Верувале или не, има луѓе у државава на кои им е до курца све што се дешава. Тие луѓе решија да се соберат на еден ивент на фејсбук и да го кренат гласот против последната лудост што му се случи на народов...
Поскапувањето на струјата (по илјадити пат) и укинувањето на дневната ефтина струја. Оваа одлука што Регулаторна комисија така ноншалантно си ја одобри (пошто се „независни“ и пошто „не се поткупени“) ја прели чашата на просечниот македонски граѓанин кој веќе е принуден да плаќа парно кое не го користи, храна по цена на онаа во западните европски држави каде стандардот е двеста пати над нашиот, и бензин чија цена веќе го подзамисли тој граѓанин за корисната улога на ЈСП...
Во последните 8 години, струјата е поскапена за неверојатни 74%. Во август 2006 цената на киловат/час беше: скапа тарифа 2,40, а ефтина - 1,20 денари. Сега цените се 4.18 за било кое време од денот, а ефтина тарифа не постои!
Просечен македонски граѓанин, кој живее во трособна куќа и се грее на струја, зиме ќе добива сметки од ЕВН во просек од 9.000 денари. Исто толку пари ќе троши во месецот ако сака да се прехранува себеси и уште два члена од семејството, и плус ако штедат на велико. Кола овој граѓанин ќе може да си дозволи само ако зема над 400 евра плата, што во оваа држава е вистинска реткост!
Државните статистики ни даваат симпатична бројка од околу 20.000 која ја нарекуваат „просечна македонска плата“. Има една заебанција со вадењето просек, а тоа е што просекот е средната вредност и никако не ја дава правата слика за ситуацијата. Па така, кога ќе се соберат 10% луѓе што земаат над 30.000 денари плата, и 90% луѓе што земаат под 30.000 денари плата, ете ти ја таа симпатична бројка. Реалноста е дека просечен човек во државава е среќен ако најде работа за 20.000, а е многу поверојатно да работи за 9 или 12.000 плата.
Ова е лудило! Ако дозволиме и овој пат цената да падне, ако повторно си потврдиме каков апатичен и безрбетен народ сме, ќе ни дојде крајот.
На горе споменатиот ивент на ФБ луѓето се договорија јавно да се состанат (пред Мајка Тереза споменикот) и заедно да одлучат како ќе постапат по ова прашање. Составија барања и договорија датум за почетен протест. Протестот нема да биде еднодневен и да заврши како 5 минутен спектакл на вести, како вообичаено, туку ќе се одвива секоја недела, а во меѓувреме други методи на борба и притисок врз надлежните ќе бидат употребени.
Барањата се следните:
1. Да се укине ставката ангажирања моќност од 33%
2. Да се врати евтина дневна тарифа
3. Да се врати цената на струјата на ниво од 2008 година.
4. Да се запре со приватизација или докапитализација на целиот енергетски сектор кој е во сопственост на Република Македонија
6. Да се инвестира во одржливи извори на енергија (соларна и геотермална енергија, енергија на ветер и др.)
7. Итно да се повлече новиот правилник на Топлификација
8. Да се врати цената на парното на ниво од 2008 година.
9. Да се намалат цените на горивата во согласност со стандардот на живеење.
ПРОТЕСТОТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 14.08. (ВТОРНИК) ВО 18:00 ЧАСОТ ПРЕД РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА. Регулаторна се наоѓа во зградата на ЕВН позади Триумфалната капија ( Порта Македонија, или како и да ја крстија).
Ова не засега сите!! Богати и сиромашни, од сите градови, од сите националности, од сите вери. Ни ја дерат кожата на мртво и ние си молчиме!
Да излеземе сите и да покажеме достоинство!
линк до настанот на ФБ:
http://www.facebook.com/events/397646086963888/400514620010368/?ref=notif¬if_t=plan_mall_activity
--- надополнето: Aug 12, 2012 4:19 AM ---