Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Можеби грешка направи што не се запиша на филозофија туку на друг факултет....Но еве совет, пишувај книги:)

Фала за анализата:smir:.....
Не е грешка што не сум се запишал на филозофија....нема леб од тоа:)
(иначе штотуку направив таков потег и сменив факултет после завршување на 2 година:uvo:)....а затоа што филозофијата ми недостига во мојот живот (на никој не му се филозофира) надополнувам со кајгана:)
 
БИЛА ФАКИН БОНГ
Била Бонг, ас ноун ас Сале, Саше, МУДА, смољо, дикле... Ова чуече ми е многу драго.:bros: Се знаеме од пред... 1 година, али официјално се запознавме на една собиранка изминатово лето (Коки, да те спомнам и овде, фала за превозот :pos:), ист како што го замислуав само гласот малце поинаков му беше на мик. :pos: Си има некоја замилса на животот и си тера по неа, не ебаа ништо :svirka: Сака кошарка (ама не знам како игра, ми седи ко врска да нема :pos:) Кантер си плеше одвреме - навреме и тоа. За љубовта, знам дека си е сингл, си ја чека принцезата на бел коњ (лол) и дека само мува, мува, мува... стап мувинг енд гет сам гирлфренд! :vozbud: али се во свое време. Највише од се ми се свиѓа што не размислува 2 пати кога вика нешто, директен е, не му е гајле што ќе биде потоа...:wink: Негативна особина... хм, нема само што е гробар малце не му чини :smee: Зимава се надевам ќе дојдам у ск една недела па ќе ме шеташ таму ќе местиш нешто ова она чат пат...:pipi:
 
БИЛА ФАКИН БОНГ
Била Бонг, ас ноун ас Сале, Саше, МУДА, смољо, дикле... Ова чуече ми е многу драго.:bros: Се знаеме од пред... 1 година, али официјално се запознавме на една собиранка изминатово лето (Коки, да те спомнам и овде, фала за превозот :pos:), ист како што го замислуав само гласот малце поинаков му беше на мик. :pos: Си има некоја замилса на животот и си тера по неа, не ебаа ништо :svirka: Сака кошарка (ама не знам како игра, ми седи ко врска да нема :pos:) Кантер си плеше одвреме - навреме и тоа. За љубовта, знам дека си е сингл, си ја чека принцезата на бел коњ (лол) и дека само мува, мува, мува... стап мувинг енд гет сам гирлфренд! :vozbud: али се во свое време. Највише од се ми се свиѓа што не размислува 2 пати кога вика нешто, директен е, не му е гајле што ќе биде потоа...:wink: Негативна особина... хм, нема само што е гробар малце не му чини :smee: Зимава се надевам ќе дојдам у ск една недела па ќе ме шеташ таму ќе местиш нешто ова она чат пат...:pipi:

Ју гОт ИТ!:pipi:
 
Сакам од Гарфилд или од Серпико или од некој што е расположен!!!Плиииииссссссс:pipi:
 
*мјау*

Јас ја чекам твојата анализа сеуште!:relaksacija:


Твојата анализа е потешка за правење,мислам да биде спешл зошо таква особа си,немам доволно информации за добра анализа....:pipi:
 
Крајот на оваа година, на оваа тема ќе го крунисам со една аматерска анализа, која повеќе би ја нарекла едно мое лично и поопширно мислење за мојата најфорумџика во позитивен поглед за 2007 - ада.

Малата весела и палава девојка ми привлече внимание од самиот нејзин почеток на форумов. Не случајно кажувам мала. Ми се допаѓа начинот на кој самата си го потенцира тој "недостаток", со што ми е уште послатка и ми дава право токму со тој збор нагалено да и се обратам.
Ја има таа способност да е реална, да не живее во илузии дури и на интернет - таква каква што не е и во свет кој не постои.
Нејзината интелигенција ја издвојувам од другите не затоа што е единствена туку затоа што ја прикажува на уникатен, посебен, несекојдневен начин. Никогаш не сум забележала да навреди некој што не е на нејзино ниво или да се наметнува и болно да се труди да се истакне и докаже пред другите. Со секој човек знае да најде заеднички јазик и на секаков начин да се изјасни. Најчесто тој начин е совршено едноставен, со што не ги заморува луѓето да ја читаат или слушаат. Нејзините ставови се секогаш толку јасни, толку цврсти и толку издржани, што не даваат простор за понатамошна дискусија.
Сето тоа за неа ми кажува дека е многу едноставна личност со многу животни искуства од кои научила доста, многу добро изграден карактер, подвижна литература и едноставно прекрасна девојка.
Во животот, сум добила впечаток дека ужива толку колку што реално може - ни повеќе ни помалку. Се радува и знае како да ги прифати убавите работи, а тагува и знае како да сочувствува со лошите. Не е човек што може неконтролирано да се изгуби во својата среќа, а ни човек кој би западнал во депресија од проблемите и несреќите. Имам заклучено и дека не е егоцентрик, кој по секоја цена се става себе си на прво место. Храбра е доволно за да се избори за тоа што го сака и и` припаѓа, но не ги занемарува и повредува другите на патот до својата цел.
Нејзината комуникативност, отвореност и живост се неодоливи карактеристики за околината. Со тоа стекнува безброј познанства, од кои голем дел (се надевам) завршуваат со искрени другарства. Велам се надевам, бидејќи знаеме колку опаѓа процентот на вистинските другарства, па верувам дека една ваква личност тоа не го ни знае или барем помалку го доживува.
Морам да ја нагласам и нејзината неспособност за предрасуди. Неспособност која во мои очи е поголема од секоја друга способност за било што. Но, не верувам дека таа лично тоа го смета за нејзина доблест, впрочем како и се` друго ... дел е од неа, така живее, па затоа и не и` придава посебна важност.
Љубовта кон животните на некој начин ми ја отсликува хуманоста кај човекот. Ада и тоа го има, па што повеќе и треба?
Толку разумна личност, исто можам да заклучам дека е способна за љубов и точно може да процени што е љубовта, како и дека ќе ја препознае без проблем онаа вистинската. Тогаш кога ќе се случи тоа, ќе биде повторно паметна да знае што да прави со неа, како да ја задржи, а и како да се бори за неа за да не ја изгуби, знаејќи дека не смее да си го дозволи тоа. Нема да кажам дека ќе е среќник нејзиниот принц. Среќници ќе се и двајцата, затоа што ќе си се еден на друг тоа што подеднакво го заслужуваат. Со тоа не целам кон некое совршенство ... туку да не должам и за тоа, ада ќе ме разбере.:pipi:
Голем човек е поради сите овие работи, кои се само дел од неа кој јас го гледам. Сигурно тоа што не го догледувам е уште поубаво, па затоа ми зафаќа посебно место во моето срце.

Малечка, немам за тебе ниту една, макар добронамерна забелешка. И ситуациите и нештата околу кои дискутираме на форумов, кои јас лично не ги прифаќам, ти знаеш да направиш да изгледаат поприфатливи и поубави. Да не кажувам колку многу и може да се научи од тебе ...
Остани таква и имај ги секогаш најдобрите работи, затоа што ништо помалку не заслужуваш.:smir:

п.с. Иначе, јас како голем љубител на џиџани аватарчиња и потписчиња, за големо чудо кај тебе истите воопшто не ги забележувам т.е. не им придавам значење. Не дека не се сеќавам што се си имала, но едноставно не допираат до мене покрај твоите мислења. Затоа анализава не ми се сведува на нив.:toe:
 
Crazy in love


На прв поглед ми делуваше како многу дигната и разгалена девојка,но по долги “оговарања” ,опишувања и читања постови на форум сфатив дека си поинаква и дека пребрзо донесувам заклучоци за луѓе што воопшто не се ни сомневам какви можат се` да бидат!!

Сентиментална и ранлива во врска со љубовта...Сепак достоинствено си ги решаваш проблемите и пробуваш да ја истакнеш својата оргиналност,кога сакаш ,сакаш вистински и се посветуваш целосно на личноста што тоа го заслужува!Како што гледам среќно заљубена,само да знаеш дека непромислените работи се случуваат ненадејно и неможат да се поправат,за грешките може да се извиниш и да го придобиеш со квалитетите на твојот карактер!Ако искрено вреуваш во врската и љубовта која ти ја нуди,нема место за сомнежи,само уживај во секој момент од животот!


Пријателите ги сакаш и цениш (како секој нормален човек),спремна за нови познанства секогаш и во секое време.Сакаш да се напиеш мерачки кафенце со најблиските од сабајле и да не дојде до расправии дома за да ти тргне денот...:pipi:

По сите постови гледам дека си една паметна,културна и интелегентна девојка која цели кон нешто и гледа да го исполни,но сепак нејзиното секојдневие и живот не би биле интересни и не би се чувствувала среќно ако ја нема љубовта од најблиските...што и стојат како потпора!

За некој негативни особини не сум упатена и не ги заприметувам ама има време да ја поправам анализава:smir: И нејкам да испадне само те фалам зошто стварно не гледам нешто што би било негативно кај тебе.

Толку од мене од досегашното непознавање....сигурно ќе имам прилика да те запознаам зошто сакам,а мислам дека и ти сакаш.Мислам дека си една ведра особа спремна за добар помин и сакам такви позитивни луѓе како тебе...:smir:


П.с. Ако згрешив некаде во анализава ти давам за право да ме поправиш ама да не ме критикуваш многу!!!:pos:


Се надевам ќе ти се допадне:back:



:kajg:
 
кики

Мило и симпатично девојченце, кое секогаш мислам дека има највеќе 18 години, бреј незнам зошто, а тука е брат и да се степа и одма и ги кажува годините:)
Многу голем емотивец, дури и кога не треба...Треба да работиш на тоа да не ти се главен фактор во се.. Или бар не ги покажувај пред секој, ќе ги користат нив за да те повредуваат....
Премногу си нафрлена по хигиената, се сакаш да е наместо:)
Преокупирана со парчињата облека, што е и нормално за твоја возраст...
Се на се, интелигентна и паметна девојка , која сонува за својот принц на бел коњ...Не се секирај, секој покрај тебе ќе биде принц:)
Имаш мила душа, секогаш си насмеана, голем другар, знаеш да сакаш и почитуваш...
Мој совет, не ги користи фарбите, остави на природниот изглед и убавина која ја имаш:)
Среќно во новата:)
 
Lady животна желба ми е ти да ме анализираш. :smir:

очекувам ... во најскоро време ...
 
Штом се работи за живот, не си играм играчки, ќе биде:)
 
Lady

Мислам дека се зачленивме истовремено на форумов. Ми остави впечаток уште првиот пат кога прочитав пост од нејзе, и тогаш заклучив дека токму праведно си го зела никот Lady...зошто тоа и е.

Прво што се забележува е дека е личност со изградени ставови. Нормално со оглед на фактот колку ги сака правдата и редот и колку се грижи за нивно одржување. Твојата толеранција сепак има граница, ама ти таа граница ја спушташ многу ниско. Брзо се лутиш, но и брзо ти поминува лутината. Ако забележиш дека нешто се коси со твоите ставови, рипаш и ги браниш се дури не се дојде на твоето.

Женствена, ја сакаш убавината, а сепак си премногу едноставна. Иако мислам дека уживаш во раскошот. И најискрено се изненадив пријатно кога видов твоја слика во галерија. Сепак не те сметав дека изгледаш како бунтовник. Знам дека постојат многу работи кои сакаш да ги смениш, но не се зависи од тебе.

Lady ако продолжам вака ќе нема крај на анализава. Затоа само ќе кажам дека си премногу шармантна личност. Ќе ти посакам и се најубаво понатаму, ама запомни дека сите треба да се трдат за да се изменат работите. Не зависи се од тебе, иако премногу труд вложуваш.:back:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom