Работа како диспечер во камионџискиот бизнис

Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
зависи, некои во 3 работат, втора смена е најзахтевна за eastern time, прва и трета полабаво. Америка е башка голема и има неколку временски зони. Ако е пацифик тајм, позахтевно ќе биде трета смена.
Можеби друга работа за "камионџискиот" бизнис, Диспетч е секогаш околу 14-22 часот.
Сега видов дека си пишал за зоните, не сум сигурен, ваљда се малце позиции.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.566
Поени од реакции
38.688
Можеби друга работа за "камионџискиот" бизнис, Диспетч е секогаш околу 14-22 часот.
брат, имам одено кај нив на гости, у околината Мичиген работат, три смени се. Втора им е турбо стандард. Мислев и ја да навлезам, но не ми се идеше гробарска смена реално, а и многу досадно е да се оправаш цел ден по телефони.
 
Ф

Флеш

Гостин
Сакам да зборам од искуство. Ова смениве се буквално исто како кал центрите шо се кај нас се почесто како Envision итн. Пробав и јас 10 дена ама не се издржува искрено . Си идеш на работа рано сабајле и си заминуваш у 18 вечерта .... Од 8-18 е смрт .... Плата ми беше фиксна 37.000 плус некои додатоци како таргети се иде до 1000 евра добра пара. Не се жалам за парата,супер е но младост ќе ти отиде брзо за некоја пара посрана. Социјализација и живот ЈОК .... Рачунај плус 1 време до дома ... Си идеш фактички у 20 вечерта. 4 саати имаш за себе.

А ако праиме муабет за на брод и заработка .... 6 месеци врзан за договор но брат имаш цел град за себе,се мешаш со луѓе,башка патуваш во разни земји . Губиш на социјален живот,нонмадоместуваш со искуство и познавање на нови луѓе-странци ....

Ако си ова за во Македонија,нема шанси .... Боље надвор нешо ко брод или слично . Да имаш балансирање и на работа и на приватен живот. За 5 години си 30,40 години .... Кога че вратиш време . Никад и никад.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.612
Поени од реакции
34.840

Ти ко да сакаш "и таквото во дупе, и душата во рај да ти оди". Ами и странство еден куп работни места се такви, само да отидеш и да се вратиш до работа 2-3 саати, 9-10 саати таму и толку од денот. На брод имаш и уште подолги смени, плус ќе седиш како глушец во некоја соба без прозорец.
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
3.637
Поени од реакции
3.260
Воглавно диспеч, сејфти, акаунтинг и сето то, се работи 7am-3pm или 4pm central time. Ако работиш afterhours или track and trace, тогаш веќе можи во било која смена.

Работата дека е за секој, не е, ама дека е како секоја останата работа, е. Ако некој не можи да се навикни на работното време, јбг. Јас веќе 5+ години работам во овај бизнис, можам да кажам дека сум успеал да си воспоставам каков-таков баланс меѓу работата и социјалниот живот. Секој согласно приоритетите шо ќе си ги постави.
 
C

confusion

Гостин
Имам работено и амерички и европски/македонски диспеч. Истотака и факторинг за америчка фирма, кого што го интересира слободно нека ме контактира по ПП. Веќе не работам ова ама што можам да ви помогнам и посочам, не е проблем прашувајте.

Не е работа за секој, доста напорна и нервозна работа е, работното време ако си од МК е обично од 2 до 10, 11ч. Од друга страна доста платена работа е за наши стандарди али јас секако не би ја препорачал работава освен ако нема друго што затоа што рачунај со диспеч ќе замрзиш телефон, ќе замрзиш луѓе, целиот начин на говорење и понашање ќе ти се смени пошто работава нема да те остави рамнодушен. :ROFLMAO:
А за стартување и учење на овој бизнис @Del Boy сега ти е шансата затоа што нон стоп искусни диспечер или оставаат работа или ги бркаат поради лоши резултати што не е по нивна моментално. Ова ти е само од еден аспект, друг аспект е дека сега ти е најлошо да почнеш да работиш зошто сите гледаат само цифри и плачат и кукаат како бизнисот отишол во кукуруз и не знам колку сите ќе имаат трпение и спасение да учат и развиваат во овој бизнис зошто голем дел од фирми во Америка моментално се во егзистенцијална криза, односно треба да ги снема за година, две.
На кратко, во Америка камионџискиот бизнис е во огромна криза која трае веќе година дена и ќе продолжи да трае сигурно уште толку ради многу работи, ради самите фирми, ради брокерите, ради самите клиенти/фабрики што каснат/намалуваат производство и нормално ради самата економска криза откако почна ратов.
 
Глобално е, не само таму, еве ги и во Австралија рокаат огромни фирми за транспорт преку ноќ.
Иако изгледаат како бизниси кои имаат големи пари, станува збор за високоризични бизниси каде самите камиони се прескапи, поради застојот во индустријата се чека долго време за нови (во случај да сакаш да го замениш постојниот возен парк или да го шириш бизнисот), скапо одржување и многу глупости кои може да коштаат ѓаол на трета, поскапување на гориво и работна сила а непропроционално зголемување на цената на услугите и тн.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.923
Поени од реакции
35.264
Онака ме заинтересира еден пријател со еден оглас шо се вртеше деновиве на фб, бараат за повеќе градови низ Македонија, али кога дознав работно време нема теоретски шанси.

Искрено не постои пара шо ќе ми ја дадат за да ме заврзат за стол цел продуктивен ден, ова за мене е graveyard смена, а не трета.
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2018
Мислења
4.613
Поени од реакции
10.235
Работам цел живот во смени. Сега во две само, ама со години и во три по цела недела една смена, и 2/2/2/2 еден период!

Да работиш цело време само втора е смрт! Можеби најлошата опција од сите три!
Се се трпи, и станување во 04:30, и трета до сабајле, ако е периодично.
Ама да пукаш само втора, не гледаш ништо од денот! И тука никој не може да ме убеди во спротивното! Сум имал прилика три недели да ми се фати само втора… Втората недела почнаа да ме фаќаат живците, третата недела веќе не се трпеше! Додека се освестиш ти дошло време да се спремаш за на работа! Се враќаш, додека се истушираш и јадеш 12 те фатило! Време немаш за ништо! За социјален живот па најмалку! Од сабајле секогаш си во фрка и те притиска помислата дека треба да одиш на раб.

Така да, за тие што не знаат, нека си пробаат, нека си видат самите!
Ама моите два центи се тие..
Освен ако не ти требаат пари, пари и само пари, втора смена е смрт на долг рок.
 
C

confusion

Гостин
Глобално е, не само таму, еве ги и во Австралија рокаат огромни фирми за транспорт преку ноќ.
Иако изгледаат како бизниси кои имаат големи пари, станува збор за високоризични бизниси каде самите камиони се прескапи, поради застојот во индустријата се чека долго време за нови (во случај да сакаш да го замениш постојниот возен парк или да го шириш бизнисот), скапо одржување и многу глупости кои може да коштаат ѓаол на трета, поскапување на гориво и работна сила а непропроционално зголемување на цената на услугите и тн.
Јасно ми е мене, во Америка генерално на газдите со по 4-5 камиона не им е јасно а они се дел од проблемот и не сакаат да ја прифатат вистината и новата реалност. Во корона транспортот доживе БУМ и кој имаше по 3-4 камиони, направи 8-9, многу пари свртеа за многу краток период, нека е година, две и се накотија еден куп мали фирми со по 3-4 камиони што ја буткаат цената на пазарот. Треба да се затворат околу 40% вакви мали фирми со малку камиони за да почне да се враќа пазарот во нормала, имав читатно неколку статии и анализи за ова што се случува моментално ама ми излегуваа на линкедин, ако успеам да ги најдам, ќе ги прикачам овде.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.923
Поени од реакции
35.264
Работам цел живот во смени. Сега во две само, ама со години и во три по цела недела една смена, и 2/2/2/2 еден период!

Да работиш цело време само втора е смрт! Можеби најлошата опција од сите три!
Се се трпи, и станување во 04:30, и трета до сабајле, ако е периодично.
Ама да пукаш само втора, не гледаш ништо од денот! И тука никој не може да ме убеди во спротивното! Сум имал прилика три недели да ми се фати само втора… Втората недела почнаа да ме фаќаат живците, третата недела веќе не се трпеше! Додека се освестиш ти дошло време да се спремаш за на работа! Се враќаш, додека се истушираш и јадеш 12 те фатило! Време немаш за ништо! За социјален живот па најмалку! Од сабајле секогаш си во фрка и те притиска помислата дека треба да одиш на раб.

