Tina89
Почнуваме со аватар. Една слика која во преден план ја става девојката. Се во позадина е онака - замаглено. А напред е таа, со наведната глава, покорна убавина и тага. Една романтична душа која жртвовала многу за љубовта и добила - само тажен поглед. Замаглувањето во позадината и предниот план за девојката (Адриана Лима?) исто асоцира на уште една работа: Тина е личност која се обидува сама да помине покрај се. И кога и е тешко, тоа го чува во себе, и кога е среќна, не остава другите да допрат до нејзината среќа. Можеби не е тоа себичност, едноставно не верува на светот. Страв и е да искаже чувства, плашејќи се да не биде повредена, страв и е да ја искаже тагата, плашејќи се некој тоа да го искористи против неа, страв и е да ја покаже среќата - плашејќи се од сите злобни луѓе кои не можат да гледаат во останатите, оние кои се разбудуваат и си легнуваат со насмевка на лицето. Пред се аватарот искажува некоја совршена убавина, но проследена со тага...
Don't touch what you can't grab! - Многу провокаторска мисла, осносно дел од песна на Еминем
Провокаторска но од друга страна, и охрабрувачка. Тоа ја прави Тина девојка која сака личности кои имаат цврсто изградени ставови. Личности кои имаат свое јас. Оваа порака им ја испраќа на оние другите - оние кои не веруваат во себе. Нив им порачува дека доколку не можеш да успееш да го добиеш нејзиното пријателство, љубов... не се ни обидувај да допреш до неа.
И со потписот пак се враќа на она песимистичкото размислување од аватарот. When you're right, no one remembers. When you're wrong, no one forgets. Не бе Тина. Кога си во право луѓето паметат. Ги паметат добрите работи. Можеби сме во такво лошо време кога секоја туѓа грешка само не прави да размислуваме дали ние сме погрешиле. Остави го Марфи и неговите е*ени закони. Го мразам типот, го мразам неговиот песимизам, и неговата преголема доза на иронија. Пробај и кога грешиш тоа да го поправиш со добри дела. Не ставај во преден план - што другите велат. Луѓето зборуваат се и сешто. Срцето зборува она што е од тебе.
Моралот е оној баланс кој треба да ги одржува двете работи на хоризонтална линија од вагата. Не дозволувај онаа страната на останатите мислења да натежне. Тогаш твојата слабост ќе ја чувствуваат мршојадците. Само насмевни се, и верувај во себе....
Ни во постовите не се искажуваш многу. И тие ти се малку позатворена варијанта од она што си. Одвреме навреме ќе напишеш нешто лично за себе, па оставаш онака да помине еден период. Со текот на времето се менуваш. Иако лично не искажуваш што е причината, секогаш може да се забележи кога си среќна кога си тажна кога си рамнодушна. Најчесто во постовите (ги ислучувам оние во играчница) имаш скриена порака, упатена кон некој. Последно секој може да забележи дека имаш многу песимизам внесено. Додаваш некои мисли негативности за љубовта, иако сеуште веруваш во неа. Го сакаш тоа чувство (па кој и не го сака) да почувствуваш искрена љубов, да дојдеш до еден степен на заљубеност, и тоа чувство да ти биде возвратено.
Значи на крај еден совет: Верувај во љубовта, верувај во себе... тоа е најголемиот успех, најголемата среќа