Разгалени деца

Член од
19 ноември 2009
Мислења
499
Поени од реакции
84
Драга лемуријанка... чудесна си. :smir:

Прво, да ти го одбијам нападот. Секако дека не верувам во се што традицијата налага, туку ја користам својата глава да оценам што од тоа ми се допаѓа и го сметам за исправно. Па така, оценувам дека бирањето сопружник од некој друг не е добро бидејќи тоа се покажало како убивање на желбите на еден возрасен човек, а воспитувањето со ќотек го одбирам како исправно бидејќи низ вековите се покажало дека тоа ги прави децата здрави карактерно.

Второ, болдираното... :pos: Па токму тоа и сакам да го кажам, да. Секое дете се раѓа табула раса, родителите и општеството го моделираат.

Трето, многу ми е смешно кога пробувам да дебатирам со луѓе кои изгледаат како да се трудат да бидат прости. Какви ти се тие реченици “Не треба за грешките на родителите да се тепаат децата“ ??? Па јас токму спротивното го кажував, ме читаш ли воопшто?

лемуријанка, уживај во воспитувањето на своите деца. И мое сочуство за твоите комшии. :helou:
Почитуван Викторгг од каде па сега ми ги вмеша во муабетот комшиите? хахаха па јас не сум закана за нив туку оној кој сака да им ги шамара децата... Значи да заклучам одбирањето сопружник од друг е убивање желба, а шамарчиња е правец за добро воспитание. Добро и јас сум испаднала проста во твоите очи, сори а баш сакав да те очарам и малку барем малкуцка да го омекнам твоето камено срдашце. Мислам дека имам мал напредок, во твоите први постови зборуваше за камшици, потоа прејде на чушки па на шамарчиња, добро е до крајот на годинава ке те гњавам, гњавам,па може ќе завршиме со строго подвикнување??? Добар дечко си Ти само немаш искуство со свое дете. Едно нешто сигурно знам а тоа е дека Ти никогаш ама баш никогаш нема да го удриш сопственото дете, само галамиш али немаш срце за шамари. Ќе збориме за пар години.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.793
Поени од реакции
12.275
баш никогаш нема да го удриш сопственото дете, само галамиш али немаш срце за шамари. Ќе збориме за пар години.
Хм, за вакви примери ме потсети, а ги има бааги.
Мојот сосед пред да се жени и добие дете ги критикуваше децата низ маало во смисол...Јас да сум му татко има да го стројам, ќотек за ова дете, што шутира кај мене у двор ќе го скршам од ќотек, невоспитано дете...и слични изјави.
Сега неговото дете еднаш го нема удрено или саглам искарано (а си прај што си сака). Се смени човекот што најверојатно значи дека е овој став е многу променлив :wink:

Не дека не треба да се биде строг, но во прав момент и за конкретна работа. А за тоа нема правило, моментот треба да се оцени...но за ќотек некако и нема прав момент.

Некако е онаа -ќотекот е од рајот, но може да донесе пеколни последици.
 
Да си ми жив и здрав Lurtz, знаеш да погледнеш пошироко.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.793
Поени од реакции
12.275
Сепак да се дополнам за делот за традиционалното. Мислам дека било добро она време кога кај нас се знаело што е маж во куќа...авторитет на таткото. За ова за традиционално водење дом и воспитување дете преку авторитетен татко кој носи средства за живот и домаќинка мајка која ги издигнува децата симнувам капа...се имаше некој ред. Недај боже таткото да дознаеше за некоја детска непослушност или разгаленост.

Но сега во некако поместено општество (работни обврски, вработени мајки, подинамичен живот) мислам дека функционира она погоре за воспитување пошто улогите на татко и мајка многу се измешаа и изменија.
Мојот став не е изменет во овие услови, самите односи во семејството се сменети.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Почитуван Викторгг од каде па сега ми ги вмеша во муабетот комшиите? хахаха па јас не сум закана за нив туку оној кој сака да им ги шамара децата... Значи да заклучам одбирањето сопружник од друг е убивање желба, а шамарчиња е правец за добро воспитание. Добро и јас сум испаднала проста во твоите очи, сори а баш сакав да те очарам и малку барем малкуцка да го омекнам твоето камено срдашце. Мислам дека имам мал напредок, во твоите први постови зборуваше за камшици, потоа прејде на чушки па на шамарчиња, добро е до крајот на годинава ке те гњавам, гњавам,па може ќе завршиме со строго подвикнување??? Добар дечко си Ти само немаш искуство со свое дете. Едно нешто сигурно знам а тоа е дека Ти никогаш ама баш никогаш нема да го удриш сопственото дете, само галамиш али немаш срце за шамари. Ќе збориме за пар години.
:smir:
Јас секако баш сега можам да зборувам за тоа, бидејќи сум максимално објективен и зборувам за сфаќања како треба да биде и која е најдобрата варијанта. Можеби навистина јас ќе го израснам најразгаленото дете, но тоа секако не може да го избрише фактот дека за да не стане едно дете разгалено треба да се следат принципи.

За се` во животот има шаблон кој во 95% од случаите не води до целта. За воспитување дете, за фаќање девојка, за добивање работно место, за купување патлиџан дури. За се.

Патем, тоа е една од причините (која ми ја наметна) заради која цело време викам дека пред да се биде родител треба да се изучи школо за тоа. Луѓето се прости, не знаач основна човечка психологија и речиси ништо за однесувањето, размислувањето и моќта на децата. А сепак ги раѓаат како да се прасенца. Епа во свињи и ќе израснат...
 
Во една убава книга читав и вака вели: во високо интелектуално развиените општества младите раѓаат деца, а постарите ги воспитуваат. Што би можел еден млад човек да го научи своето дете кога и тој сеуште учи?-тоа е од книгичето. Деца треба да се создаваат со љубов и да се чуват со љубов, тоа е целат тајна. Јас верувам во Универзална вистина, Универзална свест, верувам дека се се случува со причина па дури и овој наш муабет. Значи не е случајно и кога деца се раѓаат таму каде што нетреба претпоставувам дека и во тие семејни заедници сите учат едни од други но за жал од грешки.
 
Heartbreaker

The Real ROCKNROLLA
Член од
6 декември 2009
Мислења
276
Поени од реакции
28
Децата се огледало на своите родители. Тие се раѓаат без предзнаење, како празна табла(tabula rasa) и се такви, какви што родителите ќе ги воспитаат да бидат. Да се биде родител значи да се има обврска. Да се биде родител не значи само да се направи дете, да му се обезбедат јадење, алишта и да му се даде џепарлак. Родителството е нешто повеќе од тоа. Родителството опфаќа:
1. континуирано воспитување за бон тонот, за тоа што е добро, а што лошо, итн.
2. следење на образованието и напредокот на своите деца.
Секој човек може да биде татко или мајка, но не може да биде родител.
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
познавам 18 годишно БУКВАЛНО РАЗГАЛЕНО дете уше од мало.. ни господ неможе веќе да го врати у нормала.. дома и се тресат на типката. како ке каже мора така да биде... најмногу мраам такви деца.. се курчам со самата помисла дека ке биде со мене на маса на нова година :nerv: ми ја тупнаа со сила бе :nerv: замислете дома им плачела зашо нема кај да оди за нова година па ја тупнаа со мене а неможев да одбијам зашо е сестра на дечкото сестра ми... ако не ја запалам за нова година. :nerv::nerv::nerv: само нека ми згреши нешо.. :nerv::nerv::nerv:
 
Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Децата се огледало на своите родители. Тие се раѓаат без предзнаење, како празна табла(tabula rasa) и се такви, какви што родителите ќе ги воспитаат да бидат. Да се биде родител значи да се има обврска. Да се биде родител не значи само да се направи дете, да му се обезбедат јадење, алишта и да му се даде џепарлак. Родителството е нешто повеќе од тоа. Родителството опфаќа:
1. континуирано воспитување за бон тонот, за тоа што е добро, а што лошо, итн.
2. следење на образованието и напредокот на своите деца.
Секој човек може да биде татко или мајка, но не може да биде родител.
ова е едно од најубавите мислења кои ги имам прочитано во последно врема на форумов:bravo:
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Учам, живеам и го дишам истиот воздух со такви луѓе.
И ме нервираат. Сфаќам дека тие се одраз на домашното воспитување и родителите се оние кои ги направиле такви, па баш и поради тоа неможам да се социјализирам со луѓето кои се фалат дури и за најмалиот, минорен успех/купено парче облека.

Кога детето ќе се роди, потребно е да му се подари љубов, но и да биде на некој начин, поттикнато од родителите да види каков е животот и да се соочи со реалноста. Особено на овие простори, малку се оние чии свет уште од раѓањето па се до крајот на животот е розев. Имам многу такви кои ги познавам и се толку многу разгалени татини принцези (конкретно ќе зборам за девојчињата) и се околу нив е розево и пуфкасто. НЕ Е! Реалноста е сурова, и доколку немаш некој позади тебе, ќе те прегазат, ќе ти одземат се до последно, доколку не се бориш. И ќе страдаш, ама откако ќе помине тоа ќе сфатиш дека стануваш поцврста личност и дека почнуваш да ја сфаќаш поентата на животот.