Така да, за тие што не знаат, нека си пробаат, нека си видат самите!
Ама моите два центи се тие..
Освен ако не ти требаат пари, пари и само пари, втора смена е смрт на долг рок.
Јас во Германија работев 6 месеци само трета смена, најдобриот работен период ми беше тој.

Од 23 до 6 си на работа, 7 саат сум дома истуширан пивото при крај и правец кревет. 2ипол до 3 сум станат и до 10 вечер имам цели 7 саати за разни активности.

Диспечот е добар само да жртвуваш година дена да ја научиш работата па стекнеш некое искуство и ако имаш шанса да киднеш за САД, и таму да си го работеш во нормална 9 to 5 смена како шо викат америте.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.566
Поени од реакции
38.688
Јас во Германија работев 6 месеци само трета смена, најдобриот работен период ми беше тој.

Од 23 до 6 си на работа, 7 саат сум дома истуширан пивото при крај и правец кревет. 2ипол до 3 сум станат и до 10 вечер имам цели 7 саати за разни активности.

Диспечот е добар само да жртвуваш година дена да ја научиш работата па стекнеш некое искуство и ако имаш шанса да киднеш за САД, и таму да си го работеш во нормална 9 to 5 смена како шо викат америте.
па да можеше таму да си го работиш немаше тука да аутсорсираат. Они сакаат да си диспеч, да се ебаваш со брокери и све да си за тие пари.

Не верувам дека некој у Америка што има фирма и е свесен дека може да аутсорсира дека ќе се заебава со американци кога истата работа за трошки ќе му ја бркаат тука.

Не знам дали за сите фирми тука е така, но во некои све работиш што може да се сработи.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.277
Поени од реакции
22.492
Глобално е, не само таму, еве ги и во Австралија рокаат огромни фирми за транспорт преку ноќ.
Иако изгледаат како бизниси кои имаат големи пари, станува збор за високоризични бизниси каде самите камиони се прескапи, поради застојот во индустријата се чека долго време за нови (во случај да сакаш да го замениш постојниот возен парк или да го шириш бизнисот), скапо одржување и многу глупости кои може да коштаат ѓаол на трета, поскапување на гориво и работна сила а непропроционално зголемување на цената на услугите и тн.
vo aus nema kamiondzii... eden kup indijci pocnaa da vozat 2ca za edna plata i da ziveat u kamion i so toa ja srusija saatninata na vozacite. veke nikoj ne saka da vozi dolgi destinacii bas zaradi toa.
Автоматски споено мислење:

Јас во Германија работев 6 месеци само трета смена, најдобриот работен период ми беше тој.

Од 23 до 6 си на работа, 7 саат сум дома истуширан пивото при крај и правец кревет. 2ипол до 3 сум станат и до 10 вечер имам цели 7 саати за разни активности.

Диспечот е добар само да жртвуваш година дена да ја научиш работата па стекнеш некое искуство и ако имаш шанса да киднеш за САД, и таму да си го работеш во нормална 9 to 5 смена како шо викат америте.
ne u sad. ides na karibite, ekvador ili panama. zivees ko car mesto da preziveuvas vo usa.

vo usa ako otides to toa racunaj deka toa ke ti e struka samo za vlez pa ke treba da baras nesto drugo ili da rabotis po 50+ saati.
Автоматски споено мислење:

па да можеше таму да си го работиш немаше тука да аутсорсираат. Они сакаат да си диспеч, да се ебаваш со брокери и све да си за тие пари.

Не верувам дека некој у Америка што има фирма и е свесен дека може да аутсорсира дека ќе се заебава со американци кога истата работа за трошки ќе му ја бркаат тука.

Не знам дали за сите фирми тука е така, но во некои све работиш што може да се сработи.
ima. dali 30% od biznisot e outsourced
 
Последно уредено:

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.923
Поени од реакции
35.264
па да можеше таму да си го работиш немаше тука да аутсорсираат. Они сакаат да си диспеч, да се ебаваш со брокери и све да си за тие пари.

Не верувам дека некој у Америка што има фирма и е свесен дека може да аутсорсира дека ќе се заебава со американци кога истата работа за трошки ќе му ја бркаат тука.

Не знам дали за сите фирми тука е така, но во некои све работиш што може да се сработи.
Абе сега да се трошки баш и не се трошки, после некој месец кога ќе научат зимаат по 1000+ евра, за Македонија е солидна плата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom