Кривични пријави за измама за директорот на „Нахил-инвест“, Денис Чоковиќ и неговата соработничка од Куманово, поднесе денеска полицијата, откако А1 објави дека фирмата измамила петстотини лица од целата држава кои уплаќале од двесте до четиристотини евра за да работат во Дубаи.
Босанскиот државјанин Чоковиќ е недостапен за македонската полиција, а неговата соработничка е на распит во МВР.
„Веднаш откако е добиена пријавата, службени лица од МВР, односно од одделението за економски криминал од СВР Скопје, постапија, од фирмата се обезбедени документите, односно договорите и утврдена е дека се работи за 437 договори кои што македонски граѓани ги склучиле со „Нахил-инвест“ заради обезбедување на работа во Дубаи“, изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.
Само од македонските граѓани кои се пријавиле да работат во Дубаи, фирмата инкасирала околу 120.000 евра.
Овие измамени граѓани вчера се собраа од сите градови од земјава. Дојдоа пред фирмата за да бараат одговори но, наидоа на затворени врати. Со себе ги носеа авионските резервации за Дубаи и договорите за работа. На печалба требаше да тргнат за два дена.
„Цело лето имавме некои понуди за приватно, градежно или некаква работа, ги одбивавме тие работи, сметајќи дека ќе отидеме во Дубаи, на работа да заработиме некој денар и сега останавме буквално никаде, на улица“, вели
Од сите 437 измамени граѓани, случајот во полиција го пријавиле само 13. Останатите се уште се надеваат дека ќе заминат во Обединетите арапски емирати, каде требаше да заработуваат по 7 евра од час.
Случајот сега е во рацете на обвинителството. Од „Нахил-инвест“ запленети се сите документи кои ја докажуваат измамата што се случувала и во Македонија и во Босна, на грбот на оние кои сакале да се спасат од сиромаштијата.
ПОСЛЕ ОВА НЕ ЗНАМ ШО ДА КАЖАМ,ЗНАЧИ САМО 13 ЛУЃЕ ПРИЈАВИЛЕ ВО ПОЛИЦИЈА.ДОБРО БЕ ЛУЃЕ ШО ВИ Е НА ВАС ЗАР СТВАРНО МИСЛИТЕ ДЕКА ЌЕ ОТИДЕТЕ,ИДЕТЕ ДОДЕКА Е ВРЕМЕ У ПОЛИЦИЈА ДА ИЗВЛЕЧЕТЕ БАРЕМ НЕШТО,ПОСЛЕ ЃАВОЛ ЌЕ ВИ БИДЕ КРИВ,КЕ ВИ ФАЌААТ СЕИР.