Протести против поскапувањата на струјата, парното, бензинот...животот! [вторник, 18 ч.]

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Да али во најголем дел е застарена и потребна е комплетна обнова посебно во помалите градови.

На почетокот ќе почнат да губат градови од југот најверојатно,а со време ќе има едно 5-6 компании кој контролираат различни региони и сите се натпреваруваат меѓу себе.

.
Се сомневам во тоа дека може да има конкуренција во дистрибуција на ЕЕ. Во производство може ама во дистрибуција тешко.
 
Член од
15 октомври 2012
Мислења
193
Поени од реакции
49
Верувале или не, има луѓе у државава на кои им е до курца све што се дешава. Тие луѓе решија да се соберат на еден ивент на фејсбук и да го кренат гласот против последната лудост што му се случи на народов... Поскапувањето на струјата (по илјадити пат) и укинувањето на дневната ефтина струја. Оваа одлука што Регулаторна комисија така ноншалантно си ја одобри (пошто се „независни“ и пошто „не се поткупени“) ја прели чашата на просечниот македонски граѓанин кој веќе е принуден да плаќа парно кое не го користи, храна по цена на онаа во западните европски држави каде стандардот е двеста пати над нашиот, и бензин чија цена веќе го подзамисли тој граѓанин за корисната улога на ЈСП...

Во последните 8 години, струјата е поскапена за неверојатни 74%. Во август 2006 цената на киловат/час беше: скапа тарифа 2,40, а ефтина - 1,20 денари. Сега цените се 4.18 за било кое време од денот, а ефтина тарифа не постои!

Просечен македонски граѓанин, кој живее во трособна куќа и се грее на струја, зиме ќе добива сметки од ЕВН во просек од 9.000 денари. Исто толку пари ќе троши во месецот ако сака да се прехранува себеси и уште два члена од семејството, и плус ако штедат на велико. Кола овој граѓанин ќе може да си дозволи само ако зема над 400 евра плата, што во оваа држава е вистинска реткост!

Државните статистики ни даваат симпатична бројка од околу 20.000 која ја нарекуваат „просечна македонска плата“. Има една заебанција со вадењето просек, а тоа е што просекот е средната вредност и никако не ја дава правата слика за ситуацијата. Па така, кога ќе се соберат 10% луѓе што земаат над 30.000 денари плата, и 90% луѓе што земаат под 30.000 денари плата, ете ти ја таа симпатична бројка. Реалноста е дека просечен човек во државава е среќен ако најде работа за 20.000, а е многу поверојатно да работи за 9 или 12.000 плата.

Ова е лудило! Ако дозволиме и овој пат цената да падне, ако повторно си потврдиме каков апатичен и безрбетен народ сме, ќе ни дојде крајот.

На горе споменатиот ивент на ФБ луѓето се договорија јавно да се состанат (пред Мајка Тереза споменикот) и заедно да одлучат како ќе постапат по ова прашање. Составија барања и договорија датум за почетен протест. Протестот нема да биде еднодневен и да заврши како 5 минутен спектакл на вести, како вообичаено, туку ќе се одвива секоја недела, а во меѓувреме други методи на борба и притисок врз надлежните ќе бидат употребени.

Барањата се следните:
1. Да се укине ставката ангажирања моќност од 33%
2. Да се врати евтина дневна тарифа
3. Да се врати цената на струјата на ниво од 2008 година.
4. Да се запре со приватизација или докапитализација на целиот енергетски сектор кој е во сопственост на Република Македонија
6. Да се инвестира во одржливи извори на енергија (соларна и геотермална енергија, енергија на ветер и др.)
7. Итно да се повлече новиот правилник на Топлификација
8. Да се врати цената на парното на ниво од 2008 година.
9. Да се намалат цените на горивата во согласност со стандардот на живеење.

ПРОТЕСТОТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 14.08. (ВТОРНИК) ВО 18:00 ЧАСОТ ПРЕД РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА. Регулаторна се наоѓа во зградата на ЕВН позади Триумфалната капија ( Порта Македонија, или како и да ја крстија).

Ова не засега сите!! Богати и сиромашни, од сите градови, од сите националности, од сите вери. Ни ја дерат кожата на мртво и ние си молчиме!

Да излеземе сите и да покажеме достоинство!

линк до настанот на ФБ: http://www.facebook.com/events/397646086963888/400514620010368/?ref=notif&notif_t=plan_mall_activity
--- надополнето: Aug 12, 2012 4:19 AM ---
r
--- надополнето: 16 октомври 2012 во 17:18 ---
ISTIOT GAZDA OD EVN DOBI TENDER VO ROMANIJA JAZAPOCNA ISTATA PESNA KAKO VO MAKEDONIJA NOTAMU SOBENZIN GO ZAPALIJA SO HELIKOPTER SE SPASI IDOJDE KAJ NAS TAKA TREBA DAMU NAPRAIME INIE TOGAS KEJA SPUSTI CENATA
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055

Само човековата глупост е бесконечна.
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Барањата се следните:
1. Да се укине ставката ангажирања моќност од 33%
2. Да се врати евтина дневна тарифа
3. Да се врати цената на струјата на ниво од 2008 година.
1-2-3= Сакаме помалку да плаќаме - Ова е некое нова откритие на „генијалците“ од Аман
4. Да се запре со приватизација или докапитализација на целиот енергетски сектор кој е во сопственост на Република Македонија
:confused: Зошто?
6. Да се инвестира во одржливи извори на енергија (соларна и геотермална енергија, енергија на ветер и др.)
:confused: Тие се поскапи а сакате поефтино во 1-3 апсурдно
7. Итно да се повлече новиот правилник на Топлификација
8. Да се врати цената на парното на ниво од 2008 година.
9. Да се намалат цените на горивата во согласност со стандардот на живеење.
7-9 Повторување на 1-3
Во основа 6 точки кој се чисто повторување на една крајно очигледна работа. Плус 2 целосно контрадикторни барања со останатите 6 точки. 5 точка 5 фали :confused:

Барањава се малку приглупи површни и необсмислени...Мизерија...
Поради овие смешни барања не ги подржувам протестите.
 
Да видиш како собираат само народ.Циганине од топаана имаат проблем со ЕВН од тоа што јас ги разбрав дека саатите им ги извадиле надвор на тротоар и целата инсталација им виси над тротоар и е ризик искрено.

И типциве им викаат ОК соберете се сите колку можете ќе протестираме против ЕВН.

5/10 се партиски војници,3/10 се од левичари/анархисти,1/10 се луѓе со добри намери и 1/10 немале што да прават тој ден.

За неколку недели ќе почне студот да гризе и протестот ќе биде готов,резултати = 0.

.
--- надополнето: 16 октомври 2012 во 18:01 ---
Дај ти формулирај ги да не бидат површни.

Ваков одговор може ќе ти беше ОК во 9/10 случаи али имав идено кога неколку дечки пробаа да ги сменат барањата и се беше сведено на "Веќе ги направивме барањата нема што да бидат мењани ние сме туку да изразиме револт,државата нека си најде решение".

Еден се сеќавам кога се збореше за горива кажа "Акцизи,даноци и такви останати глупости се само начин на капиталистите да ни го одвлечат вниманието и да не отргнат од глупоста другари ( да на сите се обраќаше со другари )" при што освен едно 3-4рица сите почнаа да климаат и да се согласуваат.

.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Важно! Важно! Важно!
За понеделник 29. 10. 2012. закажана е 45. Седница на Собранието на РМ Како втора точка е ставена интерпелацијата на претседателот на Регулаторна:
http://www.sobranie.mk/ext/sessiondetails1.aspx?id=98d42cc6-fe55-454d-bdd7-c6601d25eb75
Еве го дневниот ред:
Понеделник, 29 октомври 2012 година
ЧЕТИРИЕСЕТ И ПЕТТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕ НА Р.МАКЕДОНИЈА
Седница бр.45 на Собрание на Р.Македонија, закажана на 29.10.2012 год. во 11:00 часот

Дневен ред:
2. Интерпелација за работењето на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика;
Поднесен од: Радмила Шекеринска Јанковска, Гордан Георгиев, Наташа Савова Салковска, Игор Ивановски, Тања Томиќ, Ана Павловска Данева, Оливер Спасовски, Горан Минчев, Благоја Стојановски, Самка Ибраимоски, Драгиша Милетиќ, Марјанчо Николов, Маринела Тушева, Емилијан Станковиќ, Билјана Казанџиска, Миле Андонов, Голупчо Ангелов, Станка Анастасова, Андреј Петров, Панче Орцев, Горан Сугарески, Цветанка Иванова, Саве Марачков, Светлана Мазгалоска Вучетиќ, Борче Ставров, Јани Макрадули, Весна Бендевска, Митре Велјаноски, Ердоган Сарач, Дивна Јовковска Ефтимоска, Менде Диневски, Стојко Пауновски, Тито Петковски, Ивон Величковски, Горан Мисовски, Соња Мираковска, Николче Ацевски, Рејхан Дурмиши, Фијат Цаноски, Ленче Николовска, Мевмет Џемајлоски, Сафет Бишевац
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Денешниот Протест се одржа во најдобар ред. Новина е што денес палевме свеќи пред Регулаторна и пред ЕВН.
Следната сабота пак ќе протестираме - лопови,лопови,лопови
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
И вчера палевме свеќи, поради очигледно доброто работење на ЕВН.Се јавуваш на контакт центар и снимена порака пуштиле :
- Поради пад на системот, прекин на снабдувањето со електрична енергија имаме во Охридско - струшкиот регион, Преспанско - пелагонискиот и дел од Дебарскиот регион.

Да им палат свеќи на главните таму
:mad:

Плус:
Жичницата на Водно остана без струја: рекреативците дваесетина минути виселе во воздух
Жичницата на Водно денеска напладне беше во краток застој од дваесетина минути затоа што снемало струја.

Сега се е во ред и граѓаните кои се рекреираат на Водно не треба да стравуваат дека станува збор за каков било дефект затоа што застојот се случил поради прекин на снабдувањето со струја, смируваат надлежните. Во моментот кога снемало струја во 12,10 часот во неколку гондоли имало рекреативци. Во исчекување во воздух останале до 12,35 минути кога жичницата продолжила нормално да работи.
„Жичницата е побезбедна отколку пеш да одите по Водно. Нема место за паника. Не станува збор за дефект, туку за краткотраен недостиг на струја. Жичницата има тројна заштита и е безбедна “, вели раководителот на жичницата „Милениумски крст“.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.863
Што е ова што прочитав дека биле прифатени некои барање на „АМАН“ и дека ќе се менувал Закон за енгергетика нешто. Како бонус оставка си дал и Чинговски
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Што е ова што прочитав дека биле прифатени некои барање на „АМАН“ и дека ќе се менувал Закон за енгергетика нешто. Како бонус оставка си дал и Чинговски
Ќе оди како Амбасадор во Јапонија а за остатокот мислам дека се деинформации.
 
VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Што е ова што прочитав дека биле прифатени некои барање на „АМАН“ и дека ќе се менувал Закон за енгергетика нешто. Како бонус оставка си дал и Чинговски
Беа потребни да се соберат 100 (се собраа 111 за еден ден) потписи за да се покрене иницијатива за собирање на 10 000 потписи, со кои ќе се отвори дебата во собрание за измени и дополнување на законот за енергетика.
Од следната недела најверојатно во подрачните единици на министерството за правда низ општините во државата ќе се собираат потписи. Треба за 3 месеци најкасно да се соберат 10 000.
Кога ќе почне собирањето појдете до општина и потпишете се. Лесно е не боли :) ти треба само лична карта или пасош за идентификација.

Чинго не си оди поради ова туку си најде побоље место изгледа. (наскоро амбасадор)

И да прашам каде се членовите кои на почетокот беа редовни на протестиве???
Пишуваа тука се жестеа и сеа ги нема.
Минатата сабота бевме 50-на оваа сабота едвај 30-на.
Протестот е секоја сабота во 12,00 за нинформираните.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Кога ќе почне собирањето појдете до општина и потпишете се. Лесно е не боли :) ти треба само лична карта или пасош за идентификација.

И да прашам каде се членовите кои на почетокот беа редовни на протестиве???
Пишуваа тука се жестеа и сеа ги нема.
Минатата сабота бевме 50-на оваа сабота едвај 30-на.
Протестот е секоја сабота во 12,00 за нинформираните.
Дај подобјасни каде треба точно да се оди во општина, во кое одделение, сектор. Што треба да им кажеме на теткиците што работат таму за да не ни бараат 200 грама кафе?

Лично сметам дека протестите треба да се стават во мирување, прашањето е пренесено на институциите на системот и треба да се чека одговор од истите.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Што е ова што прочитав дека биле прифатени некои барање на „АМАН“ и дека ќе се менувал Закон за енгергетика нешто. Како бонус оставка си дал и Чинговски
Предлог за Измени и дополнувања на Законот за енергетика најдов на страницата на Министерството за економија. Тој Предлог е од јули и нема врска со Протестите на АМАН
http://economy.gov.mk/ministerstvo/sektori_vo_ministerstvo/sektor_za_energetika/3409.html
Можете да го погледате - таму нема ништо што ние бараме
--- надополнето: 22 октомври 2012 во 20:45 ---
Лично сметам дека протестите треба да се стават во мирување, прашањето е пренесено на институциите на системот и треба да се чека одговор од истите.
Јас пак сметам спротивно - Протестот АМАН неопходно е да продолжи.
За да се укинат 33%, доволно е регулаторна да донесе нов правилник. А сега тие 33% се наплатуваат по правилник од 1982. А регулаторна „ не мрда “,
Единствено, за нас значајно, е интерпелацијата на председателот на регулаторна следниот понеделник.
( председателот и регулаторна - ги напишав намерно со мала буква )
 
Kajgana Shop

На врв Bottom