема твојот нај сакан/а, раскинуваш со дечкото/девојката, те напушта најдобар другар/другарка...итн. има милион разделби што се многу болни...


-пррашањето е: Која е твојата разделба што ке ја паметиш цел живот!!??
 

babydol

Copy...
Член од
15 јули 2008
Мислења
1.561
Поени од реакции
92
Никогаш нема да го заборавам утрото пред неколку месеци кога ме разбудија моите од спиење и ми кажаа дека братучед ми веке не е мегу нас, еве и денес добив слики од него и јас сеуште неможам да се освестам дека него навистина го нема.
А беше дете полно со живот, со неговите неполни 18 години имаше толку многу да пружи на светов, а реши да замине....Никој незнае зошто и која сила го натера да го направи тоа што го направи, но него повеке го нема мегу нас.
Тоа е нешто што ми остави длабока рана, и сега кога кога го пишувам текстов , се секавам на деновите минати со него, на неговата ведра насмевка, и тоа каков поглед имаше кон животот....
Едноставно беше единствен и никогаш нема да го заборавам
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Кога раскинав со втората девојка.

Тоа беше таков шок, што не сум свесен дали некогаш ќе ми биде така. Но сепак, тоа беше процес на учење и мислам дека мораше така да заврши, за да ми светнат некои работи во животот.

Тоа беше момент (добро де, период од неколку дена, мислам и недели), во кој ми се менуваше целата перцепција за светот околу мене. Како резултат, станав подобар човек, зашто тоа го надминав.
 

sonne

војвода
Член од
26 мај 2006
Мислења
2.664
Поени од реакции
123
одсекогаѓ сум ги мразел разделбите - без разлика во каков облик .
 
С

Сатори

Гостин
Која е твојата разделба што ке ја паметиш цел живот!!??
Се сеќавам на сите разделби во животот и сите го сменија текот на мојот живот, можеби само минимално во маргиналните делови, но сепак, да се смени и само една ситница е доволно.
Сепак, јас ги сакам разделбите, ми внесуваат свеж воздух во животот, ми отвараат нови можности, можам да си играм транзиција во еден одреден период и тоа е интересно.
Убаво е човек да знае да стави крај на една етапа кога ќе види дека таа релација (не е битно каква) го достигнала својот максимум и од тоа не може да се извади повеќе ништо продуктивно.
Продолжуваме понатаму, бараме некој/а нов/а.

I can't take my eyes off you ...
I can't take my mind off you ...
I will find somebody new ...
 

TheBossesSis

~ една жеМска со чаша ~
Член од
1 октомври 2007
Мислења
656
Поени од реакции
16
јас сум емотивна личност и сите разделби ме гаѓаат у срце (нормално зборувам за разделби со личностите шо ми значеле). го мразам дотичниот момент , она ЗБОГУМ ... бла бла да не мелам мн ,не ми се десила некоја wow разделба нешо којзнае шо да ме потресе а се надевам и нема да ми се деси :)
 

DarkWalker

Think globaly , Act Localy!!!
Член од
4 февруари 2006
Мислења
1.209
Поени од реакции
70
СМРТ ... Зошто ли мора да постои ова ... Никогаш нема да го заборавам моментот кога слушнав како мојата братучеда , школска , другарка направи тешка сообракајна несрека во која таа беше жртвата , едноставно цел живот заедно со неа сите се спремавме за матура , срекни , весели , расположени , муабети се шират кој што ке биде облечен , каде втора вечер , и наеднаш студенило не обзеде цела генерација... Се слушна веста дека М**** по кратко време и подлегнала на повредите и засекогаш не напушти. Како договорени сите наеднаш се собравме и неможам да ви опишам какво беше чуството кога знаеш дека најперспективната ученичка , најдобрата другарка од сите , ученичката на генерацијата повеке не е мегу нас само на неколку недели пред матурата ... Се собравме целиот клас вечерта во нејзиниот дом , и утредента сите заедно отидовме да и дадеме последна почит ... Ова е денто што ке го паметам цел живот о што после овој ден сватив всушност колку е краток животот и дека треба да го живееме секој ден како да ни е последен . Луге стварно неможам да ви го опишам овој ден , сакајте се , бидете срекни , уживајте во животот користете ја секоја прилика зошто незнаете што ве чека понатаму ... животот е еден , искористете го максимално . поздрав
 
Член од
6 септември 2008
Мислења
1.049
Поени од реакции
367
Никогаш нема да го заборавам утрото пред неколку месеци кога ме разбудија моите од спиење и ми кажаа дека братучед ми веке не е мегу нас, еве и денес добив слики од него и јас сеуште неможам да се освестам дека него навистина го нема.
А беше дете полно со живот, со неговите неполни 18 години имаше толку многу да пружи на светов, а реши да замине....Никој незнае зошто и која сила го натера да го направи тоа што го направи, но него повеке го нема мегу нас.
Тоа е нешто што ми остави длабока рана, и сега кога кога го пишувам текстов , се секавам на деновите минати со него, на неговата ведра насмевка, и тоа каков поглед имаше кон животот....
Едноставно беше единствен и никогаш нема да го заборавам

