Скулгрл
Кај тебе драга моја,изгледот и психата се секогаш во тотален контраст! (И покрај еволуцијата од блонди ин бринетт.)
Изгледаш секогаш така слатка како кукличка,иако се појавува доза на сексапил со промената во бринета. А и многу нормално,човек се менува со годините.Судејќи по твојот изглед,просто,на човек му е тешко да поверува дека ти размислуваш на толку реален начин!
Секогаш си расположена да водиш полемики за односот меѓу мажите и жените,каде (нормално!) феминистички си го браниш женскиот род.
Револуција бре!
Тоа е знак дека не си растела во типично комунистичко семејство или немаш никаква сродна врска со нешто што почнува со СФР,НФР,и сл. Т.Е изеволуирана особа. Тука би го додала и делот од тема „Дали ги трпите жените да ви зборуваат’’, каде невозможно е да се заборави постот: „-Мене маж така да ми направи,ќе му ја набутам штиклата у г’з и ќе си заминам!’’. Дал Господ. Лакше се дише кога имаш со кого да споделиш исто мислење. Алелуја.
Друга работа,за која ми е мило да те фалам (не се секирај,не е за употребата на средствата за потемнување!!) е што ти си една од ретките членови во „омлетов’’ кај која можеш да забележиш еволуција. Созревање. Промена! така да се изразам просто ко грав.
Тоа можевме да го забележиме од трансформацијата на секси-ученичка со скудни постови и аватари со “I hate school!’’, до опширно образложените мислења и супер-модераторството(хоби кое никогаш нема да биде во изумирање: Бришење мислења!!)
Во постовите си реална.
Нормално,постот нема да биде твој ако ја нема смислата за хумор,ама секогаш постои дозата на сериозност.(Пример: види два-три поста над мене
)
Како личност си отворена. Имаш муда да си кажеш се што мислиш и ако наидеш на пациент со рогови,не го гледаш знакот СТОП,туку го гледаш ТУРКАЈ! Така треба.
Љубовта кон животните ако ја уновчиш, ич нема да згрешиш.
Ионака за скоро време ветеринарите ќе се сметаат за општи лекари,оти човекот лека-полека во животно се претвора.
Еволушн-риврс!
*/ми се поклонува*
П.С Желбата задоволена? :icon_bigg