- Член од
- 16 февруари 2007
- Мислења
- 2.779
- Поени од реакции
- 8.235
Mac : ))((+-{})
Стадиумите во развитокот на еден човек никогаш не треба да се земаат против него.Секој човек има право следниот стадуим да го претвори во тотална контрадикција од карактерот кој бил доминантен кај него во претходниот.Затоа не смее да им се замерува, па дури и преобразбата да се случи далеку,далеку после пубертетот.
Но,овде има работи кои се интересни:Колку е голема промената,дали е само карактерна или физичка,дали човекот се променил само декларативно,за име на репутацијата,или пак декларативно суштински,за да се лаже себеси.
Кај Мац имаме ситуација во која промената драстично ја проби с'ржта на она што мора да се прифати како еволутивен скок на еден човек и навлезе во водите на самоуништувањето.Им се случува тоа на филмоманите.Знаете,имате антихерои,платени убијци,злочковци,курви и разни други фаци,кои,после опсесивно гледање,можеби и без да сакате,стануваат предмет на потсвесно идолизирање и вие ги инкорпорирате во вашиот карактер,иако апсолутно немате ни фрагмент потенцијал да бидете Кул,што тоа и да значи...
Наеднаш вие си замислувате ниво,еквивалентно со мисловната именка "Кинач на Илјадата Девица".Вие сте Кунг Фу Панда,Икар Кој Се Измоча на Сонцето И Го Изгаси....па сам ја грееше Земјата со своите маѓесни јајца...
Кај Мац се случи некоја болна алелуја.Иако моето ткиво на форумов е далеку помалку засмрдено(старо),од неговото,сепак додека бев овде јуниор,не го гледав многу по сериозни теми.Си седеше во Игри,си рецензираше,си кажуваше совети за како да качиш левел на "The Quest of Rangenforth's Keep of Fiery Exchange XXV"...и си уживаше.
Тогаш навистина учев од Мац,исто како што учев од П.Овердрајв и луѓето кои се далеку подобри гејмери од мене.Му стоеше да си биде модератор таму,му стоеше да биде некој авторитет таму,и му стоеше таму да соли памет и да има поставено ниво.
Болната алелуја се случи кога Мац реши да стане универзалец,и да докаже дека кај него има повеќе слоеви полни компетенција за разговори на секаква тема.
И,Мац почна.
Почна со давање несериозни анализи,кои најверојатно можат да ве насмеат или изнервираат,но не и да ве замислат искрено.Оној кој се импресионира од неговите анализи и ги смета како веродостојн,треба убаво да размисли дали анализите биле показател на нивната душа(бидејќи,итекако човек тоа овде може да го направи),или само купче добри зборови кои убаво легнале на нивниот нарцизам.Мац незнае да пишува анализи.Почна со крајно хејтерски и безобразни анализи.Јас таква не и напишав ни на Дивајн,која ми е најнеомилениот авторитет на форумов,ниту на било кој друг безвезњакович.Но,Мац бескрупулозно плукаше кон секого кого мисли дека е послаб(виртуелно)од него,и према кого нема куродрв/куропад(модератори и админи).
Ако анали(з)ите на мац ги оставиме настрана,ќе дојдеме до неговите дискусии.Има обичај сурово и тврдоглаво да се наметнува низ темите,упорно да реплицира до степен на киснење мозок и да ја видоизменува темата за да пробие поента.
Прво,агресивноста е глупава работа.Секогаш е подобро кога човек на тема ќе биде демантиран,фино-лепо да си се повлече.
Второ,ако секогаш мораш да го имаш последниот збор,само докажуваш на комплекс.Со секоја нова безглава реплика одиш да го умориш противникот,да го истоштиш,за да,тој,на крај,се повлече,и ти како некој Конан излезеш пред огледалото и се обожуваш,со вакви или слични самореплики:
The New-Born PussyLord and Virgin Deflower-er.
None shall defy me.
I squeeze balls like none other.
Are You Bored?
You Have Seen Nothing Yet!!
Ова се се надополнува и со фактичкиот живот.Типчето си вежба,планира да направи стомачни,да има Брилијантин фризура и да стане хит на плажа.СтевоMC момент.Во поблага варијанта,се надевам,оти сепак,Мац има мозок и можеби ќе се сепне навреме.
Да извлечам само неколку поуки:
-Немој да мислиш дека со секој нова реплика го побиваш постот кој те компромитирал.
-Немој да си даваш нереални придавки на себе и своето делување на форум.Твоето ниво не постои.
-Труди се да не навредуваш кога не ти оди дискусија.Ако уште еднаш те видам да и речеш на short1 дека е глупа,пеер,ќе те јадам
-Не ми реплицирај на анализава како што реплицираше кај Виктор.Нејќам после ада да не брише.Се плашам од ада.И не и пишувам анализа во 35 дела за да имам привилегии кај неа.