До сега не сум ја осетил смртта како дел од мојот живот а и не посакувам, нема некој што заминал во неповрат...колку што можам да видам од други луѓе (на пр. од тебе и многу други) Смртта на некој мил им остава најдлабока рана што ја носат со себе до крајаот на својот живот, и секогаш ги сожалувам што морало така да биде :(
 

bella

*HOT*
Член од
8 јуни 2008
Мислења
407
Поени од реакции
27
Кога со некој близок се разделуваш,оди во друга земја да живее,или пак раскинуваш со дечко/женска,навистина може да боли,но сепак имаш надеж дека можеби ќе се врати,дека ќе го видиш,ќе го слушнеш,макар да биде илјадници километри далеку од тебе,сега барем има интернет и комуникацијата е лесна и ефтина!Тие нешта ќе ти помогнат многу...
Но,за СМРТТА нема решение,тоа крај,засекогаш збогум...
Нема ништо полошо од смрт на блиска личност,тоа е празнина која никој неможе да ја исполни,сум го изгубила татко ми,и тоа е неопислива болка за мене,нешто најлошо што ми се има случено во животот!
Никогаш нема да го заборавам!Сепак таков е животот,сите солзи,зборови нема да сменат ништо!
Само ќе се трудам да бидам добра личност,да се сложувам со мајка ми и сестра ми и да постигнам успех во животот!
На тој начин би бил горд татко ми на мене,каде и да е
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.017
те напушта најдобар другар/другарка...
нема да заборавам кога мај бест френд замина за австралија.
знаев неколку месеци пред тоа дека ќе замине,и се припремав психички,но кога дојде тој ден,кога ја гушнав..некако цело време поминато со неа ми помина пред очи..се што имавме доживеамо,низ сите детски глупости што ги нправивме...
ми недостига секој ден од животот,нема ден да не помислам на нејзе..
дојде ова лето,на кратко ми се врати ама ужасен беше денот кога замина пак,првиот пат ми зема делче од срцето кога ме гушна пред да влезе во кола,овој пат ми зема уште едно.
созлите сами дојдоа.
ужасно е,се чуваствуваш напуштена,ама само и посакувам да биде среќна,дали тука или на крајот на светот
 
Член од
6 септември 2008
Мислења
1.049
Поени од реакции
367
ми недостига секој ден од животот
ужасно е,се чуваствуваш напуштена,ама само и посакувам да биде среќна,дали тука или на крајот на светот

Мојот Другар замина пред 3 месеци за италија па сеуште неможам да сватам деака го нема и се тешам дека ке го видам во брзо време :(
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.425
Поени од реакции
7.789
Мојот Другар замина пред 3 месеци за италија па сеуште неможам да сватам деака го нема и се тешам дека ке го видам во брзо време :(
не гледам причина зашо би бил тажен или незадоволен ако мојот другар или другарка би отишла во странство на студии,работа или слично... знам дека у оваа држава нема иднина, нема просперитет, и покрај тоа што би ми недостасувал/а, би бил задоволен што тој/таа би отишол/а у странство на работа...
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Мразам разделби... Ја сум човек што се приврзува и не сака нагли промени.
Првата моја шокантна разделба се случи кога имав 12 години... Мојата прва најдобра другарка ја однесоа едно лето во Шведска, и кажаа дека одат само на посета кај роднини и никогаш не ја вратија. Јас не можев да се соземам од шокот, зошто практично живеевме заедно и многу ми беше тешко, ама се навикнав. По 6 години се врати тука на одмор, дојде да ме посети и не ја препознав... Се чувствувавме ко странци, тоа и сме. :toe:
Минатата година најдобрата другарка замина на студии во Франција и тоа ме уби у поим едно време, ама брзо се навикнав. Среќа напредна технологија, па нон-стоп контактираме, како да не е таму воопшто. Мада не е тоа тоа...

До ден денешен, 2 години по смртта на најважната жена во мојот живот после мајка ми, баба ми, јас не можам да се навикнам на нејзиното отсуство. Дури избегавам да и го посетувам гробот, зошто ме потсеќа на тоа дека ова е реално и дека нејзиното тело е 2 метра под мене, што е ужасна помисла.

Не можам да замислам да изгубам било кого од семејството... Таа смрт толку многу ме плаши, што имам фобија.
И надвор од семејството, ако изгубам една личност што ми е најдраг пријател, не би можела да преживеам.

Темава е ебано депресивна, шо постирав уопште. :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom