Разгалени деца

BloodyTampon

Works in deep&dark places
Член од
8 август 2009
Мислења
798
Поени од реакции
60
Ако се вратиш погоре на страницата ќе прочиташ што напишав околу поставувањето на граници. Разгалени деца не се раѓаат , родителите се криви што ги разгалуваат, е после со шамари работа не се исправа. Со ќотек само ќе го одалечиш детето од себе и еве ти јаз на генерации. Имај повеќе време за него додека го растеш, вложувај во неговото исправно воспитание и нормално кога еден го кара другиот родител несмее да брани туку со здружни сили сложно воситувај. Значи нај важно е да имаш време за него секогаш.
Колку и да го учиш со зборови, и кога е мало, нема само ти да му влијаеш на неговото однесување, детето (најверојатно) ќе стапува во контакт со други деца, кои не секогаш ќе бидат воспитани и умни, ќе ги засака и нив, како ќе му објасниш со зборови дека тоа што го прават не е добро?
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
499
Поени од реакции
84
Колку и да го учиш со зборови, и кога е мало, нема само ти да му влијаеш на неговото однесување, детето (најверојатно) ќе стапува во контакт со други деца, кои не секогаш ќе бидат воспитани и умни.
Точно но тука настапуваш ти како родител, да внимаваш со кого се дружи да му кажеш што е дозволено дома а што не, и најважно несмееш да менуваш ставови еднаш нешто да дозволиш а следниот пат да забраниш. Никогаш не подржувам тепање, сопственото дете го имам урдено само неколку пати и сеуште се каам за тоа. Најзажно е со детето да бидете пријател за да биде тоа слободно секогаш да може се да ви каже. Затоа пак ќе кажам, најважно е секогаш ама баш секогаш да имате време за него.
 
BloodyTampon

Works in deep&dark places
Член од
8 август 2009
Мислења
798
Поени од реакции
60
Точно но тука настапуваш ти како родител, да внимаваш со кого се дружи да му кажеш што е дозволено дома а што не, и најважно несмееш да менуваш ставови еднаш нешто да дозволиш а следниот пат да забраниш. Никогаш не подржувам тепање, сопственото дете го имам урдено само неколку пати и сеуште се каам за тоа. Најзажно е со детето да бидете пријател за да биде тоа слободно секогаш да може се да ви каже. Затоа пак ќе кажам, најважно е секогаш ама баш секогаш да имате време за него.
Добро, ти не го поддржувај тепањето, но јас ќе го поддржувам.
Сигурен сум дека моето дете (кога ќе го имам) иако го воспитувам со зборови нема секогаш да ме слуша.
И не верувам дека можеш да му наброиш СЕ што не треба да прави, а со зборови не верувам дека ќе му ја спречам љубопитноста...
Не дај боже ќе направи некоја голема глупост, чисто поради љубопитност, тогаш повторно би му објаснувала како тоа не треба да го прави? Како си сигурна дека нема да го направи, иако си го воспитувала добро?
 
A зошто си толку убеден дека со тепање сигурно ке постигнеш позитивен ефект?
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Родителите се главен фактор само строго со нив уште од мали ко ке се родат и се ќе биде иначе се испуштат од контрола ке останат цел живот глупи ќе чекаат да им се подаде се
 
C

Celsius

Гостин
основната причина поради ова, според мене се старите членови од фамилијата или оние така наречени добри тетки од соседството што како мали ги бранат децата коа родителите викаат по нив. демек мало било не знаело ако не се научи тогаш кога?
ако родителот е строг и кон овие добронамерници и не дозволува друг да му се меша во воспитувањето децата би биле во ред..

ова е само една од варијантите.. а многу честа кај нас
 
Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Добро, ти не го поддржувај тепањето, но јас ќе го поддржувам.
Сигурен сум дека моето дете (кога ќе го имам) иако го воспитувам со зборови нема секогаш да ме слуша.
И не верувам дека можеш да му наброиш СЕ што не треба да прави, а со зборови не верувам дека ќе му ја спречам љубопитноста...
Не дај боже ќе направи некоја голема глупост, чисто поради љубопитност, тогаш повторно би му објаснувала како тоа не треба да го прави? Како си сигурна дека нема да го направи, иако си го воспитувала добро?
А нали мислиш дека твоето дете некогаш треба да го оставиш да направи и глупост Голема/Мала не е битно и не ли мислиш дека ке научи нешто од тоа ти наведи го правилно размислување и без котек детето ке науче ногу работи само ..Со котек можеш да постигнеш само контраефект особено у пубертет кога сите мислиме дека сме најјаки.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Точно но тука настапуваш ти како родител, да внимаваш со кого се дружи да му кажеш што е дозволено дома а што не, и најважно несмееш да менуваш ставови еднаш нешто да дозволиш а следниот пат да забраниш. Никогаш не подржувам тепање, сопственото дете го имам урдено само неколку пати и сеуште се каам за тоа. Најзажно е со детето да бидете пријател за да биде тоа слободно секогаш да може се да ви каже. Затоа пак ќе кажам, најважно е секогаш ама баш секогаш да имате време за него.
:) Делуваш на некој кој пробува да се исповеда пред Господ преку нас дека си го удрила детето. И ова и на други членки-мајки го имам напишано, се надевам дека детето ќе ти биде посвесно за реалноста отколку што си ти. Извини што ова навредливо делува, ама нема да заобиколувам.

Да го удриш детето, не значи да му влепиш шамар за да го боли. Нити значи клоца да му акнеш. Значи да добие плескање кое ќе удри по неговото его, не по неговата кожа и коски и да остави модрица. И детето исклучиво се удира кога го заслужило тоа, во вистински момент, за вистинска причина, и кога ќе биде удрено мора да му се објасни зошто е удрено и што треба да стори следниот пат (со поттекст дека така нема да биде удрено).
Just a boy напиша:
А нали мислиш дека твоето дете некогаш треба да го оставиш да направи и глупост Голема/Мала не е битно и не ли мислиш дека ке научи нешто од тоа ти наведи го правилно размислување и без котек детето ке науче ногу работи само ..Со котек можеш да постигнеш само контраефект особено у пубертет кога сите мислиме дека сме најјаки.
Затоа јас велам многу малку луѓе се способни да бидат родители, бидејќи не можат да проценат кога треба да реагираат, а кога не. Во принцип, треба да се удри кога малиот со боичките гаѓа по другарчињата место да црта со другарчињата.
Од друга страна, не треба да се удри кога малиот трчал и паднал и си ги одрал колената. Тоа е лекција која сам ја учи. Во тој момент се игнорира, бидејќи децата се сурови, па тогаш вриштат плачат со надеж дека ќе привлечат внимание на себе да бидат утешени. Зборовите “така растат деца“ оставени од старите се единствени во ситуацијата. И нема гушкање, нема тешење, нема смирување. Си паднал, те боли, мисли за следниот пат, бидејќи јас нема да бидам до крајот на животот тука да те тешам кога нешто или некој ќе те повреди.
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
499
Поени од реакции
84
:) Делуваш на некој кој пробува да се исповеда пред Господ преку нас дека си го удрила детето. И ова и на други членки-мајки го имам напишано, се надевам дека детето ќе ти биде посвесно за реалноста отколку што си ти. Извини што ова навредливо делува, ама нема да заобиколувам.

Да го удриш детето, не значи да му влепиш шамар за да го боли. Нити значи клоца да му акнеш. Значи да добие плескање кое ќе удри по неговото его, не по неговата кожа и коски и да остави модрица. И детето исклучиво се удира кога го заслужило тоа, во вистински момент, за вистинска причина, и кога ќе биде удрено мора да му се објасни зошто е удрено и што треба да стори следниот пат (со поттекст дека така нема да биде удрено).

Затоа јас велам многу малку луѓе се способни да бидат родители, бидејќи не можат да проценат кога треба да реагираат, а кога не. Во принцип, треба да се удри кога малиот со боичките гаѓа по другарчињата место да црта со другарчињата.
Од друга страна, не треба да се удри кога малиот трчал и паднал и си ги одрал колената. Тоа е лекција која сам ја учи. Во тој момент се игнорира, бидејќи децата се сурови, па тогаш вриштат плачат со надеж дека ќе привлечат внимание на себе да бидат утешени. Зборовите “така растат деца“ оставени од старите се единствени во ситуацијата. И нема гушкање, нема тешење, нема смирување. Си паднал, те боли, мисли за следниот пат, бидејќи јас нема да бидам до крајот на животот тука да те тешам кога нешто или некој ќе те повреди.
Не сум тип што се навредува, жалам ако тоа ти беше целта. Ниту пак Ви се исоведам и барам прошка од Вас иако Ве сметам за дел од Бог. Останувам на својот став дека нема потреба од тепање на деца како средство за воспитување. Јас сум мајка и знам дека со разговор и објаснување може да се постигне целта-добро воспитано дете кое нема да ги гаѓа другарчињата со боици. Зошто инсистирате дека детето во секој случај треба да се казни со „плескање“ и да добие по неговото Его за да научи нешто? Дали ти си татко и на колкаво дете и зборуваш од искуство или си можеби психолог-психијатар па зборуваш од „книжно“ искуство?
 
delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Јас моето си го плескам.
Учев со зборови дека не смее во штекерите да се става ништо,ама неее упорно сака да стави нешто.И како можам со зборови да му кажам,кога воопшто не ме слуша???
Затоа плескање по раката е добра лекција.
Наредниот пат пред да стави нешто во штекот,вели-не,не таму и се откажува.
Јас имав добра лекција и оттогаш наваму секогаш велам-подобро спречи,отколку да лечиш.

Еден ден реши да си игра со вратата,отвори-затвори.
Кажував со збор дека не треба така,дека ке се повреди,но ништо,пак продолжуваше.
Го тргнав од вратата и списка,не пак на вратата.
Не сакав да го плеснам за да се тргне.
И што се случи?Го немаше пола нокт на прстот,па ајде во брза помош.
А да го плеснев,немаше да биде така.

Сигурно дека сум против тепањето,но како и секој човек и родителите имаат граници и живци што може да се скинат,а децата многу добро знаат да провоцираат и да терат до бескрај.
многу ретки се тие деца што се воспитуваат само со збор.Едноставно,таков карактер имаат.Што да им кажеш знаат да се разберат.
Но има и такви `луди` дечиња,ама ич не слушаат што зборуваш.
Кој не видел не знае:wink:
 
Токму ова сакав да го кажам. Понекогаш не помагаат само зборовите.
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
499
Поени од реакции
84
За штекери постојат штитници, а место плескање многу по ефикасно е да го ставиш 5 минути во ќош, што би рекол Викторгг-да му го погодиш Егото, и функционира проверено.
Сигурно дека неможеш секогаш да бидеш во топ разположение и да имаш бескрајни нерви за него, ама кажете ми еден родител кој откако ќе си го удри детето веќе истиот момент не се кае за тоа и прави уште поголема грешка и почнува да го гали?? Децата растат бргу не го пропуштајте нивното детство. Да се биде строг родител значи само едно-да се постапува исправно и со љубов.
 
А мислиш немаме штитници???
И во нив буричка се мачи и на крајот,ке успее да го најде крајот.
5минути во кош??
Јас би била благодарна ако стои и 1минута.
Јас го плескам,не го тепам,па да ми е жал и да го галам.
Секогаш не можеш да постапуваш исправно.
А љубов секогаш ке има.
 
Хахахаха мало мајсторче, ептен е вредно. Значи имаш исклучително паметно детенце. Најди што му е слаба точка и за казна забрани ја таа работа и пробај ако треба и десет пати врати го во ќош додека не истрпи пет минути, пробај ништо не кошта. Иначе целосно те разбирам додека растеше молот син целата куќа беше со ќебиња по маси да не се удри од ќошевите, сите фиоки беа врзани со ластици зошто се вадеше од нив додека на крај не му купив лего коцки и мир-по цел ден редеше боже каква фантазија имаше тоа детенце. Уште ги чува три огромни кутии.
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Јас се обидувам да разберам, но не можам!

разгалени? Нема такви, има само здрнати бидејќи родителите веројатно од преголема љубов им дозволуваат отпојќе.

Туку, бидејќи Виктор даде таква дефиниција, да го прашам колку деца има и дали на неговите деца тој третман бил успешен?

Има некои востановени начини, но ќотекот, казната, кога се незаслужени т.е кога се поради неможноста родителот да се справи со сопственото дете на кое се му било дозволено и тоа го сфатило како нормално, одендаш решил да тера строгост, не иде!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom