Ливерпул фан
Oi!
- Член од
- 24 мај 2007
- Мислења
- 5.124
- Поени од реакции
- 35
Ај глеј да биде во оваа годинаШтом се работи за живот, не си играм играчки, ќе биде
ЕДИТ: чекам ја, уште чекам ...
Ај глеј да биде во оваа годинаШтом се работи за живот, не си играм играчки, ќе биде
Вечер коа ќе дојдам од чаршија, давам збор!Сакам од Гарфилд или од Серпико или од некој што е расположен!!!Плиииииссссссс
Ај за мене од три-четворица?
Драма Куин
Уште со првиот твој пост, ми остави впечаток на кул, уредна, паметна и шарманта членка, што не се сомневам дека си. Одма се адаптираше на форумов и сите те прифатија таква каква што си, сето тоа за многу кратко време. По постовите кои ги пишуваш може да се примети дека секогаш си спремна за добра комуникација во било кој подфорум. Не се сомневам дека имаш многу другари и другарки, бидејќи таквите како тебе секогаш се обколени со другари. Имаш одбрано добра патека на живот, од која не одстапуваш. Што повеќе те читам на форумов, се повеќе заклучувам дека имаш свои цврсти ставови за кои секогаш се држиш и не се одтргнуваш од нив. Одсекогаш си ми седела како отворена, комуникативна и директна личност. Се немаме подобро запознаено, па затоа не можам ова да го потврдам, а баш би сакал да се запознаеме. Се надевам на собиранката ќе дојдам, па и лично ќе се упознаеме.
Не сакам да пишувам коментари на анализи наменети за мене, но ова е случај во кој тоа ќе ми биде задоволство(а, и најмалку што може да направам за возврат).Крајот на оваа година, на оваа тема ќе го крунисам со една аматерска анализа, која повеќе би ја нарекла едно мое лично и поопширно мислење за мојата најфорумџика во позитивен поглед за 2007 - ада.
Малата весела и палава девојка ми привлече внимание од самиот нејзин почеток на форумов. Не случајно кажувам мала. Ми се допаѓа начинот на кој самата си го потенцира тој "недостаток", со што ми е уште послатка и ми дава право токму со тој збор нагалено да и се обратам.
Ја има таа способност да е реална, да не живее во илузии дури и на интернет - таква каква што не е и во свет кој не постои.
Нејзината интелигенција ја издвојувам од другите не затоа што е единствена туку затоа што ја прикажува на уникатен, посебен, несекојдневен начин. Никогаш не сум забележала да навреди некој што не е на нејзино ниво или да се наметнува и болно да се труди да се истакне и докаже пред другите. Со секој човек знае да најде заеднички јазик и на секаков начин да се изјасни. Најчесто тој начин е совршено едноставен, со што не ги заморува луѓето да ја читаат или слушаат. Нејзините ставови се секогаш толку јасни, толку цврсти и толку издржани, што не даваат простор за понатамошна дискусија.
Сето тоа за неа ми кажува дека е многу едноставна личност со многу животни искуства од кои научила доста, многу добро изграден карактер, подвижна литература и едноставно прекрасна девојка.
Во животот, сум добила впечаток дека ужива толку колку што реално може - ни повеќе ни помалку. Се радува и знае како да ги прифати убавите работи, а тагува и знае како да сочувствува со лошите. Не е човек што може неконтролирано да се изгуби во својата среќа, а ни човек кој би западнал во депресија од проблемите и несреќите. Имам заклучено и дека не е егоцентрик, кој по секоја цена се става себе си на прво место. Храбра е доволно за да се избори за тоа што го сака и и` припаѓа, но не ги занемарува и повредува другите на патот до својата цел.
Нејзината комуникативност, отвореност и живост се неодоливи карактеристики за околината. Со тоа стекнува безброј познанства, од кои голем дел (се надевам) завршуваат со искрени другарства. Велам се надевам, бидејќи знаеме колку опаѓа процентот на вистинските другарства, па верувам дека една ваква личност тоа не го ни знае или барем помалку го доживува.
Морам да ја нагласам и нејзината неспособност за предрасуди. Неспособност која во мои очи е поголема од секоја друга способност за било што. Но, не верувам дека таа лично тоа го смета за нејзина доблест, впрочем како и се` друго ... дел е од неа, така живее, па затоа и не и` придава посебна важност.
Љубовта кон животните на некој начин ми ја отсликува хуманоста кај човекот. Ада и тоа го има, па што повеќе и треба?
Толку разумна личност, исто можам да заклучам дека е способна за љубов и точно може да процени што е љубовта, како и дека ќе ја препознае без проблем онаа вистинската. Тогаш кога ќе се случи тоа, ќе биде повторно паметна да знае што да прави со неа, како да ја задржи, а и како да се бори за неа за да не ја изгуби, знаејќи дека не смее да си го дозволи тоа. Нема да кажам дека ќе е среќник нејзиниот принц. Среќници ќе се и двајцата, затоа што ќе си се еден на друг тоа што подеднакво го заслужуваат. Со тоа не целам кон некое совршенство ... туку да не должам и за тоа, ада ќе ме разбере.
Голем човек е поради сите овие работи, кои се само дел од неа кој јас го гледам. Сигурно тоа што не го догледувам е уште поубаво, па затоа ми зафаќа посебно место во моето срце.
Малечка, немам за тебе ниту една, макар добронамерна забелешка. И ситуациите и нештата околу кои дискутираме на форумов, кои јас лично не ги прифаќам, ти знаеш да направиш да изгледаат поприфатливи и поубави. Да не кажувам колку многу и може да се научи од тебе ...
Остани таква и имај ги секогаш најдобрите работи, затоа што ништо помалку не заслужуваш.:smir:
п.с. Иначе, јас како голем љубител на џиџани аватарчиња и потписчиња, за големо чудо кај тебе истите воопшто не ги забележувам т.е. не им придавам значење. Не дека не се сеќавам што се си имала, но едноставно не допираат до мене покрај твоите мислења. Затоа анализава не ми се сведува на нив.
Ада...Ај и за мене еден новогодишен поклон(дојде баш како убаво новогодишно подароче ).
Еве јас како психолог, психијатар, гуру, видовита и слично во слободно време( у превод кога неам попаметна работа), ќе ти го дадам своето мислење.баш ме интересира трето мислење за мојот психо онлајн профил...?