Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.727
Поени од реакции
13.465
Black Rose напиша:
Абе....а за мене? :(
Ај јас ќе почнам (волонтирам). Воедно ова ми е прв пат :pos:
Значи вака....Black Rose e првата членка која виртуелно ја запознав од форумот... Доста весела и отворена личност. Но кога си ненаспана како сите бродови да ти се потонати :). Обожаваш медитација, море - тоа те прави смирена. Имаш огромен талент за цртање - доста си креативна. Ги сакаш малите дечиња - бебиња - знаеш со мали (да ги чуваш). Знаеш да уфрлиш некоја шала - тоа те прави забавна (amusing). Си имаш изградено свои мислења и ставови значи ти си независна понекогаш и тврдоглава :pos:. Не ги сакаш фамилијарните ручеци, свадби, матурски, с`е на с`е прослави во кои има многу народ. Голем љубител си на Rock (поготово на Alternative rock (H.I.M)). Исто така сакаш да одиш по театри, ја сакаш уметноста (цртање, Еdgar Alan Poe (Nevermore, nevermore, nevermore :pos:)).

Толку за сега

Следниот молам :)
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
MAP MAP

Срам да ми е ,се самосуспендирав а заборавив на тебе:smir:
Вака,Мар беше првата девојка со која се запознав(виртуелно,а се надеваме дека ќе биде и во живо:))Сме проживеале доста заедно,иако само мрежата ни претставува врска.Што е најчудно,и двете се наоѓаме во некоја иста ситуација што ни сами не ја сфаќаме,(ние си знаеме хехе:))
да преминеме на официјалниот дел кхм кхм...

Ми делуваш како девојка што ужива во животот и низ него се движи со голема леснотија.Пречки секако има,но пренесени низ твоите зборови,ништо не е несовладливо и од кое не можеш да испливаш,ти се восхитувам на тоа.
Секогаш расположена,има добра смисла за хумор.
Во врска со љубовта...па исто,и пристапуваш со твојата темпераментност и тоа им се допаѓа на припадниците од спротивниот пол.Штознам,се препушташ на емоциите без да помислиш на последиците,потоа се чувствуваш повредено,но еве гледам дека конечно твојата посветеност вроди со плод,имаш човек што го сакаш и те обожава,се надевам дека е тоа тоа.
Не обрнувај внимание кога некој те угнетува затоа што не задоволуваш нечии стандарди,било за физички или психички изглед на твојата личност,сакај се(звучи малку нарцисоидно да:))но така е.
Ги сакаш твоите пријатели,но имаш и моменти кога сакаш да бидеш изолирана и се случува да бидеш еден период сама.Тоа е добро,се додека не почнеш да се плеткаш во сопствените мисли,во тој момент ти е потребна поддршка од најблиските и твоите пријатели.Меѓутоа ти си отворена личност и лесно може да се допре до тебе ако се пронајде заеднички јазик.Толерантна си но не трпиш испади лаги и лицемерство.

Сум зарибала хехе:)
се надевам дека ќе се видиме и во живо,да го дополнам впечатокот за тебе.
Поплаки кај секси секретарот:)
 

Black Rose

дете на цвеќето
Член од
12 февруари 2007
Мислења
1.972
Поени од реакции
38
Saladin напиша:
Ај јас ќе почнам (волонтирам). Воедно ова ми е прв пат :pos:
Значи вака....Black Rose e првата членка која виртуелно ја запознав од форумот... Доста весела и отворена личност. Но кога си ненаспана како сите бродови да ти се потонати :). Обожаваш медитација, море - тоа те прави смирена. Имаш огромен талент за цртање - доста си креативна. Ги сакаш малите дечиња - бебиња - знаеш со мали (да ги чуваш). Знаеш да уфрлиш некоја шала - тоа те прави забавна (amusing). Си имаш изградено свои мислења и ставови значи ти си независна понекогаш и тврдоглава :pos:. Не ги сакаш фамилијарните ручеци, свадби, матурски, с`е на с`е прослави во кои има многу народ. Голем љубител си на Rock (поготово на Alternative rock (H.I.M)). Исто така сакаш да одиш по театри, ја сакаш уметноста (цртање, Еdgar Alan Poe (Nevermore, nevermore, nevermore :pos:)).
На доброволна основа вое бе :) не очекуав пошо ја немам анализирано никој хе хе фалале многу, баш ме изненади си запамтил доста од муабетите на мсн :)

Значи Black Rose освен шо е нерасположена кога е ненаспана или лошо спиела е и многу наапана :) и HIM не се баш alternative rock ма нема веза :)
 
Член од
12 ноември 2005
Мислења
396
Поени од реакции
8
Bas bi sakal da vidam psihoanaliza za mene , od nekoj... cisto da znam kakov stav nekoj ima izgradeno ili gradi vrz osnova na moite postovi, avator... Da vidam kako na mene gledaat lugeto od stana... Ke me analizira nekoj ???
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Може да бара анализа само тој што барем еднаш анализирал некого.

Орион2, гирллл, сте анализирале некого на темава?
 
Член од
12 ноември 2005
Мислења
396
Поени од реакции
8
Pa i pisav na girlll na PP deka vecer ke i napraam analiza, a taa mene... a ako mi napravi nekoj, drug analiza i toa ne e loso...
cek samo so se pribrav doma, prvin tus pa ke analiziram :)
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
DapZ.. Ke se trampame vecer :)
P.S. For4n ova гирллл na kirilica mn fanky lici LOL :)
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
229
Анализите на викторгг.
Сакам reality check од него, толку ми е забавно што се плашам :).
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Анализите на викторгг.
Сакам reality check од него, толку ми е забавно што се плашам :).
Знаеш дека нема да ти се допадне нели? Ама ќе бидам фин.

Прво, ве има неколку(многу) даркерки на форумов. По некогаш не ве ни препознавам која - која е? Е океј, не можам да те обвинам за никакво плагијаторство, меѓу првите си регистрирана. :bravo:
Види, ја црното како лајфстајл не го прифаќам. Ако веќе излегуваш на улица, живеј! Ако сакаш да бидеш тажна и разочарана дека никој не те сфаќа, дека животот е тежок а ти си препаметна за околината... па во ред во право си, ама стори нешто околу тоа. Или, одбери го полесниот пат, убиј се. Ако никој не те сфаќа, потруди се, објасни му. Животот е тежок, ама ти одлучи да бидеш борец, препаметна си? Значи ја имаш доблеста да се спуштиш на ниво на соговорникот. Еден вистински интелектуалец секогаш ќе знае да се постави спрема соговорникот за да искомуницираат. Квазипаметњаковичот само ќе се пелтечи со тоа што го има, бидејќи му е важно да покаже а не да подели. :zid:
Гледаш, јас сум далеку од нормален психолог, не ти викам “и ти што мислиш за тоа“. Јас пресекувам веднаш. А за тебе бејби, ги пресекувам сите црни долги фустани, цокули до колена и се што ме потсеќа на преоптоварена личност со непотребни проблеми. :nesvest:
А да, за да можеш да плукаш по шмизлите, мора барем еднаш да бидеш како нив... За промена, биди еден ден глупава намерно, ќе ја цениш својата глава двојно повеќе следниот ден :) :pipi:
Ако за нешто сметаш дека не сум во право... удри ме по глава :) :angry2:
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Викторгг, и јас се пријавувам за анализа:pipi:
И сеуште со нетрпение ја очекувам анализата од Fortune:back::smir:
A ако овие двајца членови изразат желба и јас со задоволство би ги анализирала.:):helou:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Еве една анализа за Фантом:

Вака сега,не знам од кај да почнам.Според постовите до сега,можам да заклучам дека претерано се интересираш за фудбалот,голема страст ти ти претставува тоа,па да не речам гледаш на фудбалот како на уметност.
Како човек мислам дека си интересен дечко,со голема смисла за хумор.Прв сеирџија си,сакаш да знаеш се,доста си љубопитен.Во принцип си весел,но некогаш можеш да бидеш и доста намуртен,доколку нешто не ти е по ќеиф,но сепак лошото расположение брзо ти поминува.Прифаќаш сеир на своја сметка иако понекогаш малку ти е незгодно,не се лутиш,ама сепак сакаш да вратиш на ист начин со зезање или подвалување на некоја замка на некој друг.
Знаеш да бидеш доста нежен иако не си баш љубител на претерано искажување на емоции.Во врска со љубовта си претпазлив,прво малку анализираш,а потоа стапуваш во акција.
Инаку обично настојуваш секогаш да го добиеш тоа што ќе го посакаш.Ќе ги пробаш сите можни начини што постојат за да излезе по твое,како што ти сакаш,а ако не испадне,чекаш некој период па пак пробуваш.Не си човек што лесно се откажува од замисленото.
Инаку не си од тие луѓе кои стриктно се држат за онаа поговорката Памти па врати,но сепак,знаеш некогаш да вратиш дупло,ако навистина тоа си го замислил.
Луѓето не те сфаќаат секогаш сериозно,затоа што можеби не си баш таков тип на човек.Доколку сакаш да бидеш сфатен сериозно и твоите постапки би требало да бидат посериозни.

па толку е...
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
229
Знаеш дека нема да ти се допадне нели? Ама ќе бидам фин.

Прво, ве има неколку(многу) даркерки на форумов. По некогаш не ве ни препознавам која - која е? Е океј, не можам да те обвинам за никакво плагијаторство, меѓу првите си регистрирана. :bravo:
Види, ја црното како лајфстајл не го прифаќам. Ако веќе излегуваш на улица, живеј! Ако сакаш да бидеш тажна и разочарана дека никој не те сфаќа, дека животот е тежок а ти си препаметна за околината... па во ред во право си, ама стори нешто околу тоа. Или, одбери го полесниот пат, убиј се. Ако никој не те сфаќа, потруди се, објасни му. Животот е тежок, ама ти одлучи да бидеш борец, препаметна си? Значи ја имаш доблеста да се спуштиш на ниво на соговорникот. Еден вистински интелектуалец секогаш ќе знае да се постави спрема соговорникот за да искомуницираат. Квазипаметњаковичот само ќе се пелтечи со тоа што го има, бидејќи му е важно да покаже а не да подели. :zid:
Гледаш, јас сум далеку од нормален психолог, не ти викам “и ти што мислиш за тоа“. Јас пресекувам веднаш. А за тебе бејби, ги пресекувам сите црни долги фустани, цокули до колена и се што ме потсеќа на преоптоварена личност со непотребни проблеми. :nesvest:
А да, за да можеш да плукаш по шмизлите, мора барем еднаш да бидеш како нив... За промена, биди еден ден глупава намерно, ќе ја цениш својата глава двојно повеќе следниот ден :) :pipi:
Ако за нешто сметаш дека не сум во право... удри ме по глава :) :angry2:

Е да пукнеш, ама малце ме разочара.
Откај накај испаднаф толкафа даркерка и блекерка незнам, ам јес да поштувам пристоен готик арт ама кутра мислев тоа малце е за да ја имам таа чест. Убаво што си помислил на тоа, ама штета шо останало за главно јадење.
Оти у секој случај се надевав дека ќе одиш подалеку од тоа :).

Сфе беше фино и вкусно подготвено, онака барем приближно како што се очекуваше од тебе, дури и се познаваше дека се трудиш да го исполниш тоа; еве само една работа не ја бендисав, она со шмизлите не ти е точно.

Како прво, не практикувам регуларно плукање по шмизлите без никаква основа, и не ги дискриминирам во никој случај, бидејќи основата во карактерот ми е дека ги прифаќам само оние кои се среќни со тоа што се, а за среќа такви шмизли сепак постојат и се мои пријателки :pipi:.
А второ, оние кои ги плукам имам право да ги плукам, бидејќи сум го пробала нивниот живот, ама сепак ја ценам мојата глава само по потреба, исто ко мајка ми со годините :)))))). Но ти тој факт неможеше да го знаеш ;).


Благодарам у секој случај, имаше слатки мали детали кои имаа смисла и ми ја доловија целта :pipi::back::back::back::smir:
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Еве една анализа за Фантом:

Вака сега,не знам од кај да почнам.Според постовите до сега,можам да заклучам дека претерано се интересираш за фудбалот,голема страст ти ти претставува тоа,па да не речам гледаш на фудбалот како на уметност.
Како човек мислам дека си интересен дечко,со голема смисла за хумор.Прв сеирџија си,сакаш да знаеш се,доста си љубопитен.Во принцип си весел,но некогаш можеш да бидеш и доста намуртен,доколку нешто не ти е по ќеиф,но сепак лошото расположение брзо ти поминува.Прифаќаш сеир на своја сметка иако понекогаш малку ти е незгодно,не се лутиш,ама сепак сакаш да вратиш на ист начин со зезање или подвалување на некоја замка на некој друг.
Знаеш да бидеш доста нежен иако не си баш љубител на претерано искажување на емоции.Во врска со љубовта си претпазлив,прво малку анализираш,а потоа стапуваш во акција.
Инаку обично настојуваш секогаш да го добиеш тоа што ќе го посакаш.Ќе ги пробаш сите можни начини што постојат за да излезе по твое,како што ти сакаш,а ако не испадне,чекаш некој период па пак пробуваш.Не си човек што лесно се откажува од замисленото.
Инаку не си од тие луѓе кои стриктно се држат за онаа поговорката Памти па врати,но сепак,знаеш некогаш да вратиш дупло,ако навистина тоа си го замислил.
Луѓето не те сфаќаат секогаш сериозно,затоа што можеби не си баш таков тип на човек.Доколку сакаш да бидеш сфатен сериозно и твоите постапки би требало да бидат посериозни.

па толку е...
Све ми погоди :topkaaa:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom