Работа како регрутер на возачи на камиони за амерички компании

Член од
26 август 2023
Мислења
6
Поени од реакции
2
Што можете да кажете за работата како регрутер во камионџискиот бизнис? Платена ли е доволно и колку е тешко да се работи оваа работа од дома? Има ли некој кој го купил курсот на MyRecruitingMastery.com ?
 
Член од
14 јануари 2025
Мислења
22
Поени од реакции
24
Види брат, работата е ок ако си сингл, и ако сакаш да работисх од 11:00 до 21:00 за амерички пазар грубо кажано... парите се ок, сеа види како ќе се снајдеш.
Се надевам дека ова ти помогна и ти даде малце појасна слика.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.981
Поени од реакции
11.313
Што можете да кажете за работата како регрутер во камионџискиот бизнис? Платена ли е доволно и колку е тешко да се работи оваа работа од дома? Има ли некој кој го купил курсот на MyRecruitingMastery.com ?
Не се работи тоа од дома! (кој те излажал така?)
За курсева па ич не давај пари!
Најди по фирмиве кај бараат нови луѓе и учи ја работата у пракса!
Ем ќе видиш дали си за тоа, дали ти се свиѓа, ем дали е платено :rolleyes:
 

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
2.053
Поени од реакции
2.399
Регрутер или диспечер?

Види камионџискиот бизнис во САД не е константен, на секоја 1 добра, 2-4 лоши години.
 

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
2.053
Поени од реакции
2.399
Регрутер, не диспечер.
Ќе регрутираш луѓе што се веќе во Америка, или ќе регрутираш Македонци во Мк, па H1B виза во Америка?

Не би ти требало ништо друго освен добро познавање на Англискиот јазик.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.439
Поени од реакции
5.486
Не би ти требало ништо друго освен добро познавање на Англискиот јазик.
Вештина што ја имаат едно добри 1.35 милјарди луѓе на планетава земја.
Несомнено, работа без конкуренција.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.981
Поени од реакции
11.313
Регрутер, не диспечер.
Обично девојчиња зимаат за регрутерки.
Денес англиски секој знае. Ќе ти дадат лист хартија со вовед и текст што за брзо ќе го научиш напамет.. и тераш.
Ќе се јавуваш по црнци и секаква багра кои веќе биле избркани од работа поради икс причини најчесто.
И ќе ги убедуваш како Вашата "интернешнл лоџистик" е водечка компанија :rolleyes: со не знам колкју бенефиции.. :rolleyes:
А уствари е поср@на фирма кај што само балканци, латиноси и пакистанци возат, фалсификуваат саати, лажат клиенти, и кратат сегде кај што може до најтанко!
Кога ќе видиш колку плата ќе ти понудат, ќе ти стане јасно што зборувам.

Левел, индијски скам кал центар
 

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
2.053
Поени од реакции
2.399
Вештина што ја имаат едно добри 1.35 милјарди луѓе на планетава земја.
Несомнено, работа без конкуренција.
Ех така да беше. Хартија све крепи.

Регрутер е middle man помеѓу компанијата и кандидатите. Треба ефикасно и јасно да комуницира помеѓу двете, за тоа не му треба курс.
 
Член од
27 февруари 2022
Мислења
29
Поени од реакции
12
Кога ја видов темата ми текан на еден познаник кој што нуди регрутерски услуги на фирми во америка во вид на месечна претплата или тако некако. Исто така не врши интервјуа туку само прибира кандидати и одбира најдобри. Правел 20к долари месечно, и тоа уште пред 2 години. Си думам колку само се измени светот со дигитализација и технологија
 

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
2.053
Поени од реакции
2.399
Кога ја видов темата ми текан на еден познаник кој што нуди регрутерски услуги на фирми во америка во вид на месечна претплата или тако некако. Исто така не врши интервјуа туку само прибира кандидати и одбира најдобри. Правел 20к долари месечно, и тоа уште пред 2 години. Си думам колку само се измени светот со дигитализација и технологија
Таква пара за регрутер нема шанса. Можеби бил контракт агенција, што обездува возачи во компании и им зема % и на компанија и на возач.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom