Дали подсвеста припливува во реалнот свет како позитива?
Aј да почнеме со полесно прашање што всушност претставува подсвеста?
И како можеме да ја контролираме на Пример
кога знаеме дека сме сигурни а сепак имаме страв во нас?
Дали тука има удел подсвеста?
Дали припливува во реалниот свет како позитива, мислам дека не. Барем според мене, не. Мислам, често има случаи кога за некоја работа не сме сигурни дали ќе испадне како што сакаме, ама сепак еден мал дел од нас не храбри и ни влева надеж, нешто ни кажува дека добро ќе испадне. Мислам дека овде делува потсвеста. Можеби и не знам, интуицијата, што е малце чудна работа. Ама, кај мене потсвеста мислам дека во повеќето случаи припливува како негатива, мислам за се што ми се случува колку и да се трудам позитивно да гледам на работите и се, пак еден дел ми вика а што ако не е добро? Што ако се зезнеш со оваа одлука? Секогаш тоа ми го збори. А верувам дека и во поголемиот дел од ситуациите самиот тој дел од мене е виновен за негативните последици. Значи, тоа мене ме прави песимист. Потсвеста ме прави песимист.
Мислам дека потсвеста е делот од нас што е секогаш искрен и реален. Колку и свеста да не сака да ја види вистината, потсвеста ја гледа. Свеста само не лаже, ни создава лажна слика за работите за да се чувствуваме подобро. За да имаме некоја надеж или нешто, ама потсвеста е обично таа што реално ни кажува, само ретко кога ја слушаме, затоа и правиме грешки. А има и подлабок дел во потсвеста што не можеме да го видиме. Па, затоа сонуваме чудни сонови, на пример, за кои не сме ни свесни како дошле до нас, кога воопшто СВЕСНО не сме ни размислувале за тие работи.
За контролата, мислам дека секој пат кога онаа мала птичка на рамето ќе ни шепне дека нешто не треба така, дека треба да ја послушаме, и нема да згрешиме. Често се наоѓаме во недоумици, ама ако ја слушаме, верувам дека нема да погрешиме, барем не во поголемиот дел од случаите. Зашто, гордоста, честа на пример според мене се наоѓаат во свеста на луѓето, тоа ни го мати умот. Сме научиле дека за ништо не смееме да ги погазиме. Ама, не сме научиле дека не се тие најважни, дека некогаш треба да се погазат, а некогаш со нивното газење ќе добиеме повеќе. И мислам дека многу мал дел од нас не се искрени со себе, и не се отворени, за жал. Зашто да се, многу полесно ќе ги решаваат работите. Не размислуваат за потскриениот дел од себе.