Поентата на животот не е тоа кој колку пари има, кој оди на шопинг во странство или чив дечко вози поубава кола, туку тоа да ги отфрлиш парите и да научиш без нив да бидеш среќен. Затоа што се додека мама и тато се позади тебе, ќе се провлекуваш покрај нив и никогаш нема да станеш цврста личност, туку сноб. Особено ако мама и тато имаат фирми, па ти ги завршат и средно и факултетот (секако, приватен, зошто не ги бива 2 реченици да склопат) и те вработат кај нив во фирма.

Ќе зборам конкретно за мене. Моите ме имаат воспитано на тој начин што имам видено многу работи во животот, и имам осознаено за тоа колку е тешко да се пробиеш и да успееш. Секако, тие ми имаат кажано - и да имаме, и да немаме, ти нема да почувствуваш на твоја кожа, за тебе секогаш ќе се има, можеби некогаш и нема да ти биде купено најскапото, но секогаш ќе имаш се што ти треба. Најверојатно и тоа ме научи да имам поинаков став кон парите и така да ги гледам. Понекогаш и ми беше глупаво кога бев основно, кога учев со деца чии родители не работеа и кога ќе ме прашаа "еј, ова ново ти е"? Секогаш негирав, за тие да не се чувствуваат лошо, а и да не ме декларираат како останатите разгалени лигави деца чувани под стаклено ѕвоно, пазејќи и најмала прашина да им падне. За разлика од сега, каде што во средно сите гледаат кој си, што работат твоите, од кај ти е облеката купена и дали одиш во школо со кеш или без пари. Со неколку ретки исклучоци од средината во која што сум, со поголемиот дел од женската популација не правам муабет, затоа што знам дека нивната насмевка е базирана на вредноста на фармерките кои ги носам.
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.320
Поени од реакции
2.846
Ќотекот од рајот излегол.....

За воспитување на дете незначи дека треба да се тепа т.е. да се убие од ќотек како некои случаеви. Знам многу примери каде децата јадат ќотек ко магариња и пак се катастрофа. Не е поентата да се истепа детето за секоја мала грешка. Со ќотек невреди да се створи страв и почит кон родителот....

Но сепак понекогаш треба да се покажат и заби но проблемот е кога и колку. Јас лично скоро и да немам јадено ќотек а пак имам страв од татко ми во коски иако имам 28 г и сум глава повисок од него. Но сепак кога ќе ми скрцка главата долу и молк. И тоа го постигнал со тоа дали 2-3 пати ме има удрено а не тепано.

На дете сака прво да му се објасни дека нетреба да го прави тоа, ако продолжи се повишува тонот. Има некој случаеви што знам каде не ни им го повишуваат тонот туку разгалено како, немој златце немој душо. Така да првиот пат но ако продолжи ќе се викне и тоа јако, е ако продолжи значи дека порано на време не си викнал кога било помало па тогаш ни ќотек непомага.

Кумашинката работи во социални грижи и еднаш кажа многу убава работа што ја запаметив:

Детето е како празна тетратка, што ќе му запишеш тоа ќе си има. Е сега можеби ќе го избришеш напишаното но трагата од пенкалото ќе остане........
 
El 'Borracho

Riot Maker
Член од
18 јули 2009
Мислења
822
Поени од реакции
238
Дах! мразам деца. Иам 2-3 во зградана кај мене и ептен ме нервираат! од генерација до генерација се поразгалени и се поопуштени. За постари од мене можи и ја сум бил разгален, али сум имал колку толку почит и да почутам. Овие се ни вода ни киселина
 
~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
познавам разгалени дечишта, а за нив само ќотек. туку родителите си се криви затоа што со време треба да се превземат мерки, а не “детево’’ кога ќе наполни 18 години :tapp: такви разгалени се обично едни на мајка што се, што немаат ни брат ни сестра.............. да ти е мерак да ги раскинеш
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
На што е спремен еден родител

Впрочем така и започнува СЕ’

Видеово говори се .Таткото на малово девојченце не знаел како да ја заспие, смири, па легнал и тој во нејзиното креветче. Детето се смирило, НО тоа било само ЕДЕН ПОЧЕТОК....

дали е воопшто паметно тоа што го сторил??? од таму започнуваат сите угодувања ,стварање навика.....

Kajgana Shop

На врв Bottom