- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Мое мислење е дека не би требало да се работи на искоренување на исламот туку работење на нови вредости, либерализирање и прилагодување на условите и времето во кое тој се „конзумира„.Секако дека единствената разлика ни е верата, која за жал не е мал фактор, исламот не е само вера, туку е начин на живеење, за жал.
Ако се отсранува верата ние сме културно скоро исти, имаме слични традиции, слични носии па и исти.
Да се искорни целосно исламот од балканот треба време, а и многу тешко е, сега за сега треба да се креираат услови за да има одредени импровизации за начинот на толкување на верата, мора да се најде начин за креирање либерален и толерантен ислам. Зборам само за Македонија.
Јас како христијанин немам ништо против исламот но имам против неговото наметнување и екстремно толкување. За жал на Балканот после сите војни што ни се случија во изминатите две и пол децении почнувајќи од војната во Босна радикализмот дојде до плодна почва за негово ширење така што работите се многу далеку отидени.
Што се однесува за либерализација тука мислам дека не треба само на Македонија да се ограничува борбата туку треба сите држави од Балканот заедно да го сузбијат радикализмот.
Што се однесува до Албанците само ќе спомнам дека интензивно се дружам со албанка која е бекташ и е тотално либерална и албанец православец и двајцата од Тирана. Си живеам со луѓето неверојатно добро, но споделуваме исти вредности, се журкаме, пиеме, правиме скара заедно, споделуваме исти вредност како и секој европеец и тоа те зближува. Е сега замисли ја ситуацијата хардкор муслимани Албанци, те ова несмее , те постел, те у диско не одел и милион други разлики кои колку и да сакаш неможеш да ги испеглаш. Така нормално е дека ваквите муслимани се собират на купче и постојано се сами со себе затворени во еден религиозен круг и затворени за светот Јас сум сигурен дека моите пријатели од Албанија со многу поголемо задоволство би се сретнале со мене и би се забавувале отколу со хардкор Албанецот. Затоа и викам дека радикализмот сосема сигурно се повеќе и повеќе ќе доведува до поделба и меѓу Албанците.[DOUBLEPOST=1409318123][/DOUBLEPOST]
Во Босна е по 5 илјади евра според Шпигел.[DOUBLEPOST=1409336615][/DOUBLEPOST]Еве еден стар и добро проверен трик:За да биде уште позабегано - ова е невладина организација а не е само пехчево и берово е исто така има и во крива паланка и делчево сигурно и по другите градиви во источна македонија 300 до 500 евра месечно им плаќаат.
Протестите за „Монструм“продолжуваат како сенародна петиција
Протестите за случајот „Монструм“ ќе продолжат како сенародна петиција. Вака одлучил Организацискиот одбор на протестите поради, како што велат, притисоците со кои се соочувале граѓаните во текот на протестите во последните осум недели.
Од таму велат дека се организираат за подготвување на материјалите и одредувањето на местата каде ќе се собираат потписите.
„Преку петиција ќе го изразиме револтот и нашето незадоволство за тоа што го прави македонската власт против Албанците. Затоа и преземавме ваков чекор за вршење притисок врз владата и органите кои ги прекршуваат правилата и основните права на Албанците како нација. Во петицијата ќе се вклучат сите градови во Македонија, но и во странство. Апелирам до сите граѓани, интелектуалци, аналитичари и публицисти да нè поддржат бидејќи ние бараме правда“,изјави организаторот Бедри Ајдари.
Протестите за случајот„ Монструм“ започнаа по изрекувањето на пресудата на обвинетите за случајот кај Смилковско езеро и се одвиваа континуирано цели осум недели по завршувањето на петочната молитва.
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=16447
Затоа и радикализмот е толку плодан на Балканот каде што најлесно е радикалните идеи да се спроведуваат преку нациите. Знаеме дека Јаја Пашината Џамија не е под контрола на ИВЗ и дека е узурпирана така да повеќе од јасно е каква „екипа„ проповеда таму а и каква „екипа„ ги слуша тие проповеди. Видовме и на кој начин протестираа првиот ден овие „невини чеда божји„ исто како што видовме и какви знамиња носат и какви пароли извикуваат. Затоа мислам дека Албанците треба да се оградуват и дистанцираат од вакви групи и да престане вовлекување на нацијата во спроведување радикални цели.
Последно уредено: