Работа како регрутер на возачи на камиони за амерички компании

  • Креатор на темата Креатор на темата Penzioner2
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 август 2023
Мислења
6
Поени од реакции
2
Што можете да кажете за работата како регрутер во камионџискиот бизнис? Платена ли е доволно и колку е тешко да се работи оваа работа од дома? Има ли некој кој го купил курсот на MyRecruitingMastery.com ?
 
Види брат, работата е ок ако си сингл, и ако сакаш да работисх од 11:00 до 21:00 за амерички пазар грубо кажано... парите се ок, сеа види како ќе се снајдеш.
Се надевам дека ова ти помогна и ти даде малце појасна слика.
 
Што можете да кажете за работата како регрутер во камионџискиот бизнис? Платена ли е доволно и колку е тешко да се работи оваа работа од дома? Има ли некој кој го купил курсот на MyRecruitingMastery.com ?
Не се работи тоа од дома! (кој те излажал така?)
За курсева па ич не давај пари!
Најди по фирмиве кај бараат нови луѓе и учи ја работата у пракса!
Ем ќе видиш дали си за тоа, дали ти се свиѓа, ем дали е платено :rolleyes:
 
Регрутер или диспечер?

Види камионџискиот бизнис во САД не е константен, на секоја 1 добра, 2-4 лоши години.
 
Регрутер, не диспечер.
Ќе регрутираш луѓе што се веќе во Америка, или ќе регрутираш Македонци во Мк, па H1B виза во Америка?

Не би ти требало ништо друго освен добро познавање на Англискиот јазик.
 
Не би ти требало ништо друго освен добро познавање на Англискиот јазик.
Вештина што ја имаат едно добри 1.35 милјарди луѓе на планетава земја.
Несомнено, работа без конкуренција.
 
Регрутер, не диспечер.
Обично девојчиња зимаат за регрутерки.
Денес англиски секој знае. Ќе ти дадат лист хартија со вовед и текст што за брзо ќе го научиш напамет.. и тераш.
Ќе се јавуваш по црнци и секаква багра кои веќе биле избркани од работа поради икс причини најчесто.
И ќе ги убедуваш како Вашата "интернешнл лоџистик" е водечка компанија :rolleyes: со не знам колкју бенефиции.. :rolleyes:
А уствари е поср@на фирма кај што само балканци, латиноси и пакистанци возат, фалсификуваат саати, лажат клиенти, и кратат сегде кај што може до најтанко!
Кога ќе видиш колку плата ќе ти понудат, ќе ти стане јасно што зборувам.

Левел, индијски скам кал центар
 
Вештина што ја имаат едно добри 1.35 милјарди луѓе на планетава земја.
Несомнено, работа без конкуренција.
Ех така да беше. Хартија све крепи.

Регрутер е middle man помеѓу компанијата и кандидатите. Треба ефикасно и јасно да комуницира помеѓу двете, за тоа не му треба курс.
 
Кога ја видов темата ми текан на еден познаник кој што нуди регрутерски услуги на фирми во америка во вид на месечна претплата или тако некако. Исто така не врши интервјуа туку само прибира кандидати и одбира најдобри. Правел 20к долари месечно, и тоа уште пред 2 години. Си думам колку само се измени светот со дигитализација и технологија
 
Таква пара за регрутер нема шанса. Можеби бил контракт агенција, што обездува возачи во компании и им зема % и на компанија и на возач.
 
Најголем проблем освен работното време е и стресот и притисокот што следува со овие работи, јас лично не би препорачал. Поаѓам од лично искуство, работев 3 години во овој сектор, факторинг и диспеч, земав просек плата над 1000е што за македонски услови е супер, некаде бев осигуран на минималец, некаде не ама генерално, не би се вратил на оваа работа само ради работното време и стресот, дури би прифатил и помалце платена работа со нормално работно време отколку ова, колку сака нека биде поплатена. 3 години ми поминаа ни јас не знам во што, секој ден од 12, 1 до 11 навечер, често и саботи, џабе е се.
Плус е седечка и стресна работа, карактерно ми е тотална спротивност на тоа што каков сум и уште се чудам како издржав 3 години пред компјутер и цел ден на телефон и мајлови.
 
Таква пара за регрутер нема шанса. Можеби бил контракт агенција, што обездува возачи во компании и им зема % и на компанија и на возач.
Колку што знам регрутерска агенција која нуди регрутерски услуги за све живо, не само за камиони. Пример 10 фирми по 2к долари месечно им зема на им наоѓа работници, незнам повеќе детали
 
Колку што знам регрутерска агенција која нуди регрутерски услуги за све живо, не само за камиони. Пример 10 фирми по 2к долари месечно им зема на им наоѓа работници, незнам повеќе детали
Во компанијата што работам земаме контракт работници кога ќе има потреба, обично на саатница задржуваат 3-5$ во зависност од колку е сатницата на контракторот. Обично договорот трае 6 месеци, ако компанијата сака да го задржи работникот пред тие 6 месеци да завршат, им плаќаме топтан сума на регрутерската компанија. После 6 месечниот договор ако сакаш да го задржиш работникот не им плаќаш ништо на регрутерите (веќе извадоа пари од регрутот).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom