Работа како диспечер во камионџискиот бизнис

O

onefifty

Гостин
Ако некој бара работа во Скопје, HMD бараат диспечери, имаат оглас објавен на фејсбук.
Баш го видов огласов пред некој ден, каква фирма е? Аплицирав јас ама ќе видиме дали ќе ме викаат.
Иначе знае некој за Wider Group, фирма од Скопје што и како, искуства и слично, за таму ми рекоа исто дека барале диспечери.
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
3.637
Поени од реакции
3.260

HMD се солидни, имаат и brokerage, ама тоа мислам дека им работат во Белград, не знам дали во Скопје некој се занимава со тоа. Имаат доста камиони.

Wider Group прв пат слушам, по то шо видов се поприлично нови, така да не би знаел.
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.665
HMD се солидни, имаат и brokerage, ама тоа мислам дека им работат во Белград, не знам дали во Скопје некој се занимава со тоа. Имаат доста камиони.

Wider Group прв пат слушам, по то шо видов се поприлично нови, така да не би знаел.
Wider se 10tina godini stari, mislam deka se preregistriraa, imaat faktoring vo Skopje. Kako firma se super, za rabota tamu kako dispatch ne znam.

Inace ima vo mk firmi sto se zanimavaat so brokerage.
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
3.637
Поени од реакции
3.260
Wider se 10tina godini stari, mislam deka se preregistriraa, imaat faktoring vo Skopje. Kako firma se super, za rabota tamu kako dispatch ne znam.

Inace ima vo mk firmi sto se zanimavaat so brokerage.
Не сум налетал досега на некој македонец, знам CW, HMD и BMM дека имаат во Србија, останати вака не ми текнува.
 
Член од
1 август 2021
Мислења
1
Поени од реакции
2
Да работиш диспечер за американски пазар е одлична работа. Јас работам диспечер веќе 5 години и тоа од дома уште од првиот ден. За сите кои се двоумат дали треба да почнат да ја работат оваа работа, да, вреди и тоа многу, али знајте дека начинот на живеење ќе ви се промени за 180 степени поради работното време од 13:00h до 22:00h или од 14:00h до 23:00h. Работата на почетокот е доста стресна и под притисок, се прават многу грешки али од секоја грешка стануваш се поискусен и поискусен. Кога ќе бидеш искусен диспечер, работата ти бива боза. Се работи за бизнис каде што компаниите на годишно ниво заработуваат милиони долари. Македонските компании даваат многу мали плати ( со исклучок за некои компании кои можат да се набројат на една рака ) во споредба со тоа колку пари се вртат во овој бизнис. Српските компании даваат најмалку три пати повисока плата.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788

Епа нашиве тука со 500 долари плата ги лажат младите деца, инаку у оваа бранша најтежок е секторот одржување односно Maintenance кој има и 3-та смена, од 22 до 06 сабајле, така да многумина апликанти бегаат од овој сектор штом ќе го чујат работното време
 
Член од
13 март 2021
Мислења
18
Поени од реакции
7
Здраво дечки, јас работам од скоро во ваква компанија, не сум диспечер туку во safety, не познавам никој што работи нешто вакво, гледам овде ептен високи суми се спомнуваат за диспечери, иако знам дека зимаат доста солидни плати..Дали знаете за safety како се движат платите низ мк?
 
Член од
11 јуни 2021
Мислења
362
Поени од реакции
810

Што подразбира позицијата за сејфти?
И колку плата нудат?
 
Член од
13 март 2021
Мислења
18
Поени од реакции
7
Што подразбира позицијата за сејфти?
И колку плата нудат?
Работа со локбуци од шоферите, вработување на нови шофери, средување на сите документи за шоферите и камионите. Не е воошто малку работа и не е лесно, многу работи се работат истовремено, се е во твој раце буквално..
Мене сега платата ми 600$, носе надевам ќе мија покачат.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.025
Поени од реакции
36.795

Зависи од тоа колку си способен и колкаво искуство имаш, во принцип доколку си доволно искусен и самоуверен во тоа дека вредиш многу повеќе од тоа што те плаќаат фер и коректно е да си побараш повеќе пари, доколку сте на иста фрекфенција тогаш и без проблем би ти ја покачиле.

1к месечно би требало да е некој минимум доколку си квалитетен и посекако додатни бонуси зависи колку шофери ќе вработиш и слично.
 
Член од
15 октомври 2014
Мислења
2.041
Поени од реакции
802
Nekoj kontakt od firmive koi vrabotuvaat ..imam dovolno vreme pa bi mozel da se nafatam ..pomos .?

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
13 март 2021
Мислења
18
Поени од реакции
7
Зависи од тоа колку си способен и колкаво искуство имаш, во принцип доколку си доволно искусен и самоуверен во тоа дека вредиш многу повеќе од тоа што те плаќаат фер и коректно е да си побараш повеќе пари, доколку сте на иста фрекфенција тогаш и без проблем би ти ја покачиле.

1к месечно би требало да е некој минимум доколку си квалитетен и посекако додатни бонуси зависи колку шофери ќе вработиш и слично.
Па не одлучуваш ти дали шоферот ќе биде вработен или не, туку ти го преверуваш и кажуваш на менаџерот, ако и он се согласува тогаш you are good to go да ја почнеш процедурата..
Почетник сум во работата, и не се преценувам, има уште што се да учи, повеќе работа повеќе плата, плус тоа не се работи 40h неделно и не е по наше време, по автоматизам треба да е висока платата.
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
3.637
Поени од реакции
3.260
Тогаш, учи. Има време за се останато. Дека по автоматизам ќе ти дај некој огромна плата само заради тоа дека "не е по наше време", не се надевај, туку научи ја работата, а платата ќе дојди со време. Како и да е, во секој случај е добра плата, барем земено за наши услови.
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
3.637
Поени од реакции
3.260
Знајте случајно некој да бара моментално диспечер со искуство? Знам дека има доста голема побарувачка во моментот, само не сум видел кои фирми низ МК имаат активни огласи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom