Колку и да се криви дечкиве што дале пари на вакви преваранти, сепак до некаде и ги оправдувам. Колку и да звучи глупо на слепо да даде човек 300-400-500 или колку и да се евра, сепак сигурно тоа не го направиле поради тоа што имаат овде супер работно место па сакаат да заработат некое евро плус во некоја од овие земји што беа спомнати во темава. Тоа го направиле од мака луѓето, мака која ги довела до тоа "дереџе" да поверуваат на вакви луѓе. Лесно е да имаш убава работа, да дремеш цел ден на фејсбук на работа и да пишуваш по форумов дека сами си се криви, но еве да се ставиме на нивно место па да осетиме малку како е. Виделе луѓето дека овде џабе ти е факултет ако немаш врски, џабе ти се квалитетите што ги поседуваш како поединец ако немаш партиска книшка, а доколку истата ја поседуваш тогаш не ти треба факултет, доволно е да имаш поминато една плакатолепачка година. Илјадници луѓе се вработија во администрација, а преголем дел од нив се или од браќава со едвај завршено 4 одд (и тоа едвај завршено со врски), непознавање на македонски јазик или плакатолепачи кои немаат ни К од култура, за образование да не правиме муабет. И што очекувате вие дека во ваква ситуација нема да има луѓе што ќе поверуваат на вакви преваранти, на вакви "аматерски" договори за работа!? Прво и основно државата не им овозможила ништо на нив, па нормално е дека среќата ќе си ја бараат на свој (во овој случај погрешен) начин. Па самата држава ги штити ваквите преваранти, па доколку се одлучат измамените да ја тужат оваа фирма или овој човек, случајот нема да се реши барем половина век, а за тоа време додека се реши (ако се реши) луѓево ќе изгубат 10 пати повеќе пари, волја за решавање на случајот и живот. Таков е нашиов систем за жал, доколку не издадеш фискална сметка ќе дадеш 5 000 евра, а доколку направиш проневера од неколку милиони евра тогаш никој ништо не ти може.
Дечки, се надевам дека на крај се ќе излезе добро за вас, ако ништо друго барем да си ги вратите парите што сте ги дале, а ако дојдете во ситуација државата да ве спасува, тогаш ви посакувам уште ПОГОЛЕМА СРЕЌА!