Работа на брод

Член од
15 април 2018
Мислења
5
Поени од реакции
1
@Tonchie имаш инфо околу медикалот што треба да го одобрат од NCL. Ригорозни и се барањата или од промедика ако кажат дека се е супер, тогаш и NCL дава зелено светло?
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.346
Поени од реакции
7.469
Мммм... не би можел да кажам. Кристина знае најдобро.
Јас покривам МСЦ и по потреба Викинг, за НЦЛ не знам баш премногу.
 

kazanski

чилакс
Член од
3 октомври 2011
Мислења
462
Поени од реакции
491
Ригорозни и се барањата или од промедика ако кажат дека се е супер, тогаш и NCL дава зелено светло?
За фотограф во Тоспаш пројдов низ класичен возачки лекарски преглед. Крв, урина, вид, слух, баланс, уши, рефлекси..
Два пати правев лекарски во рок од четири договори, и двата пати се карав со очната лекарка за тестот со боите и бројките во боите, кои јас не ги гледав, а таа упорно твдеше дека сум далтонист... Се откажа откако ме испраша за сите можни бои што беа присутни на тест-картончињата и ми препиша капки за очи кои секако немав намера да ги купам и користам. Глуп тест, работам едитирање на слики и колор корекција, почнав да гледам бои во хексадецимален код, тоа што не гледам бројки во круговите со бои не е репер.
 
Член од
15 април 2018
Мислења
5
Поени од реакции
1
Јас ги пројдов сите прегледи, во Промедика на се ми кажаа дека е во ред, немам увид само во резултатите од крв, урина. Ама Коузон велат дека треба да се чека потврда од медицинскиот тим на NCL за тоа дали сум способен за работа на брод.
Фала ви за информациите
 
Член од
1 ноември 2017
Мислења
10
Поени од реакции
2
Момци пројдов на интервју за Карнивал Конквест имам дата за качување 15ти Септември.
Е сега кога ќе го извадам новиот пасош и ќе идам на медикал во тоспаш (9000 денара) бидејќи во неуромедика кошта 16.000 денари. Ми треба помош околу визата, треба да аплицирам и да си закажам за Ц1Д и за Б1Б2 дали можам да аплицирам за двете одеднаш или една по друга. Дали некој може да ми каже и која е хронологијата за аплицирање? Го пополнуваш ДС 160 формуларот па онлајн се закажува за интервју или се оди лично во амбасада? и дали ми треба нешто за да прикажам дека ќе имам договор за работа,пошо сеуште немам такво нешто.
 
Член од
8 септември 2013
Мислења
19
Поени од реакции
2
Мммм... не би можел да кажам. Кристина знае најдобро.
Јас покривам МСЦ и по потреба Викинг, за НЦЛ не знам баш премногу.
Поздрав, дали може да аплицираме за работното место Asst Chief Housekeeper за во Викинг без претходно работно искуство во брод?
Инаку имам огромно искуство во хотел и можам да најдам и добри препораки, имам одличнo познавање на англиски и б1 на германски.
 
Последно уредено:

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.346
Поени од реакции
7.469
Поздрав, дали може да аплицираме за работното место Asst Chief Housekeeper за во Викинг без претходно работно искуство во брод?
Инаку имам огромно искуство во хотел и можам да најдам и добри препораки, имам одличнo познавање на англиски и б1 на германски.
Кај Викинг на толку висока позиција, не би можел да кажам...
Колешката што работи Викинг замина на викенд, но може да пуштиш ЦВ на info ет kouzon.com.mk па ќе те исконтактира од среда натаму.
 
Член од
1 ноември 2017
Мислења
10
Поени од реакции
2
Дечки како што ви пишав претходно, имам дата за качување на Карнивал, идам како музичар со агент кој не го познавам лично. Ме интересира дали постои некаква шанса да ја земам девојка ми со мене на истиот крузер односно постои ли некоја мк агенција која може да ми помогне околу тоа, и колку е паметно да кажам дека сум у врска и дека сакам девојка ми да се качи на истиот крузер? Дали некој имал вакво искуство?
 

Flikson

Провинцијалец
Член од
27 декември 2012
Мислења
912
Поени од реакции
2.557
Дечки како што ви пишав претходно, имам дата за качување на Карнивал, идам како музичар со агент кој не го познавам лично. Ме интересира дали постои некаква шанса да ја земам девојка ми со мене на истиот крузер односно постои ли некоја мк агенција која може да ми помогне околу тоа, и колку е паметно да кажам дека сум у врска и дека сакам девојка ми да се качи на истиот крузер? Дали некој имал вакво искуство?
може
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.346
Поени од реакции
7.469
Ако идејата е и таа да работи на Карнивал, со нив во МК работи Мајоми.
Ако идејата е да ти прави друштво само, а не да работи, почекај да станеш барем Асистент Круз Директор, потоа ќе можеш да си го носиш семејството со себе додека ти работиш на брод.
 
K

Kiko

Гостин
Како информатичар по професија што можете да ми кажете за таквите работни позиции, што се работи, колку саати во денот? Колкава е платата? Имам ли шанси да фатам такјва позиција?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.514
Поени од реакции
11.582
Како информатичар по професија што можете да ми кажете за таквите работни позиции, што се работи, колку саати во денот? Колкава е платата? Имам ли шанси да фатам такјва позиција?
За информатичари - особено за информатичари без професионално работно искуство - најдобро е да се обратиш во Астерија, тие соработуваат со Safe Cruise од Белград и одвреме навреме организираат интервјуа за Принцес Крузес, последното интервју им беше во април 2018.

Почетната плата која ја нудат на Принцес Крузес е 1.400 долари месечно, имам подетално опишано во пост #2288.

За Мајоми исто така знам дека во 2016 година испратија Македонец информатичар на Викинг Крузес, можеш и со нив да си ја испробаш среќата, тие организираат интервјуа во Хрватска преку агенцијата Uspinjaca Posao од Загреб.

За разлика од Астерија и Safe Cruise од Белград, кои организираат интервјуа со Принцес Крузес, кои претежно ти ги плаќаат речиси сите трошоци како што имам објаснето во пост #2288, а истовремено дозволуваат да се качиш на бродот без задолжителниот STCW сертификат, Мајоми и Uspinjaca Posao посредуваат за интервјуа за бродски компании кај кои сепак ќе мораш претходно да го имаш стекнато задолжителниот STCW сертификат и вообичаено трошоците мораш самиот да ги покриеш.

За Коузон ќе го прашаш нивниот дежурен претставник на форумов @Tonchie, но јас лично ти препорачувам на Коузон да гледаш како на последна опција, кај нив единствено презентацијата секој вторник во 11:00 часот им е` бесплатна, после презентацијата се` што следува го наплаќаат - формуларот за аплицирање, па "незадолжителната" обука за однесување пред претставниците на бродските компании за време на интервју и бројни други "незадолжителни" обуки.

Единствена задолжителна обука која ти ја нуди Коузон е обуката за STCW сертификатот, но за жал ги има и други "незадолжителни" обуки од кои зависи третманот кој ќе го добиеш од Коузон, слично како партиската книшка која е "незадолжителна" за вработување во државна/јавна администрација или во државно/јавно претпријатие.
 
Последно уредено:

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.346
Поени од реакции
7.469
Фала Декстер за фрлањето дрва и камења врз Коузон :)

Кико ако имаш диплома од ЕТФ/Финки и/или Cisco/Microsoft сертификати тогаш исполнуваш услови да аплицираш за работа како информатичар на брод.
90% од работата ти се мрежи и хардвер.
Се работат по 12 часа дневно, секој ден од неделата за времетраење на целиот договор (7 месеци).
Платата за асистент ИТ менаџер е околу 2500 долари (ова можеш да добиеш без бродско искуство), па да добиеш унапредување во ИТ менаџер и да имаш 4500 долари месечно.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.514
Поени од реакции
11.582
Фала Декстер за фрлањето дрва и камења врз Коузон :)

...
Битно да нема љутиш :) , таква ти е` работата, со некој како Зоран Кочовски како работодавач, чие што животно достигнување е бегањето од тутунските полиња во Прилеп, сигурно те информирал дека дрвата и камењата следуваат со работното место.

Но додека кучињата лаат, караванот си врви, ти ќе си земеш плата и вака и така, а јас критиките ги објавувам исклучиво од информативен карактер, никој не ме плаќа за да величам едни или за да фрлам со дрва и камења по други.

А имаш претрпено и бетер од мене низ бродовите и пристаништата, биди искрен. ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom