VoniVaraS
Искусен :)
- Член од
- 20 април 2009
- Мислења
- 543
- Поени од реакции
- 328
Во секоја општина има подрачни единици (најчесто една канцеларија) од сите министерства.Дај подобјасни каде треба точно да се оди во општина, во кое одделение, сектор. Што треба да им кажеме на теткиците што работат таму за да не ни бараат 200 грама кафе?
Лично сметам дека протестите треба да се стават во мирување, прашањето е пренесено на институциите на системот и треба да се чека одговор од истите.
Во канцеларијата на министерството за правда или соседната на ДИК (државна изборна комисија) ќе има посебни обрасци на кои што треба да се напише име презима матичен број и своерачен потпис. На вратата ќе има залепен лист со известување од типот „Собирање на потписи за иницијативата...“
Овие 100 потписи беа само за да се одобри иницијативата сега е битно да се соберат овие 10 000.
Ќе може се потпишете во сите општини низ државата, но тоа мора да ви е местото на живеење односно да ве има во избирачкиот список од соодветната општина. Избирач од Берово на пример го нема во избирачки список во општина Дебар, ме разбирате.
За да ја најдеш соодветната канцеларија ќе си прашаш на пријавница. Ја наоѓаш канцеларијата, тропаш на врата „добар ден, добар де, јас дојдов да се потпишам“. Тетката во мојот случај девојката те пронаоѓа во избирачкиот список (според матичен број) и ти го подава листот. Се потпишуваш, фала многу пријатно и завршена работа. Доволно јасно или треба уште ојаснување.

Протестите не е пожелно да се стават во мирување туку напротив треба да се омасоват. Секојдневно се зголемуваат цените на енергенсите, денес поскапе пак бензинот на пр. Ако не се врши “притисок“ процедурата може да се одолговлечи до бескрај, не локални, може следни парламентарни и нов состав да дочека ако не се притиска. Ако ви е убаво со поскапувањава седете дома и чекајте да се смилуваат од парламентот и да покажат интерес за реалните проблеми на луѓето.
Иницијативата за законов е поодамна покрената низ институциите но сеуште не е ставена во процедура на расправа. Со собрани 10 000 потписи како подршка, ќе се бара во предложените измени на законов да влезат и барањата на здружението АМАН. Без овие потписи кој ќе ги обврзе пратениците во комисиите да дебатираат по овие барања???
Без протести како ќе се анимираат и запознаат граѓаните да ја подржат иницијативата за собирање на овие потписи???
Со целосна изолација од медиумите, не одделуваат ни време колку да известат за протестот не па да направат прилог и да пуштат некоја изјава од собраните граѓани.
Потребно што помасовно собирање во саботите и се поголемо залагање на сите кои што ја подржуваат оваа иницијатива која не засега сите. Скапотијата не бира пол, националност, вера или политичка припадност.
Не е доволна само виртуелна подршка туку и физичка, со присуство на протестиве. Протестиве се мирни, не насилни и со конкрето посочени проблеми и институции кои треба да ги решат тие проблеми на граѓаните. На овој протест и иницијатива не е можно да и се залепи етикета “политичка позадина“ бидејќи скапотијата не е политичка платформа на ниедна партија.
На овој протест не е можно да се организира контра протест. Кој будала ќе протестира „Сакаме да платиме“

ДОЈДЕТЕ СЕКОЈА САБОТА во 12.00 ч. на плоштадот пела, пред регулаторна енергетска комисија (веднаш до порта Македонија).