Сочувство за измамените , пред се.
Од 03.00 часот сабајле до сеа 05.00ч. трпеливо го читам секој пост и можам само да замислам низ што поминуваат сите оние измамени души кои позајмиле се снашле , земале од своите со надеж дека дупло ке им вратат, искрено многу ми е жал кога гледам како млади луге потпагаат на вакви манипулации.
И јас сум небаре на прагот кога треба да се осамосталам , за некој месец магистар ке бидам а немам ден искуство во областа . Каде и да побарам работа знам дека ке ми бараат книшка и активност . А каде да ја најдам таа пракса, зар у собрание додека студирав ме однесоа , или само на мтв да гледам собраниски , па нема што да научиш бре , нашиве не знаат ни за принципи за говорење а небаре за политика поимот .. да не не однесоа во влада како не.. прв пат у влада влегов на интервју натинг спешл.. за политиколог праксата е најбитна .. а ако ја немаш ондак ?!?! ништо ке си седиш дома и ке се нервираш ...
Затоа ги свакам сите овие очајни потези на сите кои пробале да си ја побарат среката надвор , но пробајте да добиете повеке информации пред да дадете пари , пред да помислите на било каков документ да го изложите пред некое неовластено лице кое треба да го прочита или заведе . Тешки манипулации се праат со вашите податоци , и не само тоа самите ние како обични грагани не си ги знаеме правата ниту пак целосно законите. Мислиме дека само адвокатите треба да ги знаат па ако дое нож под грло ке трчаме на адовкатска уличка.
Еден апел до сите , пред да дадете парички за вакви посреднички срања , прво добро проверете ги , ако не знаете како пишете било каде , некој можеби знае нешто повеке од вас, користете го форумов за информирање бидејки колку што увидов тој помага во решавање колку толку на вакви круцијални прашања , барем се труди ако ништо друго .
Искрено верувам дека господ ке ви даде малку повеке срека , здравје и многу ум во следното аплицирање за било каква работа која што ја барате, и јас од се срце Ви посакувам да ја најдете .