Праам исклучок.Еден и единствен пат.
Unholy.
Колку и да сакам,неможам да го анализирам дечкото според неговите постови,аватар и шит лајк дет,пошто го познавам лично.Али,може да кажам шо мислев за него,пред да го запознаам и така натака...
И шо да се каже:
Пред да го запознаам,детето си беше....Цики.Мислам,тоа ќе ти дое како некој реферал за човек шо:
-Најчесто не зборуе ништо
-Претежно е пијан за да зборуе нешто
-Премногу е мрзлив за да постои
-Уште повеќе го мрзи да умре.
Значи,човек шо вегетира на планетава земја,без некоја особена причина,туку едноставно е тука,како орнамент на останатата околина,во која иако е незабележителен додека активно учествуваш,сепак неможе да ја замислиш без него.
Тоа у глобала беше моето мислење за него,а можда и беше точно,не знам.
Како и да е,ондах се запознавме и открив нови особини,пречкртав некои стари и се деси модификација на поимот Цики:
-Дечкото го памти скоро секој детал
-Има страшно многу забегана(у позитивна насока) смисла за хумор,која,кога ја слушнав,неможев да си поверувам на ушите
-Има мозок.И повремено дури и го користи.Е ова беше комплетно нов момент во мојот портрет.Дознав и дека,кога го користи,уствари нешто многу фино излегува од устата,нешто шо е многу слично со моите ставови и разбирања за светот наоколу.
Моментот беше нешто као:Лееее,па чоеков имал и сива мозочна маса бе,само треба да се активира.
А пошто нашите сиви маси,работат на многу слична фреквенција,неизбежен резултат беше дружењето.Затоа и мислам дека анализива нема да биде објективна,но сепак,ај да ја напраам до крај.
Поминавме заедно низ прогресив-периодот,Цики почна 3та година и почна да учи филозофија.Уште едно големи изненадување,беше огромниот интерес шо го покажува за ова,мада што е некако повеќе за техничките аспекти за филозофијата(филозофи,школи,етц..),сепак,многу позитивно и освежувачки е да знаеш дека,другар ти го привлекува нешто,комплетно нематеријално,нешто во кое што до израз ќе дојдат само неговата креативност и интелигенција.А уште повеќе,кога интересот за таквата наука е доволно голем кај човекот,што одлучува да оди и на факултет за тоа.
Искрено,никогаш неможев да го замислам како филозоф,ама како минува времето,таа слика се повеќе ги губи своите надреални пропорции,и се конструира во една сосема рационална идеја,за еден човек,комплетно задоволен од она што го прави,земајќи го истото како еден од неговите основни извори на енергија и сатисфакција.
И на крај,хормоните.Мислев дека ги нема.
Али,се појави Блек Роуз,и го поби тоа тврдење
.
Значи едн оф дискашн околу тоа.
Мислам дека ова е доволно,знам дека не е нешто особено,ама и никоаш не сум веруел дека со една ситна форумска анализа,може да се опише било која индивидуа,бидејќи нејзиното битие е многу покомплексно од неколку напишани збора.
Ама ај,да му го напраам ќеифот.