MikioBo
Учител на машини
- Член од
- 22 ноември 2009
- Мислења
- 256
- Поени од реакции
- 174
Најголем проблем за да се запишиш е познавањето на германски, освен ако не се пријавиш на некој програма чисто на англиски јазик. За да се запишеш на програма со германски јазик, треба да имаш положено testDaf со најмалку ниво 4 на секој дел (има 4 дела) што отприлика е Б2-Ц1 ниво. Сепак овие работи зависат од тоа на кој факултет сакаш да се запишеш.Другар фала многу за информациите. Приоритет ми е да најдам прво работа за да можам финансиски да се издржувам таму, па ова го разгледувам виза за 6 месеци што е, ќе разгледам убаво кој се услови ги бараат реално дали ми е изводливо да аплицирам.
Имам електро факултет електро енергетски системи диплома 4 год студии. И основно а2 познавање германски, почнувам б1.
Sent from my iPad using Tapatalk
Ако имаш и добар просек, би ти ги препорачал Ерасмус стипендиите за мастер, сега мислам дека ти покриваат само 500 евра месечно, ама лесно можеш да најдеш работа по факултетите како помошник во некој институт за уште отприлика 400 евра месечно за 10 часа неделно работа. Со тоа би требало да ти се покријат сите трошоци месечно, па дури и ќе ти останат 200-300 евра ако си штедлив.