НЕМА ПЛАЖА,НЕМА МИР
Уникатен народ и држава сме! Нема дилеми.
Имено, не постои во историјата на човештвото, во пописот на сите големи и мали револуции – протестирачите, револуционерите, борците, активистите да одмараат за празници и викенди!!! Да бидат со реј бани и маникири. Со фризури и накит. Со гардероба и добра (скапа) пијачка по протестите.
Замислете Американската револуција (1765-1783) кога 13 колонии ја отфрлија Британската монархија?!
Замислете ја Француската револуција (1789-1799)?!
Или замислете ја Октомвриската револуција (1917), замислете ги Ленин, Троцки и Дубенко ?!
Замислете ја НОБ?!
Замислете ја Кубанската револуција со Фидел и Че?!
Замислете ги тие револуции каде револуционерите се оптегачени во ресорти на Халкидики, раскупувани по бутици во Солун, алкохолизирани во таверни со бузуки, ѕаѕики, малиџано и октоподиа?!?!?!
А, пак ќе кажам. Молете му се на бога, палете свеќа секој ден, што на чело на ВМРО е трпеливиот, тактичниот, мирољубивиот, неагресивниот Никола Груевски, спремен христијански да простува секому и за сешто.
Било кое друго кадровско решение во таа партија…, ај да не продолжам со пишување. Ќе биде не говор на омраза, ами ПРЕСУДА. КОНЕЧНА. Бетонскоплочна.