LordDragonII
Dr.Strangelove
- Член од
- 15 август 2008
- Мислења
- 10.995
- Поени од реакции
- 5.726
Ај мене некој, баш ме интересира шо чоече сум бил ...
би ти направила за возврат али само со твоја довола по пп и сите матракуќиСе извинувам на тоа што мораше долго да чекаш, но конечно најдов слободно време за да си го исполнам ветувањето.
(Таа)Марсовка
Догматскиот принцип по правило би требало да биде забранет кога се врши психолошка анализа на некоја личност, но бидејќи во овој случај, ниту јас ја имам привилегијата да анализирам персона, туку форумски лик, ниту сум психолог, ќе започнам со догматика.
Марсовка сака да ја покаже својата огромна фасцинација кон себеси преку фактичко отфрлање и сакање на своето јас, делува како контрадикција, да, но зарем не е премногу очигледно за да не се спомне.Првенствено, кога би го разгледувала нејзиниот ник, она што ви се појавува како ментална слика е некој што би ви паднал во очи во улица преполна униформирани луѓе, затоа што таа сака да биде дистинкцирана од околината со цел да биде приметена од неа.Секој од нас носи голем број на карактерни особини кои што се базираат на социјалните аспирации, но ете, ти обидувајќи се да избегаш од нив преку некаков си тип на наводна алтернативна и авангардна себе промоција го правиш опозитот, во оваа денешна цивилизација сите ќе направат се за малку повеќе внимание, дали преку шокирање или соблекување или паметување искрено не прави разлика.
Потоа, да си дадам малку повеќе слобода во описот, убава и благородна е желбата за оригиналност, но, злато тоа е невозможно, прво затоа што не живееме во камената доба каде сеуште се можело да се смета за ново и второ затоа што генијалците кои што имаат барем малку оригиналност во себе не седат по форуми.Аватарите, потписите и се што треба да дава импринт за членот гледани од оваа перспектива на догма се комплетно небитни, затоа што твоите мислења се тие што зборуваат за тебе, а тие велат дека твојот патерн на однесување е препознатлив за тоа што ти си и голем број на луѓе кои што се чувствуваат како тебе, а веројатно тоа не е мала бројка затоа што сите сме на овој или оној начин марсовци.
Бунтовник без причина или со причина, која разлика ја прави? Никоја.
Битно е да се бунтува, да се биде гласен и пораката да се пренесе до сите уши што сакаат да ја слушнат, до сите очи кои што ќе ја прочитаат, а која ќе биде пораката е уште помалку битно, или е да, или е не, нема алтернативи, има само спротиставување на веќе кажаното или согласување со она на кое сите му се спротиставуваат.Тоа веројатно произлегува од горе наведената причина, на која што може да и се додаде и доза на компулсивност, дали е опсесивна или не и во кои домени, таму повлекувам црвена линија.
Сепак, некоја доза на шареноликост мора да постои и убаво е да се крши монотонија но не поради генералниот став, туку поради личните и внатрешните бои кои што треба да ги поседуваш.
Сега, убаво дека попатно во животот си научила дека треба да бидеш груба и остра, но, или си се насочила кон вулгаризирање на речникот или треба дефинитивно да го подобриш и малку елеганција и грациозност во изразувањето нема да штети туку само ќе го рафинира она што ќе го презентираш, да колку и да изгледа грубо, нема да изгледа вулгарно, тоа е резервирано за спотовите на MTV и за Слаткар и Тони Зен.
Увереноста дека доволно знаеш и си про/еживеала во животот е нешто кое што сакаш да го покажуваш секаде каде што имаш можност, па на сама себе си ги поставуваш сите големи филозофски прашања и сега се тоа е убаво и прекрасно и спакувано во голема црвена кутија ама е процес на зреење не на созревање, филозофијата и мудроста се привлечни но вистинското знаење за нив се стекнува после 50-та и со дебели години пракса на сите лоши места и тони квалитетна теорија.
За крај, не се осврнувам на добрите карактерни особини затоа што тие се препознаваат само кога имаме можност некој лично да го запознаеме, а и горните редови се фикција на она што си сакала да го создадеш малку под површината.Моето мислење за ликот и делото се небитни, но мојата желба да видам во живо какви се твоите ораторски способности е веќе нешто друго.:wink:
Cheers!
Фурај, не ти треба дозвола.Друга личност која не би ја анлизириала туку поштено испердашила е ада ако даде дозвола се разбира
Не сум јас ниту интригантна, ниту интересна повеќе, но ако сакаш да ме анализираш и притоа да бидеш доволно строга, нема никаков проблем.би ти направила за возврат али само со твоја довола по пп и сите матракуќи