Пушењето - зависност или навика?

Член од
26 март 2008
Мислења
12
Поени од реакции
0
Најголем недостаток кога не се има запалено цигаре подолго време е во раката доколку имаш што да правиш со рацете не ти требаат цигари.
П.С. Пушам 5 години
 

Majmunce

~LiFe Depends On The Way We Look It~
Член од
2 мај 2008
Мислења
78
Поени од реакции
1
Би рекла навика.. но шознам има удел и зависноста овде.. пушам веке 7 год... 7 месеци непушев и сеа пак почнав..но да напоменам бев трудна коа ги откажав :toe:
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Пушеф еден подолг период , сега се откажав и немам запалено месец ипол цигара :) Браво за мене :)
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Пушеф еден подолг период , сега се откажав и немам запалено месец ипол цигара :) Браво за мене :)
Браво за тебе ако не запалиш цигара до крајот на твојот живот.
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Никогаш не сум ни помислил да пушим зашто многу ми смета димот. Инаку според реакциите на моите другари, сепак пушењето е зависност. Да беше навика ептен лесно ќе можеше да се одвикнеш
 

sonne

војвода
Член од
26 мај 2006
Мислења
2.664
Поени од реакции
123
zavisna navika :)

stoznam se otkazav pred 6 dena ( posle 10 , 11 godini pusenje ) 100 pati se imam "probano" ama ovoj pat ke bidam "pouporen" se nadevam dolgo - dolgo :)

pozZ
 
Член од
30 јули 2007
Мислења
1.391
Поени од реакции
86
Па најверојатно е зависна навика ..:) ,но незнам точно што е и како е пошто не пушам..:nenene:
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Пушењето е само лоша и штетна НАВИКА !
Пред точно 5 години ги фрлив цигарите и замислете: не кризирав, не ме врзуваа со ланци, не бев на метадонска терапија... Зависноста е веројатно во нашите глави, нешто како изговор пред себе и другите дека неможам да ги откажам никако, колку и да сакам...Дрн, дрн јариња... Мој познаник успеа да ги откаже цигарите после 35 години активен пушачки стаж и тоа верувале или не, пушеше по 5-6 кутии дневно !!! А ги откажа без проблеми, ниту му сметаа ниту некој му рекол дека мора да ги откаже...Едноставно направил математика колку пари изгорел за 35 години имајќи предвид дека пред да ги откаже пушеше 5-6 кутии цигари кои чинеа по само 30 денари, а тоа се просечно по 4500 денари месечно или 54000 годишно или поточно 1 890 000 денари (30 731 Евра ) за 35 години пушачки стаж. Еден стан ! Еба ти цигарите :toe: .
 

LeoMessi10

Lionel Andress Messi
Член од
12 април 2008
Мислења
2.316
Поени од реакции
268
Пушењето не ни навика ни зависност него е срање.Ја ни сум пушел ни ке пушам.:kickbox:(тој од лево е пушач)
 

GRUNGE

Cobain со цигарче!
Член од
25 февруари 2008
Мислења
677
Поени од реакции
28
Навика е. Јас умеам да ги контролирам. Свесен сум дека е навика и можам и цела недела да не запалам ниту една цигара, а веќе 8 години кај шо мавам по пакета денот. Рекордот ми е 6 месеци ниту еден дим да не вдишам, ниту да запалам, ама сексот беше предобар :) хехехехехе


Иначе 100-ти пост ми е ова. Добивам некое честитање? :pos2:
 
P

puppete dolly

Гостин
Што мислите..дали навистина сме зависни од цигарите?Дали може да се намали бројот на дневно испушени цигари и како?Дали има некој на кого цигарите му го нарушиле апетитот како мене..Јас лично пред две години ослабев 10 кила за два месеци и се си мислам дека беше резултат на големиот број испушени цигари кои до ден денес ми го намалуваат апетитот.Дали кога сте во друштво можете да ги игнорирате оние кои околу вас пушат и да дадете негативен одговор на прашањето-Ајде да палиме по една,доколку од дома сте решиле-ќе ги намалам и нема да палам на секои 10 минути...?
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Сум кажувал да,ама ете,пак сум палел.
Инаку да,мене ми намалуваат апетит,незнам зошто.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.205
Поени од реакции
34.441
Што мислите..дали навистина сме зависни од цигарите?Дали може да се намали бројот на дневно испушени цигари и како?Дали има некој на кого цигарите му го нарушиле апетитот како мене..Јас лично пред две години ослабев 10 кила за два месеци и се си мислам дека беше резултат на големиот број испушени цигари кои до ден денес ми го намалуваат апетитот.Дали кога сте во друштво можете да ги игнорирате оние кои околу вас пушат и да дадете негативен одговор на прашањето-Ајде да палиме по една,доколку од дома сте решиле-ќе ги намалам и нема да палам на секои 10 минути...?
Темава постоеше, затоа ја споив со твојата.

Цигарите се дефинитивно навика. Бар кај мене беше така, зошто веќе година ипол не пушам. Првите 2 недели беа нервозни, ама потоа едноставно ти се менуваат животните навики и забораваш дека воопшто си пушел. Сега немам никаква потреба да запалам цигара, иако во првите неколку месеци секогаш кога ќе се напиев пиво ми се враќаше желбата. Цигари или се откажуваат, или се пушат. Тоа со „намалувањето“ не функционира.

Тоа со апетитот е индивидуално и зависи од човекот. Јас не осетив никаква промена ни кога почнав, ни кога престанав да пушам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom