Радикален ислам во Македонија

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Секако дека единствената разлика ни е верата, која за жал не е мал фактор, исламот не е само вера, туку е начин на живеење, за жал.
Ако се отсранува верата ние сме културно скоро исти, имаме слични традиции, слични носии па и исти.

Да се искорни целосно исламот од балканот треба време, а и многу тешко е, сега за сега треба да се креираат услови за да има одредени импровизации за начинот на толкување на верата, мора да се најде начин за креирање либерален и толерантен ислам. Зборам само за Македонија.
Мое мислење е дека не би требало да се работи на искоренување на исламот туку работење на нови вредости, либерализирање и прилагодување на условите и времето во кое тој се „конзумира„.
Јас како христијанин немам ништо против исламот но имам против неговото наметнување и екстремно толкување. За жал на Балканот после сите војни што ни се случија во изминатите две и пол децении почнувајќи од војната во Босна радикализмот дојде до плодна почва за негово ширење така што работите се многу далеку отидени.
Што се однесува за либерализација тука мислам дека не треба само на Македонија да се ограничува борбата туку треба сите држави од Балканот заедно да го сузбијат радикализмот.

Што се однесува до Албанците само ќе спомнам дека интензивно се дружам со албанка која е бекташ и е тотално либерална и албанец православец и двајцата од Тирана. Си живеам со луѓето неверојатно добро, но споделуваме исти вредности, се журкаме, пиеме, правиме скара заедно, споделуваме исти вредност како и секој европеец и тоа те зближува. Е сега замисли ја ситуацијата хардкор муслимани Албанци, те ова несмее , те постел, те у диско не одел и милион други разлики кои колку и да сакаш неможеш да ги испеглаш. Така нормално е дека ваквите муслимани се собират на купче и постојано се сами со себе затворени во еден религиозен круг и затворени за светот Јас сум сигурен дека моите пријатели од Албанија со многу поголемо задоволство би се сретнале со мене и би се забавувале отколу со хардкор Албанецот. Затоа и викам дека радикализмот сосема сигурно се повеќе и повеќе ќе доведува до поделба и меѓу Албанците.[DOUBLEPOST=1409318123][/DOUBLEPOST]
За да биде уште позабегано - ова е невладина организација а не е само пехчево и берово е исто така има и во крива паланка и делчево сигурно и по другите градиви во источна македонија 300 до 500 евра месечно им плаќаат.
Во Босна е по 5 илјади евра според Шпигел.[DOUBLEPOST=1409336615][/DOUBLEPOST]Еве еден стар и добро проверен трик:

Протестите за „Монструм“продолжуваат како сенародна петиција



Протестите за случајот „Монструм“ ќе продолжат како сенародна петиција. Вака одлучил Организацискиот одбор на протестите поради, како што велат, притисоците со кои се соочувале граѓаните во текот на протестите во последните осум недели.

Од таму велат дека се организираат за подготвување на материјалите и одредувањето на местата каде ќе се собираат потписите.

„Преку петиција ќе го изразиме револтот и нашето незадоволство за тоа што го прави македонската власт против Албанците. Затоа и преземавме ваков чекор за вршење притисок врз владата и органите кои ги прекршуваат правилата и основните права на Албанците како нација. Во петицијата ќе се вклучат сите градови во Македонија, но и во странство. Апелирам до сите граѓани, интелектуалци, аналитичари и публицисти да нè поддржат бидејќи ние бараме правда“,изјави организаторот Бедри Ајдари.


Протестите за случајот„ Монструм“ започнаа по изрекувањето на пресудата на обвинетите за случајот кај Смилковско езеро и се одвиваа континуирано цели осум недели по завршувањето на петочната молитва.
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=16447

Затоа и радикализмот е толку плодан на Балканот каде што најлесно е радикалните идеи да се спроведуваат преку нациите. Знаеме дека Јаја Пашината Џамија не е под контрола на ИВЗ и дека е узурпирана така да повеќе од јасно е каква „екипа„ проповеда таму а и каква „екипа„ ги слуша тие проповеди. Видовме и на кој начин протестираа првиот ден овие „невини чеда божји„ исто како што видовме и какви знамиња носат и какви пароли извикуваат. Затоа мислам дека Албанците треба да се оградуват и дистанцираат од вакви групи и да престане вовлекување на нацијата во спроведување радикални цели.
 
Последно уредено:

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Се знае за што служат религиите за масовна контрола според мене Будизмот е најблиску до идеална религија само морални правила.
ИСИЛ ФОРМИРА ЕДИНИЦА ОД 20 ЛУЃЕ НА БАЛКАНОТ

http://dnevnik.mk/?ItemID=7C3F3FA8491E2542996BFB306C62C2E2
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Се знае за што служат религиите за масовна контрола според мене Будизмот е најблиску до идеална религија само морални правила.
ИСИЛ ФОРМИРА ЕДИНИЦА ОД 20 ЛУЃЕ НА БАЛКАНОТ

http://dnevnik.mk/?ItemID=7C3F3FA8491E2542996BFB306C62C2E2
Ако е ова вистина, тогаш треба да бидеме загрижени.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.649
Поени од реакции
59.607
Of course u hope not.(?)
Не бе, јас тоа чекам, идиоти да не убиваат со бомби по улици...

Само за жал тешко дека ќе ја избегнеме таа судбина.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.649
Поени од реакции
88.399
Важно Брколинда донесе закон за 5 годишна затворска казна, и сега ќе си го прчи се додека не ни се случи Смилковско Езеро Vol.2...
 
Член од
6 ноември 2013
Мислења
215
Поени од реакции
50
И тоа ги апсат во Босна каде повеќе живеат муслимани а овде со прст не се мрда а и `модерните`муслимани со прст не мрдаат како да мислиш тајно ги подржуваат радикалните муслимани
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.359
Поени од реакции
84.580
Пари за џихадистите на „ИД“ стигнуваат и од Македонија
0
Албанското обвинителство за тешки кривични дела ги верификува приходите на семејствата на уапсените лица обвинети за регрутирање албански џихадисти. Меѓу нив има и Албанци од Македонија и од Kосово чиј идентитет, како што се наведува, е познат на истражните органи.



Во досието стои дека двајцата самопрогласени имами, Генц Бала и Бујар Хиса, биле лица за контакт за финансирање разни трошоци за борците што заминувале во Сирија. Меѓу осомничените е и жител на Елбасан, познат под името Ебу Усејд. Тој имал неколку бизниси во Тирана и во Елбасан, но не е единствен кој ги плаќал трошоците за патувањето кон Сирија. Дел од финансиерите во оваа мрежа се и неколку државјани на Македонија и на Kосово, пишува Дневник.

„Имаме силни докази дека за упатување доброволци-Албанци во Сирија лицата Бујар Хиса и Генц Бала соработувале со други екстремисти од Албанија и регионот на Балканот, главно државјани на Kосово, како и Албанци од Македонија“, стои во досието, чии делови вчера цитираше ТВ АБЦ њус, а потоа истото го пренесоа и други албански медиуми.

Според Обвинителството, освен трошоците за заминување за Сирија, на џихадистите пред заминување им биле намирувани и долговите што ги имале.

За семејства по 500 евра
Во повеќе случаи и Генц Пашја, кој беше уапсен на тиранскиот аеродром, исплатил поголеми суми пари за добивање пасоши на поединци и цели семејства на џихадистите кои заминувале за Сирија.


Се очекува од анализата која им се прави на банките целосно да се расветлат банкарските сметки и начинот на финансирање на мрежата. Според медиумите, јавна тајна е дека лицата што пуштаат долги бради и носат потскратени панталони, како и забулени жени, добиваат и месечен паричен надоместок, чиј минимален износ за семејство наводно изнесувал 500 евра. Оние што вршат пропаганда во полза на светата војна и џихадот добиваат и по три пати повисок износ месечно.

Парите стасувале десет години

Kако што е познато, во март годинава албанската полиција почна со разоткривањето на мрежата за регрутирање на доброволците за радикални исламистички групи, а преку која дотогаш биле испратени 90 Албанци во Сирија и во Ирак. Главното лице во овие финансиски движења е самопрогласениот имам на џамијата од селото Мезез, Бујар Хиса, кој извршил големи трансфери во последните десет години. Најголемите трансфери се извршени во 2005/2006 година кога имамот примил многу пари од странство и во неколку наврати од својата сметка повлекол суми од 40 до 60 илјади евра. Се наведува дека тие доаѓале од странство и дека подоцна, најверојатно, биле употребени за изградба на џамии во Мезез и во Тирана од каде што подоцна се повикувало на учество во војната во Сирија. Сомнителни сметки имал и самопрогласениот имам Генци Бала, а во улога на финансиер се споменува и Венди Морава, кој дејствувал со неколку банкарски сметки во и надвор од Албанија. Главните сомнежи се дека извор на финансиите биле гранки на организацијата Ал Нусра.

Подоцна е откриено дека во градот Либражд постојат и 20-ина џамии кои не ~ се познати на муслиманската заедница.

Истрагите што ги врши албанската полиција во врска со регрутирањето Албанци во војната во Сирија покажаа дека муслиманите заминувале во оваа земја на два начина. Едниот е со авион од Тирана или од Приштина до Турција, а другиот е преку копно од Тирана до Подградец, преку Македонија и Бугарија до Турција. Откако пристигнувале во Турција, Албанците биле пречекувани од соработници на самопрогласените имами, како Герти Пашја, познат под верското име Ебу Муџахиди, кој наводно е имам во кампот каде што се регрутираат Албанците што завршуваат во Сирија. По вежбите, тие оделе во Алепо, каде што се делеле во две групи, едната раководена од поранешниот имам на џамијата од Лешница во Подградец, Аљмир Даци, а другата под раководство на турски емир. Заменик-командант на оваа група е Зеид Ал Албани од Елбасан.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.649
Поени од реакции
88.399
http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=47609
Секаде ги апсат гомнава само ние изиграваме оаза на мирот...
Во некој паралелен универзум, да речеме Брколинда и компанија апсат негде 10-ина муџи, кај нив е пронајдено оружје, во компјутерите има видеа од сечење глави на неверници, сомнителни банкарски сметки итн...
Знаеш дека "браќава" одма ќе излезат на протест со цел да се ослободат мачениците на исламот, ќе се жалат на ЕУ и САД за тоа како биле угнетувани во државава, и овие одма ќе не прекорат да не го прекршуваме рамковниот договор... Мислам дека ова е стандардно сценарио ако вакво нешто се деси.
Косово, Босна и Албанија уапсија неколкумина муџахедини, никој со прст не мрдна, но тоа ако се случи кај нас одма ќе не направат бетер од Фашистичка Германија
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Знаеш дека "браќава" одма ќе излезат на протест со цел да се ослободат мачениците на исламот, ќе се жалат на ЕУ и САД за тоа како биле угнетувани во државава, и овие одма ќе не прекорат да не го прекршуваме рамковниот договор... Мислам дека ова е стандардно сценарио ако вакво нешто се деси.
Косово, Босна и Албанија уапсија неколкумина муџахедини, никој со прст не мрдна, но тоа ако се случи кај нас одма ќе не направат бетер од Фашистичка Германија
Тоа е тоа. Муџахедините убија ѕверски 5 невини луѓе им најдоа милион докази меѓу кој и отисоци, компјутески материјал, мобилни телефони. Еве ги и ден денес протестират а Косово не ги испорачува муџите. Тоа е тоа кај нив, они можат меѓусебно да се колат и да се пукат но ако некој од страна се замеша сите му се пуштат.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.649
Поени од реакции
59.607
Знаеш дека "браќава" одма ќе излезат на протест
Па што ако излезат на протест. Многу нежен народ сме ебате, ќе излезеле на протест, јаки муда.

Туку да не се лажеме: нити во Косово нити во Босна ќе имаше апсења да немаа „амин одозгора“. Американците мижеа додека овие одеа да го срушат Асад. Сега кога е јасно дека тој филм нема да го гледаат и кога им излезе работата од контрола, ќе удрат по самарот.

Само нашиве како што се природно глупи изгледа чекаат некој да ги викне во амбасада и да им нацрта дека сега е моментот.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.649
Поени од реакции
88.399
Па што ако излезат на протест. Многу нежен народ сме ебате, ќе излезеле на протест, јаки муда.

Туку да не се лажеме: нити во Косово нити во Босна ќе имаше апсења да немаа „амин одозгора“. Американците мижеа додека овие одеа да го срушат Асад. Сега кога е јасно дека тој филм нема да го гледаат и кога им излезе работата од контрола, ќе удрат по самарот.

Само нашиве како што се природно глупи изгледа чекаат некој да ги викне во амбасада и да им нацрта дека сега е моментот.
Донекаде си во право... а и на Албанциве во земјава не им е лесно, мораат да бират помеѓу Америка и Саудиските пари. Но факт е дека последниве години се повеќе гледаме брадосани муџи со нивните жени-нинџи како шетаат низ земјава. Ако до пред десетина години повеќето беа националисти ( шкиптаре етник, учк итн...), сега се повеќе гледаме дека се вртат кон секташтвото ( алах акбар, џихад итн... ). А факт е дека неможат да седат на две столчиња, пред се заради моменталната ситуација на САД и ИСИС. Не би ме чудело на крај повторно да се свртат кон Американците... се разбира ова сценарио важи ако во иднина САД ја збришат ИС
 

Kajgana Shop

На врв Bottom