^Кристи^
Се извинувам јавно што толку чекаше за мојата анализа,ама навистина не бев во можност да ја напишам.
Ник: ^Кристи^
Кристи,кратеница од името.Прекар веројатно.
Не верувам дека има посебна филозофија за ова.
Титл: Недоприлива
Хм...Си била повредена во минатото?Мене на тоа ме асоцира.Мислам дека имаш некој невидлив ѕид околу себе,сопствен механизам за да се заштитиш,па ако треба и ќе одбутнеш луѓе од себе,ќе
изгледаш недопирливо,но сето тоа,според мене е страв.Да погодам,има луѓе кои рекле на почетокот дека делуваш ладно или арогантно?Класин пример на повлекување во себе и страв.Искуството од животот те натерало на тоа.
Аватар:
Според аватарот,мислам дека си девојка која поголемиот дел од времето се осеќа осамено.Како да се плашиш од другите.Сакаш да бидеш меѓу луѓе,меѓутоа заради одредени настани во твојот живот веројатно,имаш периоди кога си исплашена,слаба и не знаеш како понатаму.
Бидејќи девојката на аватарот е средена,облечена - веројатно и ти си таква.Веројатно си од оние личности кои што и покрај тоа што им е тешко,се обидуваат да ја задржат насмевката на лицето.
Девојката на аватарот го крие своето лице,главата и е надолу.
Нема потреба за тоа девојко,ајде што и да е ќе помине,главата горе!
Потпис:
Хм...според потписов,мислам дека често размислуваш на твоето минато.На шансите кои си ги испуштила,на убавите моменти,на луѓето кои прошле низ твојот живот.Сепак,мислам дека се трудиш голем дел од работите да ги надминеш,затоа што знаеш дека со поттиснување само делумно се решаваат,не и целосно.Минатото е минато.И таму треба да си остане.Во спомените,некаде длабоко во себе.Но,easier said than done, нели?Сепак мислам дека се водиш според изреката : Се‘ се случува со причина.Знаеш дека иако во моментот многу работи може да не бидат јасни,сепак подоцна во животот ќе дознаеш која била причината и зашто нешто се случило.Мислам дека имаш цврсто изграден карактер и она што си денес,е заради тоа што учиш.Учиш од секоја можност,секоја ситуација,грешка...Мислам дека си свесна за своите квалитети,но дека некогаш се колебаш.Како и да е,мислам дека имаш самодоверба,во поголемиот дел од времето.
Бонус:
Имаш пошироки погледи кон светот,љубезна си и претпоставувам добро воспитана.Сепак свесна си дека некогаш премногу си толерантна и им попушташ на луѓето.Тврдоглава си за себе си,но ако се работи за особа која ја сакаш,знаеш да омекнеш и да бидеш попопустлива.Имаш желби,сонувач си,сакаш да сонуваш за големи работи.Млада девојка,како и сите на своја возраст,сакаш да излегуваш,да се забавуваш,да го живееш животот.Некогаш посакуваш да си имала поголема храброст за некои работи во твојот живот,но на крај на краиштата,среќна си со она што си.И така треба да биде.
И така...
Се надевам ќе ти се допадне.:smir:
Наредни на списокот се:
Џену Грл
Фликс
Лејди Сатори
Emma
[/center]