...Пијем да заборавим.
Во Шпанија денес и полицијата се приклучи кон демонстрантите. Тој народ навистина знае да протестира, гореше Барселона. За Грците да не ни зборам, секој ден се на улица.
Генералниот штрајк во 23 земји во ЕУ, Европскиот народ се обединува, нас се ни е рамно, се ни е погодено, абе алал да ни е еј.
Те разбирам комплетно, но сепак забораваме од каде сме и кои сме. Да ги изброиме оние кои се вработени во државната администрација, да ги изброиме и сите униформирани лица кои се партиски влезени а потоа на тој круг додај ги и нивните фамилии. Тоа е многу народ кој не ни помислува да се побуни.
Ете денес читам ќе имала право полицијата дома да ти влезе ако се посомнева дека работиш против државата.
Ние сме Америка поголема и од самата Америка!
Одамна прекинав со тие заблуди дека можам нешто да сменам откако убаво си го добив и тоа од тие кои до мене „стоеа“. Па погледнете сите само колку луге од ОХИС штрајкуваат пред влада. 800 души ги има, а пред влада едвај 50тина.
Ви посакувам да успеете и навистина браво за оние кои истрајно и до крај ги тераат работиве, мене животов и темпово едноставно не ми дава, а искрено и доста ми е да го јадам на студот за да го на*бам пак.