Ако утре има протест на ,,нивните'', џабе ќе чекате реакција на полицијата. Умреа тие времиња, надворешниот фактор ги држи како поларни мечки, затоа излегуваат на протест и земаат сила.
Џабе се нервирате дечки, политичарите не упропастија за навек, исто како и нивните сојузници кои ни го докопуваат гробот, полека но сигурно. Мислите ли дека цајканите не знаат дека тепаат деца, кои што излегле на протест во чест на нивните загинати другари? Знаат, ама наредба е наредба. Такви беа и наредбите во 2001, всушност од тогаш па до ден денес, работите се одвиваат во таа насока. АРМ и МВР во 2001 година беа понижени од политичарите, загинаа невини војници. Како тоа да беше малку, денес им газат по гробовите, немајќи муда да се спротистават на еден ебан Таљат за министер.
Ама така е, едните (сдсм) се ситат на оваа одлука, од причина Грујо да добие минус поени кај народот, а другите (дпмне) што е најжално бараат оправдување во оваа одлука со познатиот аргумент ,,во ваше време беше заменик''.
Во меѓувреме некој си работи за својата кауза. Ама не, народот тоа не го гледа, политичарите си виткаат кичма и си полнат џебови. Кога ќе подразмислам убаво и објективно, ние не заслужуваме да имаме држава. Зошто? Погледнете како страдаат Палестинците за нивното парче земја...