Декстер, како не те мрзи да куцаш толкави постови?!
Kiko, штом луѓе од цел свет работат на ИТ позиции на бродови, значи се издржува.
Не си врзан за столче, и да, излегуваш во портови.
Џизс Крајст, која е поентата да работиш на брод а да не можеш да излезеш на пристаниште.
Недела дена однапред ќе си го знаеш распоредот, со колегите ќе се договарате за работните саати.
У принцип треба во секој момент да има еден информатичар на брод. Зависи колкав ќе биде бродот толкав ќе биде и тимот од 2-6 луѓе па ќе си се ротирата за идење по пританишта.
Во врска со јадењето, јадете во офисер'с мес и во гостинското бифе.
Во врска со гуглање странски форуми, Гуд Лак Чарли.
Ќе изначиташ толку многу статии што нема да знаеш што е вистина е што лага.
Откако го завршив првиот договор престанав да читам тестимонијали по интернет форуми.
Иди на интервју, иди на брод. Ако не ти се допаѓа никој не те држи да седиш цел договор на брод.
Само да те информирам дека во првиот месец 90% од вработените паѓаат во депресија. После тоа се навикнуваат на средината, на работата, на бродот, запознаваат друарчиња, фаќаат женски/дечковци па им се крева расположението, па по некое време пак ќе паднат во депресија, па пак ќе се оправат, и завршил договорот
Чисто информативно, јас досега немам запознаено ИТ менаџер или асистент кој предвреме завршил договор или застанал на само еден договор. Знам само за еден дечко од Велес кој што го избркаа од работа.
Па сега ти види дали чини или не чини.