@sankerce i
@Tonchie Ви благодарам на одговорите јас сепак ке останам со двете нозе на земја
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
прашањето беше поставено за решавање на дилема за синот 18 години и некој месец дали пред да оди на факултет може да замине да работи на брод сакал на позиција келнер или помошник келнер, продавач и сл. Ако добро разбрав подобро да почека и да си остане тука до 21 година
@
Tonchie веќе има спомнато на темава дека работата на брод не е сезонска, па да заминеш на брод преку летото, а да продолжиш со училиштето/факултетот наесен.
Ако синот навистина сака да замине на брод, а нема завршено факултет, нека види дали може да се сертифицира за некоја работна позиција без факултет.
Ова особено важи за информатичарите, заварувачите и други технички позиции. Еден мој поранешен сосед денес има своја консултантска фирма за било какви услуги - водовод и канализација, струја, телекомуникации и слично, а меѓу другото, има и информатичар со ISO сертификат, кој наплаќа 200 евра само за да дојде на лице место за да го разгледа проблемот што ќе го решава.
Како информатичар можам да ти потврдам дека денес можеш многу полесно да се вработиш со сертификат кој е признаен во цел свет, отколку со факултетска диплома која денес не вреди ни колку хартијата врз која е отпечатена, ни колку бојата со која е отпечатена.
Имам колеги кои работат програмирање, веб дизајн, аудио и визуелни ефекти, а завршиле факултет кој нема никакви допирни точки со информатиката - земјоделство, угостителство, филолошки факултет и други, а подобро ја владејат информатиката од луѓето со завршен информатички факултет, некои од нив - слободно можам да признаам - се подобри и од мене.