Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Oтсега па натаму СТРИКТНО ПО ТЕМАТА!!!!!!!
И, не сакам да видам навреди, глупирање и сл.
Разбрано???
И без реплики на ова!
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Сите анализи напишани против волјата на SWEDEN се избришани.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Ценет Швеѓанец, шо не им кажеш на сите квази анализатори -
Ду кан суга мин хуук?

Ултимативно - за квалитетна забава и содржајна дискусија, не-ќе-њај-те. Духовитоста и интереснота си имаат некои граници.

Мејк лав, нот воркрафт.
 

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
60
Скулгрл


Кај тебе драга моја,изгледот и психата се секогаш во тотален контраст! (И покрај еволуцијата од блонди ин бринетт.)
Изгледаш секогаш така слатка како кукличка,иако се појавува доза на сексапил со промената во бринета. А и многу нормално,човек се менува со годините.Судејќи по твојот изглед,просто,на човек му е тешко да поверува дека ти размислуваш на толку реален начин!
Секогаш си расположена да водиш полемики за односот меѓу мажите и жените,каде (нормално!) феминистички си го браниш женскиот род.
Револуција бре!
Тоа е знак дека не си растела во типично комунистичко семејство или немаш никаква сродна врска со нешто што почнува со СФР,НФР,и сл. Т.Е изеволуирана особа. Тука би го додала и делот од тема „Дали ги трпите жените да ви зборуваат’’, каде невозможно е да се заборави постот: „-Мене маж така да ми направи,ќе му ја набутам штиклата у г’з и ќе си заминам!’’. Дал Господ. Лакше се дише кога имаш со кого да споделиш исто мислење. Алелуја.
Друга работа,за која ми е мило да те фалам (не се секирај,не е за употребата на средствата за потемнување!!) е што ти си една од ретките членови во „омлетов’’ кај која можеш да забележиш еволуција. Созревање. Промена! така да се изразам просто ко грав.
Тоа можевме да го забележиме од трансформацијата на секси-ученичка со скудни постови и аватари со “I hate school!’’, до опширно образложените мислења и супер-модераторството(хоби кое никогаш нема да биде во изумирање: Бришење мислења!!)
Во постовите си реална.
Нормално,постот нема да биде твој ако ја нема смислата за хумор,ама секогаш постои дозата на сериозност.(Пример: види два-три поста над мене :pos:)
Како личност си отворена. Имаш муда да си кажеш се што мислиш и ако наидеш на пациент со рогови,не го гледаш знакот СТОП,туку го гледаш ТУРКАЈ! Така треба.
Љубовта кон животните ако ја уновчиш, ич нема да згрешиш.
Ионака за скоро време ветеринарите ќе се сметаат за општи лекари,оти човекот лека-полека во животно се претвора.
Еволушн-риврс!

*/ми се поклонува*

П.С Желбата задоволена? :icon_bigg
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
И те како. Благодарам АнЃело, ќе те частам.:)

Сега, јас би го протумачила малку Тонинтер.:)

Редок примерок на кантерџија што уствари знае да сврзе (и тоа прилично добро) неколку логични реченици во пост и разбирливо да си го каже тоа што го има. Поштуем ептен.

На форумов те забележав пред релативно кратко време. Зошто веројатно си знаеш-не посетувам теми ко фудбал и кантер, освен ако не ме тераат woшите чичковци да бришам таму.
Уствари лажам, и тогаш те имав забележано бидејќи се делеше од масата навивачи и плачипичковци за читери енд стаф. Поштуем.

Уредно средени постчиња, без провокации, само смирено. Веројатно таков си и по природа, не се нервираш толку лесно.
Знаеш да се справиш во хаосни ситуации (ова не е толку тешко да се примети, особено по успехот во администрирање на кајгана серверот за кантер :pos:). Свака ти част, јас не би можела толку смирено да се справам со група кантерџии со удрени хормони у глава. Поштуем.

Пријатно сум изненадена што почна и да пишуваш во другите подфоруми (љ и с), и уште повеќе сум изненадена што од тие малку постови сфатив дека си грижлива личност, и не се правиш хардкор мачомен, како што милуваат некои форумџии. Поштуем ептен.
Веројатно си романтичен така?:)

Од муабетите на мсн се забележува твојата смисла за хумор, која морам да признаам наликува на онаа на Баденце (мил тој!) само без толку сарказам.:)

Замерки не би можела да најдам, не дека ги немаш :)))ама се знаеме (виртуелно) релативно краток период и ми имаш оставено добар впечаток.

500 денари молам, готовина.
 

SCORPIO__20

Your sex is on fire
Член од
1 февруари 2007
Мислења
4.380
Поени од реакции
72
јас повторно ке замолам некој да проба да ме анализира :)
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Сите анализи напишани против волјата на SWEDEN се избришани.
Aj нека му учини некоја, нека му пише дека е најпаметен, најубав и највешт љубовник за да биде задоволен :pos2:
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
Скорпио

Човек кој е поинаков и се подбиваат со него. Да има посебни постови, но тој бара нешто што човек бара од памтивек. Љубов. Да, има погрешно разбирање за источњачката филозофија на сексот но кој нема? Истокот е ебано далеку и таму луѓето зборат смешно. Супер си Скорпио, али тргни ум малце од пичка. Има и други работи, као на пример -- чмар.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.139
Поени од реакции
25.698
Ајде љубовџијо јас ќе пробам.

Искрено не знам дали да ти се восхитувам или сожалувам што уште веруваш во некакви си љубови и романси опишани од претставиците на реалистичната литература во Русија и Франција во 19 век. Човек со такви постови не може да има лоша душа. Имаш многу голема среќа што не ти се паднала некоја од тие посебните жени што ќе ти ја исцицаат и крвта и мозокот па да смениш малку мислење. Шалот ти е заштитен знак што значи дека имаш или си воспитуван во аристократски дух и манири. Голем оптимист си и веруваш во подоброто утре. Одлично знаеш да избалансираш меѓу уживањето и трудот. Стилот на Казанова можеби и те прави шармер меѓу девојките ама запомни дека сепак млаката грубост е нешто што ти фали и тоа што е на цена кај нив. Имаш боемско жарче благородна душа и никогаш не оставаш близок на цедило. Тоа се квалитетни атрибути само пази со тие елементи многу лесно да те манипулираат. Ти фали малку покажување на заби и блага агресија. Собрано се мислам дека си го утнал векот поприкладно би ти било 19 век. Совет прошетај малку на Ибица, Миконос и други слични хедонистички места кајшто мислам дека ќе се избалансираш. И да внимавај со која ќе се ожениш, многу многу внимавај.
 

SCORPIO__20

Your sex is on fire
Член од
1 февруари 2007
Мислења
4.380
Поени од реакции
72
Скорпио

Човек кој е поинаков и се подбиваат со него. Да има посебни постови, но тој бара нешто што човек бара од памтивек. Љубов. Да, има погрешно разбирање за источњачката филозофија на сексот но кој нема? Истокот е ебано далеку и таму луѓето зборат смешно. Супер си Скорпио, али тргни ум малце од пичка. Има и други работи, као на пример -- чмар.
хахахахахахахахаахахахах :)
Секоја чест луди :helou: имаш кафе од мене
 

SCORPIO__20

Your sex is on fire
Член од
1 февруари 2007
Мислења
4.380
Поени од реакции
72
Ајде љубовџијо јас ќе пробам.

Искрено не знам дали да ти се восхитувам или сожалувам што уште веруваш во некакви си љубови и романси опишани од претставиците на реалистичната литература во Русија и Франција во 19 век. Човек со такви постови не може да има лоша душа. Имаш многу голема среќа што не ти се паднала некоја од тие посебните жени што ќе ти ја исцицаат и крвта и мозокот па да смениш малку мислење. Шалот ти е заштитен знак што значи дека имаш или си воспитуван во аристократски дух и манири. Голем оптимист си и веруваш во подоброто утре. Одлично знаеш да избалансираш меѓу уживањето и трудот. Стилот на Казанова можеби и те прави шармер меѓу девојките ама запомни дека сепак млаката грубост е нешто што ти фали и тоа што е на цена кај нив. Имаш боемско жарче благородна душа и никогаш не оставаш близок на цедило. Тоа се квалитетни атрибути само пази со тие елементи многу лесно да те манипулираат. Ти фали малку покажување на заби и блага агресија. Собрано се мислам дека си го утнал векот поприкладно би ти било 19 век. Совет прошетај малку на Ибица, Миконос и други слични хедонистички места кајшто мислам дека ќе се избалансираш. И да внимавај со која ќе се ожениш, многу многу внимавај.
Благодарам. се изгорев ми ја исцица крвта и пак живеам. сум прошетал и ке шетам знам како е надоле сепак фала :) другар
И да агресивност - но не во јавност за посебни момети е таа
Сепак фала и респект ти должам :wink:
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.139
Поени од реакции
25.698
А сега порачки.

Рејзорблејд Кис

Прво од старт ќе ти кажам дека никот нема никаква врска со тоа која си туку со тоа каква потајно сакаш да бидеш. Модерна Лилит што го подава јаболкото на гревот. Апстракцијата и длабоките патувања во својата и туѓата потсвест е тоа што одсекогаш далбоко те фасцинира но сознанието доведува до една опасна состојба на умот. Се трудиш да го најдеш начинот до себеактуелизација реалноста е нешто што потајно сакаш да ја истиснеш, видоизмениш, утопизираш. Неуспехот од тоа те доведува до благи депресии душевни зандани и мачилишта. Младоста симбионизирана со менталната напредност е тоа што мислам дека е проблемот. Уште ја немаш совладано добор техниката на умствена трансформација по потреба да се опкружиш самата себе со светлост која што ти треба да ја креираш а не во тој тунел на процеси да ја бараш. Знаеш потешките прашања никогаш нема да можеш да ги одговориш а најдоброто решение е воопшто да не ги поставуваш. Наместо тоа направи ја синаптичката база и опкружи ја со лесен метафизички стадиум на долготрајно интерно вдахновение.
 

Вампирката

Well, I tried to say there's nothing wrong with me
Член од
20 мај 2006
Мислења
3.819
Поени од реакции
95
ај ако ииамш време и ако сакаш направи ми и мене анализа ...
фала однапред:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom