Најголем проблем освен работното време е и стресот и притисокот што следува со овие работи, јас лично не би препорачал. Поаѓам од лично искуство, работев 3 години во овој сектор, факторинг и диспеч, земав просек плата над 1000е што за македонски услови е супер, некаде бев осигуран на минималец, некаде не ама генерално, не би се вратил на оваа работа само ради работното време и стресот, дури би прифатил и помалце платена работа со нормално работно време отколку ова, колку сака нека биде поплатена. 3 години ми поминаа ни јас не знам во што, секој ден од 12, 1 до 11 навечер, често и саботи, џабе е се.
Плус е седечка и стресна работа, карактерно ми е тотална спротивност на тоа што каков сум и уште се чудам како издржав 3 години пред компјутер и цел ден на телефон и мајлови.